ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
2ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
3Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
ЗабаваЗавидливата полусестра повторно и се нафрли на Меган Маркл Саманта Маркл на социјалните мрежи објави нови навреди за својата полусестра , Меган маркл , војвотката од Сасекс.Таа посебно била изнервирана од написот во магазинот Пипл , каде ја фалат Меган , во кој пријателите на војвотката зборуваат дека не е нарцисоидна и дека не ги малтретира сите околу себе. На тоа Саманта одговори дека написот е лага и на Пипл му порача да не објавува лажни вести. Таа се закани дека има бројни пораки и сметки што ќе го докажат спротивното. На коментарите по објавата , Саманта одгвори дека Меган е опкружена со луѓе кои се грижат за нејзините настапи и затоа сите информации што се позитивни за неа , се лажни. ,,Ако нарцисот е доволно богат , тогаш плаќа многу скапа ПР служба , кои ја менуваат перцепцијата.” , напиша Саманта во одговор на некои од коментарите. Оваа недела полусестрата на Меган ја обвини војвотката дека неправедно ги прекинала сите односи со нивнот татко , кој направил се за Меган , а таа е неблагодарна. ,,Меган дели храна на проститутки , а не може едно благодарам да му каже на нашиот татко” , напиша Саманта , која ја коментираше хуманитарната акција на Меган од пред неколку дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ФудбалБаерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенотГерманскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата. Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих. Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал. Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот. Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна ГораВладината прес служба информира дека Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре, 22.10.2026 година (четврток) ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна ГораВладината прес служба информира дека Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре, 22.10.2026 година (четврток) ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија. На настанот Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот. Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!За да преживее семејство со минимални трошоци со т.н. синдикална кошница за октомври се пробија историски рекорди кои достигнаа 70.358 денари, а за семејствата што живеат под кирија трошоците за гол опстанок се искачија на застрашувачки 85.733 денарДодека Владата секојдневно дефилира со соопштенија за „рекорден раст на економијата“ и наводно подобрена куповна моќ, реалноста зад затворените врати на македонските домаќинства е сурова преживувачка. Се соочуваме со рекорден раст на трошоците а не на економијата! Прашањето е едноставно и боли: колку семејства денес во Македонија можат да го поминат месецот без да влезат во нов брз кредит, без да се одречат од основни потреби или без да молат за помош од родители и пријатели Посебно е иритирачки што владината потрошувачка кошничка и синдикалната пресметка се разликуваат за нереални 10.200 денари. За премиерот и министрите тоа е само прашање на сува методологија и бројки на хартија, но за обичниот човек тоа се 10.000 денари помалку за храна, лекови, сметки и основни потреби што драматично недостигаат на крајот од месецот. Економската успешност не може да се мери со непоткрепени владини математики, додека граѓаните секој ден ја мерат реалноста преку шокантните цени во маркетите и празните банкарски сметки. Џабе се повикува власта на проценти за раст на платите и ублажена инфлација, кога суштинскиот одговор го знае секој граѓанин: трошоците растат побрзо од платите и тие не се доволни за достоинствен живот. На Македонија не ѝ требаат оптимистички прес-конференции и економски бајки, туку итни и конкретни решенија — реален раст на минималната плата, вистинска заштита од ценовните шокови таргетирано за македонските граѓани и замрзнување на маржите за да се сопре дивеењето во продавниците. Нашите предложени таргетирани мерки се одбиваат иако се имаат покажани успешни во други земји. Ребалансот на буџетот кој Владата го достави до Собранието ниту дава краткорочни ниту долгорочни решенија, напротив покажува немање капацитет за справување со сериозните ризици. Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува дека нема потреба Владата да се самозалажува со сопствените розеви пресметки. Животниот стандард не се крева со раскажување приказни од владината книга за бајки, туку со реални пари што на крајот од денот мора да останат во џебот на граѓаните!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter