Затворена манифестацијата Вевчанско лето 2022 - Канал 5

Затворена манифестацијата Вевчанско лето 2022

Со настапот на Хорот на Базелската катедрала, синоќа се затвори манифестацијата Вевчанско лето 2022 што се одржуваше од 15 јули.

Затворена манифестацијата Вевчанско лето 2022

Со настапот на Хорот на Базелската катедрала, синоќа се затвори манифестацијата Вевчанско лето 2022 што се одржуваше од 15 јули во организација на Здружението за афирмација на туризмот, културата и културното наследство – Вевчани Турист Инфо, под покровителство на Општина Вевчани.

Хорот на Базелската катедрала е еден од најуспешните во Швајцарија. Одржуваат многубројни концерти во државата, но и надвор од земјата. За нивната успешност говорат и бројните проекти и соработки со светстки познати музичари и музички групи. Меѓу нивните најзначајни турнеи е турнејата во Јужна Африка каде што во текот на две недели одржале многу концерти во градови од Јоханезбург до Кејп Таун. Диригент на хорот е Оливер Рудин, а за сценската изведба е задолжен Даниел Рафлауб.

Во рамки на манифестацијата повеќе од еден месец Вевчани беше мегдан на богати музички, културни и спортски збиднувања.

-Важноста од култура и културни настани за нашава населба ја препознаа членовите и основачи на здружението Вевчани Турист Инфо кое е формирано и основано уште во 2011 година од угостителско-туристички работници во Вевчани и токму тие во интерес на развојот на туризмот, уметноста и побогат културен живот во населбава овозможија здружението Вевчани Инфо Турист да биде носителот и организаторот на Вевчанското лето. Искрено им благодарам на членовите и основачи на здружението: Владимир Алулоски, Наташа Богоеска, Тошо Чочороски, Јованка Кукоска, Тони Костојчиноски, Андре Попески и Дарко Чочороски, истакна градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Вевчанското лето се отвори со монодрамата „Кармен “ на Билјана Драгичевиќ Пројковска во режија на Дејан Пројковски.

Од 20 јули во галериите на Мултикултурниот центар беше отворена детската ликовна изложба во рамки на првата детска ликовна школа во организација на колонијата Вевчански видувања.

За најмладите, во Домот на Култура во Вевчани гостуваше Интимен театар од Битола, со театарската претстава „Шушавко, Мајмунот и Снежната Кралица во режија на Софија Ристевска.

Младата пијанистка Аница Нелоска, заедно со нејзината соученичка Јана Блажевска и нашиот млад музичар, вевчанецот Марко Китаноски, одржаа целовечерен концерт.

Вевчанско лето го прослави и Илинден. Со свој настан насловен Ноќ спроти Илинден – вечер на етно музика и поезија, во чест на големиот македонски празник Илинден, се одржа концерт на флејтистката Невена Танеска и музичарот Теодор Бошков, придружени со стиховите на младата писателка Верица Мукоска во прекрасната природа на Вевчанските извори.

Вевчанското лето беше збогатено и со спортски настани. Трчаме непокорни и горди – Крос на поранешни и сегашни ученици на ООУ „Страшо Пинџур“ беше содржината која му даде спортски дух на Вевчани.

Во чест на непокорот на Вевчанци 7 август беше инспирација за ликовните уметници од Вевчани за Вевчани. Во Мултикултурниот центар беше отворена изложбата на вевчанските ликовни уметници: Никола Угриновски, Аница Китаноска, Марјана Костојчиноска Узунчева, Симун Лешоски, Симун Коруноски, Перо Шутиноски и Коста Костоски.

Со програмската содржина „Вечер на непокорот“ одбележавме 35 години од Вевчанскиот случај, датум кој ќе биде засекогаш запамтен во Вевчанската историја. Прикажани беа сведоштва на Драгослав Симиќ, новинар во пензија од радио Београд, за Вевчанскиот случај во 1987 година, а модератор на вечерта беше нашиот вевчанец Проф.д-р Пера Кочовиќ.

Од 15 до 19 август традиционално, по 12 пат во организација на КУД Дримкол од Вевчаниво во очи на вевчанската слава Преображение Христово, се одржа големиот фесивал на народна култура „Пображење“ – Вевчани, денови на традиција, песна, орото каде учество зедоа културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од земјава и Балканот.

За најмладите пред неколку дена гостуваа и пееја Златните славејчиња од Скопје.

Вевчанското лето заврши синоќа со Хорот на Базелската катедрала кои пристигнаа од Базел, Швајцарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хутите со пет балистички ракети ја погодија претседателската палата во Јемен (ВИДЕО)

Во ракетен напад на Хутите врз претседателската палата во јужниот јеменски пристанишен град Аден, седиште на меѓународно признатата јеменска влада, загинаа двајца припадници на безбедносните сили.

Хутите со пет балистички ракети ја погодија претседателската палата во Јемен (ВИДЕО)

Министерот за информации Моамар ал-Ерјани изјави за Би-Би-Си дека премиерот и другите министри биле неповредени кога пет балистички ракети ја погодиле палатата ал-Маашик, но многу други биле ранети.

Медиумите контролирани од Хутите објавија дека групата го нападнала „штабот на воените операции, командуван од саудиски офицери“, како и складиштата за оружје.

Хутите напаѓаат и цели во Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја поддржува јеменската влада и обезбедува воздушна поддршка на офанзивата на провладините сили против Хутите поддржани од Иран.

Како одмазда за нападите врз областите под нивна контрола во западен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана, Хутите, исто така, лансираа ракети и беспилотни летала врз аеродроми, нафтени и гасни постројки и воени бази во Саудиска Арабија.

Во саботата, во ракетен напад на Хутите врз меѓународниот аеродром во Ријад загинаа 13 лица. Тоа беше најсмртоносниот напад во Саудиска Арабија во последната деценија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска на Techmech 2026: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Саемот за пракса и вработување TECHMECH 2026 на Машинскиот факултет.

Божиновска на Techmech 2026: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Саемот за пракса и вработување TECHMECH 2026 на Машинскиот факултет, каде ги посети штандовите на компаниите и се запозна со можностите за пракса и вработување на младите инженери.

На панел-дискусијата посветена на зелената транзиција, Божиновска истакна дека обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и новите технологии се важни двигатели на индустрискиот развој и конкурентноста.

„Нашата цел не е само да произведуваме повеќе чиста енергија, туку да изградиме економија што ќе ја користи енергијата поефикасно, ќе создава поголема додадена вредност и квалитетни работни места“, нагласи министерката.

Таа ја потенцираше важноста од поврзувањето на образованието со стопанството преку практична работа, заеднички проекти и истражување, со цел младите да ги применат своите знаења и да ја градат професионалната иднина во државата.

„Младите инженери и претприемачи имаат потенцијал своите идеи да ги претворат во иновативни решенија што ќе придонесат за модернизација на индустријата и економскиот развој“, порача Божиновска.

Саемот TECHMECH 2026 овозможува директно поврзување на студентите со компаниите и отворање нови можности за професионален развој и вработување.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва научна експедиција за куче- робот, ќе ја истражува планината Ајлао (ВИДЕО)

Роботското куче M20S, развиено од DEEP Robotics, со седиште во Хангжу, учествуваше во научна експедиција за зачувување на биодиверзитетот во шумите на планините Ајлао во покраината Јунан во југозападна Кина

Прва научна експедиција за куче- робот, ќе ја истражува планината Ајлао (ВИДЕО)

„Глобал тајмс“ објави дека ова е прва примена на отелотворен робот со вештачка интелигенција во вистински научни истражувања.

Експедицијата, заеднички организирана од програмата за научна документарна литература ifeng.com и Кинеската асоцијација за научни експедиции, се фокусираше на истражување на биодиверзитетот во планините Ајлао, област позната по својата богата разновидност на флора и фауна и предизвикувачки терен.

Роботот, со тркала и нозе, се користеше во густи шуми, стрмни падини и други локации до кои е тешко или небезбедно пристапот на луѓето.

„За време на мисијата, роботот вршеше извидување на рутата, биолошки набљудувања, снимање слики и транспорт на снабдување, помагајќи им на истражувачите да собираат податоци со минимално нарушување на животната средина“, се вели во соопштението на DEEP Robotics.

YouTube video

Временските услови во оваа област во југозападна Кина можат брзо да се менуваат, со чести врнежи од дожд, магла и грмотевици, заедно со остри температурни промени, поставувајќи високи барања за сигурноста и прилагодливоста на опремата кон животната средина. Според DEEP Robotics, роботското куче LYNX M20S е дизајнирано за предизвикувачки терен и сурова надворешна употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер