Секое десетто бебе на ГАК се раѓа предвреме - Канал 5

Секое десетто бебе на ГАК се раѓа предвреме

Секое десетто бебе на Гинекологија се раѓа предвреме, а битката за живот во инкубаторот трае долго, бидејќи понекогаш се случува и да забораваат да дишат кога ќе се тргнат од апарат, но се почесто малите, но големи борци си заминуваат дома. 

Секое десетто бебе на ГАК се раѓа предвреме

Вака, со гордост во погледот, лекарите од одделот за неонатологија раскажуваат за третманот на децата кои пред време доаѓаат на овој свет, а по повод Светскиот ден посветен на прематурните новороденчиња. Годинава најмалото бебе родено на ГАК имало само половина килограм.

Состојбата е значително променета во последните години и не е како порано по две бебиња да се третираат во еден инкубатор, велат од ГАК. Сега со донации има доволно инкубатори. Македонија сега има помала смртност кај предвремено родените бебиња споредено со европскиот просек, но сепак, фалат медицински сестри.

Во моментов 40 тина бебиња се на одделот за неонатологија, но поради случаите на грип и морбили, посетата на родителите и блиските е ограничена, поради што здравствените власти апелираа на вакцинација со цел да се заштитат најранливите – бебињата кои во првата година не смеат да примаат МРП вакцина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пенков: Резултатите се и видливи и Македонија може да се премине на следната фаза

Резултатите се и видливи и Македонија може да се премине на следната фаза, а тоа е постигнување раст на БДП повисок од 4% и постепено да се зголемува.

Пенков: Резултатите се и видливи и Македонија може да се премине на следната фаза

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков, на денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет, посочи дека за да се развива држaвата не смее да има никакви ограничувања во делот на преземање мерки и активности за да се забрза економскиот развој, а како што вели и за повисоки стапки на раст, како и подобар животен стандард. Според него, тоа се оптималните економски граници кои треба да се дефинираат, а ги истакна и детерминираните проекции во Предлог буџетот за 2027 година.

„Вкупните приходи се детерминирани на 395,4 милијарди денари, а вкупните расходи на 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит 45 милијарди денари, капиталните расходи 40,8 милијарди денари, даночни приходи 223,1 милијарда, а социјалните трансфери 220,8 милијарди денари. Исплатата на пензиите е детерминирана на 123,8 милијарди денари. Растот на буџетските приходи 5,7%, а на расходите 4,8. Буџетскиот дефицит 3,5% од бруто домашниот производ. Проектираниот реален економски раст 3,8% поени при проектирана инфлација од 3,2“, рече Пенков и додаде:

„Проекцијата за растот на бруто домашниот производ за наредната година поткрепено со продолжувањето на инвестицискиот циклус во инфраструктурата, процесот на дигитализацијата, растот на платите, пензиите, модернизација на земјоделството, поддршка за младите, повеќе пари за социјална политика и сето ова почитувани мои колешки и колеги во услови на доспеани обврски ако внимателно го следев колегата Стојаноски некаде околу 2,4 милијарди евра. Секоја нормална држава знае дека тие обврски мора, доспеани обврски мора да се да се платат во услови кога имаме високи стапки на раст на бруто домашниот производ во неколку последователни квартали“.

Според него, постои одлична база и подготовка, а резултатите се и видливи со цел како што вели, да може да се премине на следната фаза, а тоа е постигнување раст на БДП повисок од 4% и постепено да се зголемува.

„Основата на ова значи дека повисокиот раст означува повеќе новосоздадена вредност и притоа врската помеѓу реализацијата на буџетот со приватниот сектор е најважниот сегмент на економската логика, најважниот сегмент на економската политика. Основата секако треба да биде домашното производство, секако треба да биде извозот, при обезбедена фискална стабилност. Еве ја фискалната стабилност. Таа треба да ни биде основа. Таа треба да ни биде основа за повисок економски раст“, истакна Пенков,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лицата со афазија добиваат прв клуб во државата

На околу десет илјади луѓе им е потребна помош со состојба на афазија или нарушување на говорот, разбирањето, читањето и пишувањето настанато по мозочен удар или повреда на мозокот.

Лицата со афазија добиваат прв клуб во државата

Во рамките на Центарот за рехабилитација за говор се отвори центарот. Иницијатор е адвокатката Мирјана Марковска и Здружението за поддршка на лица со афазија ХОУП, која по состојба на мозочен удар, таа сака да им помогне на сите луѓе кои имаат афазија.

Овој центар може да го посетат сите кои имаат ваква состојба заедно со нивните семејства, и да им се помогне и на другите членови на семејството за полесна комуникација. Со лицата ќе работат логопеди, психолози и кадар што е потребен за оваа состојба.

Логопедите објаснуваат дека со правилни вежби им се помага многу на лицата со афазија, пред се на помладите луѓе кои се работо способни и имале мозочен удар или повреда на мозокот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер