Затуроска: Пратеничките групи да го поддржат предлогот за анкетна комисија за СЈО

Една од главните причини за формирањето на оваа анкетна комисија се партиските вработувања и непотизмот кои што беа голема дамка на СЈО од неговото основање па се до денес.

Во текот на вчерашниот ден Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе Предлог одлука за основање на Анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето во СЈО, а врз основа на веќе потврдените одлуки на Собранието и Советот на јавни обвинители, дека Катица Јанева својата работа ја обавувала незаконито, нестручно и несовесно.

Покрај огромните финансиски средства кои си ги делеле вработените во СЈО помеѓу себе како додатоци, дневници, награди, за нас фрапантни се податоците кои дури сега излегуваат во јавноста, а се поврзани со личните и партиски непотизам на СДСМ внатре во СЈО.

Една од главните причини за формирањето на оваа анкетна комисија се партиските вработувања и непотизмот кои што беа голема дамка на СЈО од неговото основање па се до денес.

СЈО била институција во која можело да се вработите по три основи:

1. Ако сте роднина или близок на некој од обвинителите,

2. Ако сте роднина на функционер на СДСМ или добиете партиска препорака,

3. Ако сте дете на судија или обвинител кој треба да добие награда за послушност кон СДСМ и СЈО.

Комисијата треба да ја утврди законитоста на постапките при вработување во самото обвинителство, утврдувањето на видливи конфликт на интереси или непотизам при вработување како и трошењето на средствата по однос на сомнителни хонорари, дневници, додатоци и награди.

Имено, во изминатите години СЈО вршеше класично партизирање на своите редови со вработувања на членови на СДСМ како и внуци, братучеди и други блиски и далечни роднини на самите обвинители кои беа дел од тимот на Катица Јанева.

Како класични примери за партизација и непотизам во редовите на СЈО можеме да ги истакнеме:

· Ефтимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски.

· Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.

· Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, близок соработник на Зоран Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш.

· Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска беше обвинител во СЈО.

· Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска.

· Петре Бошков вработен во СЈО како зет за прва братучетка на министерката Рената Десковска.

· Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.

· Вработена во СЈО е и девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева.

· Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков.

· Берниса Рахиќ, ќерка на директорот на затворот „Шутка" Есад Рахиќ.

· Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, Марија Василевска.

· Синот на обвинителката Мира Ангелеска од Кичево, Стојан Ангелески.

· Ќерката на членот на Советот на јавни обвинители Коле Штериов, Теа Штериова.

· Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити.

· На платниот список на СЈО е и Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов.

· Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино.

· Во низата семејни вработувања е ќерката на Борис Тунџев директор на Катастар, Катерина Тунџева.

· Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.

· Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор.

· Ѓорѓи Камчев, кој активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција.

· Пане Нацев од Неготино кој учествуваше во насилното демолирање и нагрдување на државни и културни објекти е дел од вработениите во СЈО.

· Ангажманот на Мирослав Грчев кој од СЈО е ангажиран да изготви вештачење за случајот Космос.

· Катица Јанева во СЈО си го вработила и шоферот од Основниот cyд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев, случајно или не.

· Душко Димитреиески како возач во СЈО, сопруг на обвинителката Душица Димитриевска од ОЈО Гостивар чии зет за ќерка е Трајче Нешкоски, поранешен генерален секретар на СДММ.

Ова замислете се само дел од партиските вработувања и од непотизмот на обвинителите во СЈО.

Тому затоа Собранието на Република Македонија е должно на македонската јавност да го обелодени досегашното функционирање на СЈО кое што требаше да биде пример за институција која ќе биде имуна на партизација, непотизам и беззаконие.

Уште еднаш апелираме до пратеничките групи во Собранието да го поддржат предлогот за основање на Анкетна комисија и заедно да помогнеме јавноста да има увид во досегашното работење на Специјалното јавно обвинителство и на Катица Јанева како шеф на оваа институција.

Лилјана Затуроска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Тојота има две нови електрични возила, не се наменети за Европа (ФОТО)

Toyota можеби нема да верува во целосна електрификација, но нема да ги игнорира трендовите.

На саемот за автомобили во Пекинг, тие ги покажаа своите напори во Кина, фокусирани на интелигенција, електрификација и диверзификација како дел од нивната трансформација во компанија за мобилност. Тојота дебитираше два нови модели на батерии EV (BEV), bZ3C и bZ3X, како дел од напорите на компанијата да постигне јаглеродна неутралност.

Извршниот потпретседател и главен директор за технологија Хироки Накаџима ги претстави новите автомобили на прес-конференција одржана истиот ден, велејќи: „Каков вид BEV ќе донесе насмевки на лицата на нашите кинески клиенти? Работејќи со нашите партнери во Кина, ова пребарување нè доведе до bZ3C и bZ3X. Моделите претставени како концептни автомобили на минатогодишниот Auto Shanghai се надградени за масовно производство. Тојота планира да започне со продажба на двата модела во Кина во рок од една година.

Моделот bZ3C е заеднички развиен од Toyota, BYD, FAW и Intelligent ElectroMobility R&D Center. Дизајниран околу концептот „рестартирање“, овој динамичен кросовер BEV со препознатлив стил се фокусира на карактеристики кои создаваат забавен личен простор за корисниците на Gen Z.

Моделот bZ3X беше заеднички развиен од Toyota, Guangzhou Automobile Group Co., Ltd., GAC Toyota Motor Co., Ltd. и IEM. Овој SUV BEV ориентиран кон семејството нуди голем внатрешен простор заснован на концептот за обезбедување на мобилен „удобен дом“.

Двата модели се опремени со најнови системи за помош на возачот и паметни кокпити.

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата, нема откажување

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Аеродром порача дека ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе ги убие ЕУ перспективите. 

ВМРО ќе ја одложува евроинтеграцијата во недоглед, тие немаат ниту план, ниту се доследни во остварување на стратешките цели. Тоа го правеше и Груевски, тие само ќе продолжат кај што застана тој. Оваа земја нема да се помести ни милиметар напред со ВМРО. Ќе глумат дека работат, а во реалноста нема ништо да се менува. Сме го виделе тоа со Груевски, знаеме како изгледа. Не сакаме само лоша реприза на неговото владеење, нагласи Ковачевски.

Ковачевски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да ја дадат довербата за Пендаровски и за СДСМ бидејќи силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата!

Основната цел на нашата програма е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што знаеме дека само на тој начин може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство, порача Ковачевски.

Ковачевски во своето обраќање пред граѓаните на Аеродром истакна дека СДСМ е единствената политичка партија која никогаш нема да се откаже од инклузијата и која константно придонесува мултиетничкиот карактер на Македонија.

Но, деновиве, за жал, слушам опасни наративи кои може лесно да разгорат меѓуетничка нетрпеливост. Лидерите на ВМРО и на ДУИ се однесуваат во најмала рака неодговорно и кон државата и кон граѓаните. Им порачувам на Мицкоски и на Ахмети – граѓаните се свесни за вредноста на мирот и стабилноста што ги гради СДСМ, граѓаните знаат дека на сите нѝ треба европска иднина, а не враќање 20 години во минатото. Престанете да се препукувате со штетни скандирања и закани, кои никому не носат добро. Ние нема да ви дозволиме да си играте со европската иднина на нашите деца! Граѓаните нема да ви дозволат да се коцкате со нивната иднина, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Аеродром, се наведува во партиското соопштение.

Битиќи: Не смееме да дадеме шанса ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози европската иднина

„Потребно е СДСМ да биде водечкиот глас во Владата и во Собранието, потребно е поради иднината на државата и за зачувување на европските перспективи на идните генерации. “

„Наследниците на Груевски не смеат да добијат преголема моќ, тоа е опасност за европската иднина“, порача на денешните средби со жителите на скопската општина Гази Баба, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека не е време за откажување, за кревање на рацете од битката за Македонија и затоа на 8-ми мај треба да се спротивставиме на желбите за изолација.

„Мораме да се сплотиме за да ги одбраниме нашите европски вредности и да ја одбраниме нашата држава од разорните политики и желбата за изолација на наследниците на десничарскиот режим на Груевски“, рече Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи предупреди дека доколку се дозволи на парламентарните избори да се врати нереформираното ВМРО-ДПМНЕ, ќе треба многу време за земјата повторно да се врати на вистинскиот пат.

„Секој од нас има важна улога во обликувањето на судбината на државата, никој не е изоставен од одговорноста. На 8-ми мај секој глас еднакво се брои. Секој глас нема да биде само заокружување на број, туку влог во наследството кое ќе го оставите зад себе“, порача на жителите на оваа скопска општина, во населбата Железара, Битиќи, воедно нагласувајќи дека грешките во владеењето може да се поправат, но поделбите предизвикани од национализмот не се надминуваат лесно.

Битиќи посочи дека СДСМ има јасна програма и план со кои ќе ѝ донесе добро на Македонија.

„Гласот за ВМРО-ДМНЕ не ѝ носи добро на Македонија, а само со заокружување на бројот еден може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Може да нè казните, но истовремено ќе ги казните и сопствените деца. Краткорочната казна за прогресивните политички сили ќе има долгорочни последици. Затоа, потребно е силно СДСМ во Собранието“, порача Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер