Дополнително, човекот кој заедно со Никола Димитров удрија историски потпис ( читај печат ) на нашата 30 годишна борба за нашето уставно име, прави уште една интелектуална тортура над нешто што е свето и е изгласано во далечната 1977 во Атина а признаено и прифатено од ОН како и од самите Хелени - македонскиот јазик!
Негирање на елементарни атрибути на еден народ, како што е јазикот е акт кој нашата земја треба да го препознае и за истиот соодветно и недвосмислено да реагира како кај нашиот јужен сосед така и кај ЕУ и кај целата меѓународна заедница...затоа што, ако овој Хеленски тренд продолжи, можно е да бидеме жртви на идентитески геноцид.
Ниту македонскиот ниту хеленскиот народ немаат потреба а уште помалку желба , артифицијалната хистерија кај двете земји да ги наруши едвам стоплените односи помеѓу Македонците и Хелените.
„Отровните стрелички“ од официјална и екс официјална Атина, мора да завршат во некаков сунѓер во официјално Скопје. Бекхенд на „отровните стрелички“ назад кон Акропол ќе не внесе во волшебен и злобен круг, од кој тешко се излегува.