Засилени сообраќајни контроли во Штип: 50 казни за еден час

Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, почна со спроведување засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Штип, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Штип.

– Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Штип да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

– Само за еден час во денешната акциска контрола во Штип изречени се педесетина санкции, пред се за пречекорена брзина, нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола... , соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола ќе бидат презентирани утре.

Пропадна уште еден обид за примирје меѓу Ерменија и Азербејџан

Премиерот на Ерменија, Никола Пашинијан изјави дека примирјето што стапило на сила денеска наутро во Нагорно Карабах, не заживеа, пренесува Спутник.

Од друга страна, Азербејџан денеска го обвини Ереван за ракетни напади врз градот Тертер.

"Јасно е дека уште еднаш не успеавме да го зачуваме примирјето. Не знам каква ќе биде реакцијата на групата Минск, но ерменската страна стори се за да го почитува примирјето и армијата беше воздржана. Но, во вториот дел од денот можеме да кажеме дека не успеавме да го зачуваме примирјето “, рече Пашинијан во видеото објавено на Фејсбук.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанјан објави дека „азербејџанската армија денес дури го зголеми интензитетот на нападите, користи артилерија и тенкови, по линијата на раздвојување во Нагорно Карабах“, додаде Спутник.

Во светот се излекувани над 32 милиони лица ,заразени со Ковид-19

Бројот на луѓе во светот кои биле излекувани од ковид- 19 надмина 32 милиони, според податоците на веб-страницата „Worldometers“.

Досега, 32.001.313 пациенти се излекувале од коронавирус во светот, или 96 проценти од 43.520.941, односно сите забележани случаи.

Како резултат на ковид- 19, досега починале 1.161.360 луѓе, што е четири проценти од вкупниот број на пациенти.

Во моментов има 10.358.268 активни случаи. Лесни симптоми на болеста покажуваат 99 проценти од заразените, или 10.280.049 лица, додека 78.219 пациенти се во критична состојба.

Јапонската влада претстави план за достигнување нулта емисија на штетни гасови

Новиот јапонски лидер Јошихиде Суга претстави план според кој земјата треба да постигне нулта стапка на емисии на гасови одговорни за глобалното затоплување до 2050 година.

Новиот премиер го претстави планот во својот прв говор пред парламентот. Претходната влада имала за цел да ги намали емисиите на стакленички гасови за 80 проценти до 2050 година.

„Треба да го промениме нашиот пристап“, рече Суга, тврдејќи дека проактивните структурни промени во индустријата и бизнисот ќе овозможат силен економски раст.

Јапонија, рече Суга, ќе се обиде во голема мерка да ги развива своите обновливи извори на енергија, да ја намали зависноста од јаглен и, кога станува збор за нуклеарните централи, да се фокусира на прашањето на безбедноста.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер го поздрави ветувањето на јапонскиот премиер дека Јапонија ќе стане јаглеродно неутрална до 2050 година.

„Јапонија е добар пријател и сојузник.Светот се обединува во борбата за климата“, објави на Твитер Фон дер Лајен.

Јапонија е потписник на Парискиот договор за клима во 2016 година.

По нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година, Јапонија ја прекина работата на нуклеарните централи, а многу од нив сè уште не работат, а недостатокот на електрична енергија го надоместуваат со огромен увоз на фосилни горива.

притисни ентер