Засекогаш ги иселиле Меган и Хари , преку ноќ им ги изнеле работите од домот

Меган Маркл и принцот Хари ги предале клучевите на нивната поранешна куќа во Фрогмор, на принцезата Евгенија.

Според британските медиуми, сите работи на поранешните станари биле изнесени среде ноќ за да можат да се вселат новите станари. Нивните предмети им биле испратени на Меган и Хари во Калифорнија.

Бремената принцеза Евгенија (30) и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк се преселиле во резиденција пред три недели, која Меган и Хари темелно ја реновираа , додека кусо време живееја во неа по венчавката.

Иако Фогмор Котиџ на хартија останува британска резиденција на војводата од Сасекс, шансите тие да се вратат во неа се скоро непостоечки.

"Комбињата пристигнаа среде ноќ и ја испразнија куќата. Дефинитивно не сакал никој да ги гледа. Преземањето работи и предавањето на клучевите е прилично очигледен знак дека Меган и Хари не размислуваат да се вратат. Се чини дека ги сечат сите врски и планираат да го продолжат престојот во Америка, можеби засекогаш “, изјави извор за„ Сан “.

Евгенија и Џек во септември објавија дека ќе го добијат своето прво дете во новата година.

"Фрогмор е украсен според вкусот на Меган и Хари, а раѓањето на Арчи беше земено во предвид, па затоа е идеално место за одгледување дете. Бонус е што тие се блиски со родителите на Евгенија, но и со кралицата. Меган и Хари не беа воодушевени од резиденцијата, колку што се Еугенија и Џек “, додаде изворот.

Порно актерка ги возбуди фудбалските навивачи (ФОТО)

Во текот на изминатиот викенд, завршија натпреварите во италијанската Серија Б, а крајот на сезоната го означи враќањето на Салернитана по 23 години во највисокиот ранг.

Навивачите на италијанскиот клуб од градот Салерно бурно го прославија пласманот во Серија А, а фотографијата од прославата на една од навивачките го обиколи светот.

Италијанските медиуми наскоро објавија дека атрактивната дама што ја рекламираат светските медиуми е всушност 40-годишната порно актерка Присила Салерно.

"Во добро и лошо, вашата кума секогаш ќе биде таму. Моето срце чука забрзано за местото во Серија А, следната година сме шампиони", напишала Присила и објавила фотографии од прославата на својот Инстаграм профил.

Австријка стана хит поради еластичноста, си сипува чај со нозете (ВИДЕО)

Стефани Милингер од Австрија стана хит на социјалните мрежи. Нејзиниот Инстаграм е полн со фотографии и видеа кои покажуваат колку е еластична.

Флексибилната 28-годишна Австријка го витка своето тело на навидум незамисливи начини, а својот талент го покажа и во германската верзија на шоуто Суперталент.

"Главно добивам различни реакции. Луѓето или коментираат дека работите што ги правам се глупави и дека го ризикувам мојот живот поради кликови или ме поддржуваат затоа што го работам она што го сакам. Јас само сакам да покажам што сум способна да направам", изјави Стефани за Метро.

Таа исто така пронашла интересен начин да сипува чај, а научила и да слика и држејќи ги четките со прстите на нозете.

Трамп ја зајакнува позицијата во неговата партија, ја смени од важна позиција Лиз Чејни

Доналд Трамп денеска го потврди своето влијание врз републиканците со исфрлањето од партискиот врв на Лиз Чејни, која  не ја толерира.

Таа конзервативна лидерка „нема личност и не направи ништо добро за нашата политика и за нашата земја“, коментира поранешниот претседател на САД и поранешен магнат за недвижнини.

Со затворено гласање за само неколку минути, 212 републиканци во Претставничкиот дом ја тргнаа Чејни од позицијата трета по ранг во пратеничката група на републиканците.

„Немаше многу гласови“ за да ја поддржат, изјави пред новинарите пратеникот од Флорида, Бајрон Доналдс, кој гласаше за нејзино разрешување.

„Ќе направам се што е во моја моќ да се осигурам дека поранешниот претседател никогаш повеќе да не влезе во Овалната соба“, одговори Лиз Чејни веднаш по гласањето.

„На земјата и треба силна републиканска партија заснована врз главните принципи на патриотизам и ветувам дека ќе дадам се од себе партијата да оди во таа насока“, рече ќерката на поранешниот потпретседател Дик Чејни.

Лиз Чејни негодуваше против Доналд Трамп и немилосрдно ја критикуваше неговата „голема лага“ кога без докази тврдеше дека неговите последни претседателски избори биле „украдени“ и го обвини за поттикнување приврзаниците на насилство и упадот во Капитол.

Чејни, како и уште девет републиканци од долниот дом, гласаа за отповикување на Трамп на 13 јануари под обвинение за бунт по смртоносниот напад на американскиот Капитол една недела претходно. Останатите 197 гласа беа против отповикувањето.

Лиз Чејни (54), ќерка на поранешниот републикански потпретседател Дик Чејни, беше во републиканската администрација пред нејзината прва победа на изборите за Конгресот во 2016 година.

притисни ентер