Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот
1Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот
3Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
МакедонијаЗасега нема реконструкција на Владата, фокусот е на конгресот на 6 декември, нема да има ресор повеќе во владата, изјави МицкоскиВладината реконструкција ќе го чека партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 6 декември по што ќе се знаат кадровските промени што ќе ги направи Мицкоски. Засега ќе се пополнат испразнетите места во Владата за кои премиерот чека предлози, но ВЛЕН нема да добие ресор повеќе на „Илинденска“ бр. 2, дециден беше премиерот. Наспроти очекувањата на Вреди на вицепремиерското место наместо Изет Меџити да седне екс министерот за здравство Беким Сали, а за министер за животна средина „Вреди“ да предложат друг кандидат, Мицкоски негира дека се зголеми бројот на министри во Владата. -Тоа не значи дека ќе има ресор повеќе. Тоа си е одлука на нашиот коалициски партнер. Јас имам високо мислење за Беким Сали, но тоа не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет. Сега сме фокусирани на Конгресот на 6 декември во Кавадарци, потоа на формирање на партиска структура, извршен комитет и другите структури и во меѓувреме ќе размислуваме за кадровски поместувања во Владата. Јас сум со секого подготвен да разговарам, тука нема никаква дилема во рамките на коалицијата но мандатар сум јас, и нормално дека последниот збор ќе го имам јас, изјави Мицкоски. Премиерот како шпекулации ги отфрли информациите во дел медиумите дека промените може да ги опфатат и министрите од редовите на коалицискиот партнер ЗНАМ, но и од министерката за образование од ВМРО-ДПМНЕ. Секој кој ќе дојде на некое место, треба да понуди подобра програма и подобри резултати од претходникот. Ако ставиме име кое го нема тоа, тогаш бадијала е реконструкција, кажа Мицкоски. - Немојте да верувате во шпекулации. Некоректно е да зборуваме за шпекулации, се уште не сум седнал да размислувам на таа тема. Очекувам за испразнетите места во најскоро време да добијам имиња дали тие имиња се во рамките на тие кои што очекувам да бидат и тие имиња да ги пополнат испразнетите места во Владата и институциите. Реконструкција како реконструкција нема да значи ништо ако реконструираме некој и донесеме послаб, како што беше пракса во минатото, изјави Мицкоски. Министерката за образование Весна Јаневска, пак, со одговор дека ќе ја почитува одлуката на премиерот ако евентуално реши да ја смени. Прашана дали ако има реконструкција таа ќе остане во ресорот образование или ќе раководи со друг ресор, Јаневска став дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи. Премиерот го носи најголемиот товар за промените во државава и има право да одлучува за министрите, порача Јаневска. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформитеДенеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи. Посветеноста на реформскиот процес подразбира координиран институционален пристап, јасно утврдени цели и конкретни чекори за унапредување на функционирањето на институциите. Продолжуваме со посветена работа на реформите кои се од суштинско значење за економскиот развој, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!Во ист ден имаме две признанија пред целата јавност од Христијан Мицкоски и од Трајко Славески. Прво, има признание од Трајко Славески дека одлуката за влез на Алта банка во Македонија ја донел Христијан Мицкоски. Како стратешка гранка вели Славески требало да бидат задоволени условите на „политичка сензитивност“. Ова е директна потврда на она што СДСМ го говори веќе 11 месеци, Мицкоски и Славески ја донесо пералната на пари на Вучиќ со сомнителен капитал во Македонија. Тие се виновни за хаосот и што сега граѓаните, пензионерите, не можат да дојдат до своите пари. A правните лица не можат да исплатата плата. Славески и Мицкоски му дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачница. Никаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница. Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски. Откривме и документи, Записник од седница на кој се гледа дека Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка! Во Европа има санкции и суспензии за Алта банка. Во Црна Гора има одбивање и притисоци што не поминале. Зад формалниот сопственик Давор Мацура - човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога. Во Србија има стечај, апсење и истрага. И покрај сето тоа, Мицкоски ја внесува банката во Македонија. Сега имаме и уште едно признание, изјава на Мицкоски дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка во Македонија. Како кога Народна банка е независна институција? Па исто како и првиот пат кога ја донесоа Алта банка во Македонија односно ја увезоа од нивниот ментор Вучуќ. Исто така. Мицкоски одлучил. „Сензибилитет“. Тој донел одлука за влез на банката на кланот на Вучиќ преку Мацура. Сега тој носи одлука да се продава. Само за да сокрие криминалот што го направија. Затоа се притискаат две банки, една домашна, една странка. Капо ди тути капи, Мицко мора да биде дел од секој дил. Шеф на банда, тој одлучува за се, за фирми, за банки, за пари. Тој е и Гувернер. А знаеме дека одамна е и обвинител и судија. Мицкоски треба да одговори на пршањето колу пати разговарал со Вучиќ за Алта банка? Колку пати се има сретнато со Мацура? За кои провизии се зборувало? Дали во трезорот и документите на Алта Битола постојат 80 милиони евра кеш или соодветни кеш еквиваленти? Толку стои во билансот на банката. Имаше доволно време тоа да го провери и бараме веднаш да се огласи. Затоа што во банка на Мацура во Белград тоа не постоеше, и основно е сомнението дека и во Битола тоа го нема. Ги повикуваме и чесните професионалци од НБРМ. Не потпаѓајте на криминалната власт која е во паника и која сака со застрашување. Имате иднина и мислите на своите најблиски. Одговорност ќе има се секој што се огрешил пред законот кога власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Тоа време доаѓа. Погледнете во соседна Србија што се случува, како организирана криминална група паѓа. Обвинителот Савески после вакви признанија има законска обврска да реагира. Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочоска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат!, рече Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕУ наскоро го укинува роамингот за земјите на Западен Балкан Европската комисија започна преговори за укинување на роамингот меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Целта е регионот да се вклучи во системот „Roam Like at Home“, што би им овозможило на граѓаните да користат мобилни услуги во ЕУ без дополнителни такси, пишува N1 Info. Покрај Босна и Херцеговина, во преговорите се вклучени и Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Вклучувањето во единствената роаминг зона би значело дека граѓаните од Западен Балкан можат да телефонираат, да испраќаат пораки и да користат интернет додека патуваат во Европската Унија по исти цени како и дома. Истите правила би важеле за граѓаните на ЕУ што патуваат во регионот. Преговорите се во тек Иницијативата дојде откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја објави оваа можност за време на нејзината посета на Западен Балкан во октомври оваа година. Комисијата потврди дека билатералните преговори со партнерите од регионот сега се официјално отворени. За да се спроведе укинувањето на роамингот, земјите-партнери мора целосно да го усогласат своето законодавство со правилата на ЕУ. Откако ќе бидат склучени договорите, Европската комисија ќе му предложи на Советот на Европската Унија да донесе конечна одлука за проширување на системот. Советот на ЕУ го одобри почетокот на преговорите уште во јуни 2026 година. Идните договори за роаминг ќе бидат поврзани со постојните договори за стабилизација и асоцијација, чија цел е да се поддржи стабилноста, економската интеграција и зајакнувањето на соработката на регионот со Европската Унија. Европската комисија сè уште не го објави точниот датум од кој новите правила би можеле да стапат во сила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00