3„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство
МакедонијаЗасадени нови дрвја во Горно и Долно Лисиче Горно и Долно Лисиче денеска беа збогатени со нови садници. Имено, во кругот на училиштето „Гоце Делчев" и околу градинката беа засадени висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, соопштија од Општина Аеродром.Со оваа акција, се посочува, Општина Аеродром го заокружи есенското засадување садници на територијата на Општината, во кое се вклучија градоначалникот Златко Марин, советниците, општинската администрација, учениците и вработените од училиштата и градинките, како и голем број граѓани. Во рамки на годинешните акции беа засадени околу 3.300 садници, со што вкупната бројка за изминатите две години изнесува 5.500 дрвја. Во буџетот за 2020 година се предвидени дополнителни 20 милиони денари за набавка на садници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа: На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари – годинаваНа Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари – годинава 11 заплени на злато, девет завршија со кривични пријави.На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари, откако открија двајца косовски државјани во обид да го криумчарат. Златниот накит, четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката. Случајот е предаден на Одделението за истраги кое против сторителите поднесе кривична пријава до ОЈО Гевгелија. Ова е 11-та заплена на злато годинава од страна на Царинската управа, при што досега се одземени вкупно два килограми златен накит. Четири од случаите се откриени токму на Богородица, пет на Меѓународен Аеродром Скопје, а по еден случај на Табановце и Блаце. Во девет случаи, десет лица се кривично гонети од страна на Одделението за истраги за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик. Нашата порака е јасна, без разлика на начинот на кој се криумчари, нашите служби ќе го разоткријат и ќе се погрижат криминалот да биде најстрого казнет. Ваквите случаи јасно ја покажуваат цврстата посветеност на Царинската управа за сузбивање на сите форми криминал, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Жешката Џеј Ло цел на критики за најсекси изданието што го покажа: „Премногу вулгарно“ Фотографиите на светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез од Кан се уште се актуелна тема на социјалните мрежи, иако поминаа неколку дена откако беа објавени...Латино дивата Џенифер Лопез ужива невидена популарност откако нејзиниот најнов филм „Канцелариска романса“ ги сруши сите рекорди. Повторно, нејзината завидна фигура се најде во центарот на вниманието, а потоа Џеј Ло „зачини“ сè со интересни објави на мрежите. Сите ги видоа и коментираа фотките на атрактивната пејачка од Кан, на кои таа позираше во (можеби) најпровокативниот костим, целиот со отвори. И покрај многуте фотки и коментари сите пропуштиле еден детаљ... Во серијата фотографии, има и една на која латино дивата позира во огледало, а тоа е многу провокативно. Имено, Џеј Ло седеше на стол, додека ги крена нозете на масата и ги рашири, што им пречеше на многумина. Иако е голема ѕвезда, многумина сметаа дека не треба да претерува, кога сигурно не и недостасува популарност. - „Зошто користиш филтри ако си толку убава?“ „Ова е непотребно“, „Премногу вулгарно“, „Држи ги нозете заедно“, „Не ѝ треба ваков маркетинг“, беа само некои од коментарите.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Убавата Алесандра навива за БразилЛегендарната манекенка и модел, Алесандра Амброзио воодушеви во бикини во боја на знамето. Убавицата дефинитовно е „Горда на своето потекло“. Следбениците на Инстаграм ја „затрупаа“ со комплименти за нејзината совршена фигура. Алесандра Амброзио повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи позирајќи покрај базенот во жолто-зелен костим за капење, додека во раката држи бразилско знаме. Со коментар „Напред Бразил“, познатата манекенка повторно гордо го истакна своето потекло, што предизвика лавина од позитивни реакции. Следбениците на Инстаграм ја обсипаа со комплименти за нејзината совршена фигура, оставајќи бројни пораки за поддршка, емотикони во форма на срце и бразилски знамиња. Иако со години гради успешна меѓународна кариера, убавицата родена во Ерехим, која стекна светска слава како ангел на Викторија Сикрет и соработуваше со водечки модни куќи, докажа дека не ги заборава своите корени. Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter