БизарноПетгодишно девојче проголта златна прачка, докторите со апел (ФОТО)Неименувано 5-годишно девојче од северна Кина проголтало златна прачка од 50 грама и долга четири сантиметри и било хоспитализирано.Бизарниот случај го привлече вниманието на јавноста и се случил на 16 август, според „Саут Чајна Морнинг Пост“. Сериозна ситуација Девојчето било донесено во болница, според локалните медиуми, шест часа откако проголтало мала златна прачка. Лекарите ја оцениле ситуацијата како сериозна бидејќи тврдата прачка имала мазна површина, па затоа постоела можност да се заглави во дигестивниот тракт. Таквиот предмет можел да ја повреди мукозната мембрана и да предизвика сериозни компликации, вклучувајќи перфорација и крварење. Според болницата, девојчето ја проголтало прачката додека си играло дома. Извршен ендоскопски преглед Нејзиното семејство посетило неколку медицински установи пред да оди во болница, но ниту една од нив немала услови за итно ендоскопско отстранување на туѓото тело. Лекарите извршиле ендоскопски преглед и откриле дека прачката се наоѓа во стомачната празнина, каде што просторот за извршување на постапката бил исклучително тесен. Според извештаите, дури и најмалата грешка за време на интервенцијата можела да доведе до оштетување на мукозата на дигестивниот тракт. Затоа, докторот внимателно ја зграпчил плочката со специјална форцепс, а потоа постепено ја извлекол од желудникот. На медицинскиот тим му биле потребни неколку минути за целосно да ја отстрани златната прачка. Real-life ‘gold-devouring beast’: 5-year-old Chinese girl swallows gold bar https://t.co/QoxYqgiqgC — South China Morning Post (@SCMPNews) August 21, 2026 Апел до сите родители Според болницата, девојчето се опоравува добро, а сите нејзини витални параметри се стабилни. Лекарите подоцна откриле дека туѓите тела во дигестивниот тракт се честа причина за итна медицинска помош кај децата. Во претходните случаи, децата завршувале во болница откако проголтале монети, мали челични топчиња, па дури и шноли. Властите апелираат до родителите веднаш да го однесат своето дете во болница - ако проголта туѓ предмет, наместо да се обидуваат сами да му помогнат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНикарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 годинаМинистерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс. Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар. Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи. Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД. Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата. Политичка криза во Никарагва Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата. Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век. Извор: Б92Тагови: Никарагва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветТрамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск. „Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници. Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемитеМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05