Заработи десетици милиони од тенисот, а сега остана без ништо: Ме уништи сопругот, а го сакав - Канал 5

Заработи десетици милиони од тенисот, а сега остана без ништо: Ме уништи сопругот, а го сакав

Легендарната шпанска тенисерка Аранча Санчез-Викарио се соочува со четири години затвор за проневера и перење пари, а пресудата би можела да ја добие наскоро, откако нејзиното судење започна оваа недела во Барселона.

Заработи десетици милиони од тенисот, а сега остана без ништо: Ме уништи сопругот, а го сакав

Четирикратната победничка на Грен слем турнирите и некогаш тенисерка број еден во светот ѝ должи на луксембуршката банка осум милиони евра данок, за што тврди дека не е нејзина вина.

Санчез-Викарио рече дека му ги оставила финансиите на нејзиниот тогашен сопруг, на кого наводно му кажала дека мора да плаќа данок, а тој ја уверувал дека редовно го прави тоа за неа. Се испоставило дека лажел, парите во меѓувреме ги потрошил и сега на Шпанката и се заканува затвор.

„Издржувам две деца и пријателите ми доаѓаат со пари. Половина од сѐ што сум заработила во кариерата морам да го дадам за долгот. Многу ми е тешко, но некако ќе морам да си го организирам животот за да ја завршам работата“, изјавила 51-годишната Санчез-Викарио за El Pais.

Во својата автобиографија, која излезе пред десет години, таа ги обвини родителите дека речиси целата нејзина заработка од 50 милиони долари ја потрошиле на катастрофални деловни одлуки, а на судот во Барселона со солзи го обвини својот поранешен сопруг за финансискиот колапс од последните години.

"Не знаев што прави со моите пари. Му верував, го сакав, но згрешив. Ме измами. Од 2009 година ги користеше моите пари со моја согласност и ме уверуваше дека сѐ е во ред." изјави Шпанката, додавајќи дека веќе вратила два милиони евра долг и редовно плаќа рати.

Санчез-Викарио во кариерата само од турнири заработила околу 17 милиони долари, а остатокот го заработила преку богати спонзорски договори. Таа освои три Ролан Гароса (1989, 1994 и 1998 година), а во 1994 година УС Опен. Во кариерата освоила вкупно 29 турнири, а во неколку наврати била и играч број еден во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Њујорк почнува 81. заседание на Генералното собрание на ОН

Околу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк.

Во Њујорк почнува 81. заседание на Генералното собрание на ОН

Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН ќе трае од денеска до 28 септември, а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „обнова на довербата, управување со трансформацијата: обединети нации што им служат на сите“.

Околу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк за да ја испратат својата порака до светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезона

МЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово ќе се борат за трофејот во натпреварот кој на 26 септември ќе се игра во спортската сала во Куманово

Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезона

Новата натпреварувачка сезона во македонската кошарка официјално ќе биде отворена со натпреварот за Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“.

Натпреварот е закажан за сабота, 26 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, а ќе се одигра во Спортската сала во Куманово.

Согласно системот на натпреварување, во Суперкупот се среќаваат шампионот на највисокото сениорско првенство и освојувачот на Купот на Македонија.

Бидејќи МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2025/2026 ги освои и шампионската титула и Купот на Македонија, противник на актуелниот шампион во Суперкупот ќе биде МКК Куманово, финалистот во Купот на Македонија.

Така, за првиот трофеј во новата сезона ќе се борат:

МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово

Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ воедно ќе биде и прва официјална пресметка во новата сезона, со што и официјално ќе започне новото поглавје во македонската клупска кошарка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Денес во Собранието на Република Македонија беше потпишан Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Соработката е насочена кон унапредување на дигитализацијата на собраниските процеси и развој на решенија засновани на вештачка интелигенција, со цел поефикасно користење на податоците, документите и знаењето со кои располага Собранието.

Претседателот Гаши упати благодарност до професорите и тимот на ФИНКИ, до собраниските служби и до сите чинители кои придонесоа за воспоставување на соработката, оценувајќи ја како пример за поврзување на науката, технологијата и институциите во служба на демократијата, ефикасноста и јавниот интерес.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши истакна дека оваа соработка претставува важен чекор кон модернизација и дигитализација на работните процеси на Собранието, кое располага со значајни податоци, знаења и капацитети. Целта е да се обединат собраниските капацитети за вештачката интелигенција да го најде своето место во работата на Собранието, на одговорен и безбеден начин. Тој додаде дека во рамките на соработката ќе се работи на подготовка, стандардизација и анализа на собраниските документи, стенограмите и аудиовизуелните материјали, со цел тие да можат да се обработуваат и користат со помош на алатки засновани на вештачка интелигенција.

Проф. Димитар Трајанов - раководител на проектот Везилка и проф. Петре Ламески - декан на ФИНКИ истакнаа дека партнерството со Собранието претставува можност научното и академското знаење да се поврзе со реалните потреби на една од клучните институции во државата. Тие посочија дека преку проектот „ВЕЗИЛКА“ ќе се работи на развој и примена на современи решенија од областа на вештачката интелигенција, при што посебно значење ќе има подготовката и структурирањето на податоците потребни за нивна ефикасна примена.

Примената на новите технологии ќе се одвива со почитување на највисоките стандарди за безбедност и доверливост при обработката и користењето на податоците, со цел помодерно, поефикасно и потранспарентно Собрание, но и конкретен чекор кон остварување на визијата за институција која ја користи технологијата за подобро да им служи на граѓаните. Во рамките на проектот „ВЕЗИЛКА“, чиј носител е ФИНКИ, предвидено е активностите да се реализираат во периодот од април 2026 до март 2029 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер