Запознајте ја Саманта Хупс една од најатрактивните манекенки во светот (фото) - Канал 5

Запознајте ја Саманта Хупс една од најатрактивните манекенки во светот (фото)

Американката Саманта Хупс со години ги краси насловните страници на едни од најпознатите светски магазини.

Запознајте ја Саманта Хупс една од најатрактивните манекенки во светот (фото)

Како манекенка беше забележана откако беше лицето број 50 во Спорт Илустрејтед“ магазинот за костими за капење.

Исто така беше заштитно лице и за брендовите како „Guess” и „Levi’s Jeans”, а повеќе од милион луѓе ја следат на Инстаграм.

T&A ❄️

A post shared by Samantha Hoopes (@samanthahoopes) on

Саманта денеска полни 28 години, а уште во 2014 година беше на 18 место од 100 најатрактивни девојки според магазинот „Maxim”.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најдобрите фудбалери против Кипар за опстанок во Б дивизијата од Лигата на нации

Македонија оспатанокот во Б сегментот од Лигата на нации ќе се обиде да го избори во два меча против селекцијата на Кипар. 

Најдобрите фудбалери против Кипар за опстанок во Б дивизијата од Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија попладнево денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион го дозна противникот во баражот за опстанок во Б-Лигата на нации.

„Црвено-жолтите“ по катастрофалниот настап и шесте порази на исто толку натпревари, за опстанок во овој сегмент за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Кипар.

Нашите најдобри фудбалери осптанокот во Б дизивијата ќе се обидат да го изборат на домашен терен, бидејќи првиот натпревар избраниците на Седлоски го играат на 25 март следната година на Кипар, а реваншот е закажан за 28 истиот месец во Скопје.

БАРАЖ ПАРОВИ:

КИПАР – МАКЕДОНИЈА

ЕСТОНИЈА – РОМАНИЈА

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ГРУЗИЈА

БЕЛОРУСИЈА – ИЗРАЕЛ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене

Министерот за здравство Сашо Клековски и ректорот на Универзитетот Тракија од Едрене, проф. д-р Мустафа Хатиплер, денеска во Скопје потпишаа протокол за соработка во областа на здравството, со важност од пет години.

МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене

Протоколот е потпишан во рамки на проектот „Мостови на братството“ — балканска соработка во здравството и обука во текот на работата, што Универзитетот Тракија го спроведува со поддршка на Министерството за здравство на Република Турција. Македонија е третата земја вклучена во проектот, по Косово и Бугарија.

Соработката предвидува:

стручни престои и практична обука на македонски здравствени работници на Медицинскиот факултет и во Универзитетската болница во Едрене;

размена на знаење и клиничко искуство меѓу стручните тимови;

заеднички научни истражувања и стручни настани;

институционална соработка што, покрај медицината, ги опфаќа и стоматологијата, фармацијата и здравствените науки.

Протоколот е продолжение на меморандумот за разбирање во областа на здравството што министерот Клековски го потпиша со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу, во октомври годинава во Истанбул, каде што стручната размена и специјалистичката едукација беа определени како приоритетни области.

Во делегацијата на Универзитетот Тракија беа и проректорот и декан на Медицинскиот факултет проф. д-р Седат Устундаг, деканот на Факултетот за стоматологија проф. д-р Али Јилмаз и директорот на Универзитетската болница проф. д-р Алкин Чолак.

„Договорите вредат онолку колку што од нив ќе почувствува корист еден пациент. Со овој протокол нашите здравствени работници добиваат место каде ќе се доусовршуваат, а знаењето што ќе го донесат останува тука“, изјави министерот Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар на ортопедија во ГОБ 8 Септември

Пожар избувнал утрово во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, на Одделот за ортопедија, поради што дел од пациетите морале да бидат евакуирани.

Пожар на ортопедија во ГОБ 8 Септември

Засега нема официјални информации каде точно избувнал пожарот, ниту која е причината за неговото настанување.

Пожарот е локализиран и, според информациите од надлежните служби, нема опасност од негово понатамошно ширење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер