Запознајте ја Камила Мороне: Кога ќе видите како изгледа ќе би биде јасно зошто се слика разголена (фото)

Најчесто рекламира костими за капење и долна облека, а кога ќе ја погледнете малку подобро, ќе сфатите зошто не треба да позира облечена.

Камила е ќерка на Лусил Полак, која осум години беше во љубовна врска со легендарниот холивудски актер Ал Пачино. Родена е во Лос Анџелес и никогаш не го менувала местото на престојување. Татко и исто така бил манекен.


Contact: [email protected]

A photo posted by Camila Morrone (@cami_morrone) on


Минатата година завршила средно училиште, а сонува за тоа да запише часови по глума во Њујорк. Во меѓувреме работи како манекенка.


A photo posted by Camila Morrone (@cami_morrone) on



- На 15 години почнав да ги користам градите. Многумина се прашуваат дали се вистински, но тие се природни. Не ме интересира пластичната хирургија“ – изјави Камила која стана и заштитно лице на Викторија Сикрет.

На Инстаграм има повеќе од 265.000 следбеници. За разлика од многу модели Камила не држи секогаш диета.


A photo posted by Camila Morrone (@cami_morrone) on


„Не сакам салати. Повеќе сакам шпагети. Сакам и шницли со пржени компирчиња. Обожавам вежбање. Практикувам јога и возам велосипед“ – објасни Камила.

Стинг и Колдплеј бараат ослободување на ирански рапер, осуден на смрт

Активистите за човекови права, заедно со 100 музичари, вклучувајќи ги Стинг и Колдплеј, бараат ослободување на иранскиот рапер Тумај Салехи, осуден на смрт поради поддршка на масовните протести во Иран во есента 2022 година.

„Смртната пресуда на Салехи е кулминација на три години судско вознемирување вклучувајќи апсење, затворање и тортура“, се вели во петицијата на лондонската организација Index on Censorship.

Во многу од неговите песни, пејачот го привлече вниманието на состојбата со човековите права во Иран. Во октомври 2023 година, на Салехи му беше доделена наградата за слобода на изразување од страна на Index on Censorship. „Мора да се дозволи уметноста да критикува, провоцира, преиспитува и ги предизвикува авторитетите“, велат потписниците. „Ниту еден уметник не треба да биде подложен на било каков вид судско малтретирање поради остварување на своето право на слобода на изразување, а камоли да биде осуден на смрт.“

Смртната казна за Салехи беше објавена на крајот на април. Оваа вест предизвика незадоволство во Иран и други земји ширум светот. Властите донесоа одлука во врска со поддршката на Салехи за масовните протести во Иран во есента 2022 година. Во минатото, раперот со своите текстови ги критикуваше социјалните и политичките проблеми во земјата.

Композиторот и пијанистка Тамара Баршак покани и други уметници да се приклучат на петицијата. „Фактот што овој сиромашен музичар е осуден на смрт поради изразување на своите верувања е ужасен“, изјави Баршак за весникот „Гардијан“, додавајќи дека сите треба да зборуваат за тоа.

Потписник на изјавата, Ели Бразил од британската кампања Art Not Evidence, рече дека протестната музика била цензурирана низ целиот свет илјадници години. „Но, да се биде осуден на смрт поради тоа е едноставно незамисливо“, рече таа.

Сѐ позачестени сообраќајни незгоди низ државата–брзото возење најчеста причина

„Загина 42 годишен маж од Делчево, излетал од патот, малолетен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа, почина возач, сопатникот тешко повреден, петмина повредени во сообраќајка, меѓу нив и две деца“

„Загина 42 годишен маж од Делчево, излетал од патот, малолетен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа, почина возач, сопатникот тешко повреден, петмина повредени во сообраќајка, меѓу нив и две деца“ – се само еден мал дел од медиумските наслови во последниве недела дена, на патиштата во Македонија, во овој период, речиси секој ден има по еден загинат. Брзината и натаму остануваат ризик број еден за прераната смрт на улиците кои се се пораздвижени со потоплото време, велат од МВР..

-Според сите наши анализи, но анализите на другите полиции, брзината е најчеста причина за тешки сообраќајни несреќи, односно оние сообраќајни несреќи каде што имаме жртви, каде што имаме тешки телесни повреди, токму поради тоа, ние како МВР сме насочени најмногу на санкционирање на овој прекршок,- – Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.

Изминатата година полицијата напишала над 250.000 казни само за пребрзо возење....

Последната тешка сообраќајна несреќа во Скопје се случи на оваа крстосница, а жената чие возило беше преполовено заврши со тешки повреди..

Неколку дена по несреќата екипата на Канал 5 дојде на истото место... Затекнавме од малолетни мотоциклисти на пешачки патеки, до сериозни пречекорување на брзната на партизанска која е ограничена на 50 км на час..

Пешаците пак улиците ги преминуваат ако некој од возилата се смилува да ги пропушти.. Инаку во изминатиов период беа прегазени и неколку пешаци, последниот загина на регионалниот пат Струмица – Валандово..

Според универзитетскиот професор по безбедност во сообраќајот - Зоран Јошевски, недостасува соодветен сообраќен систем, бидејќи државава, според него, во моментов го нема..

Претстојниот период доаѓаат и матурските прослави каде голем дел од средношколците ќе седнат позади воланот. Од МВР апелираат до родителите, но и до матурантите, да не користат возила, заради нивната лична безбедност..

Продолжува одливот на медицински сестри од јавното здравство

И по 40 медицински сестри месечно барале исписници од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“.

Најголем дел од нив заминувале на работа во европските земји. Претседателката на здружението Бешлиовска вели дека секоја власт мора да направи регистар за бројот на медицински сестри нивното признавње и потребата на секој оддел во болниците.

Веруваат дека она што било ветено од страна на идната влада ќе се исполни и медицинските сестри ќе бидат соодветно платени и задржани на нивните работни места.

Мотото оваа година во неделата на сестринството, е „Инвестицијата во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација“.

притисни ентер