Дали некогаш ќе се дознаат мотивите за „Диво насеље“?

Девет години по Диво насеље, се уште не се знае кои се вистинските мотиви за вооружениот напад, ниту пак кои се нарачателите на истиот.

Девет години по Диво насеље, се уште не се знае кои се вистинските мотиви за вооружениот напад, ниту пак кои се нарачателите на истиот, иако во првичните разговори со лицата, кои претходно се предале на полицијата, било посочено дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели.

Екс полицискиот генерал, Стојанче Ангелов кој во моментов е на безбедноста конференција во Вашинготн, за Канал 5 вели дека МВР имало доволно време да ги расветли мотивите за нападот во кој настрадаа осуммина припадници на полицијата.

„Делото од кривично правен аспект е расветлено, терористите се осудени на долгогодишни казни затвор но остана во воздух да лебди неодговорено прашањето околу инспираторите затоа што до ден денес немаме одговор кои беа инспиратори на овој крвав настан.- - Стојанче Ангелов .

Дали можеме да бидеме сигурни дека Диво насеље веќе никогаш нема да се повтори? Изборната камапња ги погреа тензиите, но Ангелов смета дека како држава институционално може да се справиме со било какви закани, иако, вели, периодот до формирање на новата влада е ранлив.

-Во секое предизборие во државата се засилува националистичка реторика, тоа можевме да го слушнеме од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но мислам дека со завршување на изборите ваквата реторика ќе биде смирена, единствена опасност постои доколку ДУИ, која очигледно ќе остане во опозиција, се обиде повторно да игра на карта на национализам, разгорувајќи ја меѓуетничката нетрпеливост со закани по безбедноста за државата и граѓаните,- - Стојанче Ангелов.

Во борбата против вооружената група што упадна од Косово осум припадници на македонската полиција загинаа а 42 беа ранети. Загинаа осумина и од терористите, а останатите над 30 издржуваат долгодишни казни затвор.

Се огласи Бајден по налогот за апсење на Нетанјаху од МКС: Не е исто

Барањето на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на израелските лидери е „безобразно“ и САД не се согласуваат со споредбата меѓу Израел и Хамас, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

„Да бидам јасен, што и да се обидува да имплицира овој обвинител, нема изедначување на Израел и Хамас“, рече тој, пренесе Ројтерс.

Пресудите за апсење на МКС може да ги загрозат напорите за постигнување прекин на огнот, договор за заложници и зголемување на хуманитарната помош за Газа, рече државниот секретар Ентони Блинкен.

„Го отфрламе наводот на обвинителот со изедначување на Израел со Хамас“, нагласи Блинкен, пренесува Ројтерс.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, претходно денеска изјави дека се поднесени налози за апсење против Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант под обвинение за „предизвикување истребување, поттикнување глад како метод на војна, вклучително и негирање хуманитарна помош и намерно таргетирање на цивили во конфликтот“.

Освен тоа, денеска судот побара апсење на лидерите на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије.

Тројцата се обвинети за „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад“.

Родителите преплашени по нападот со нож во училиште во Кина- најмалку две лица загинале

Најмалку две лица загинаа, а 10 се повредени во напад со нож во основно училиште во кинеската провинција Џиангкси.

Полицијата соопшти дека жената (45) го извршила нападот употребувајќи нож за салата. Во меѓувреме била уапсена.

Нападот се случил околу пладне по локално време, но се уште не е познато дали меѓу жртвите има и деца.

По веста за нападот, родителите веднаш се упатиле кон училиштето и го опишале својот страв и шок.

„Дознав околу пладне, бев многу шокиран. Моето дете е петто одделение и безбедно си стигна дома, но училиштето не нѝ извести за ништо и сѐ чува во тајност. Се враќам да го утешам детето и да дознаам што точно се случило“, рече еден родител за Би-Би-Си.

Друг татко рекол дека е многу исплашен и дека не се исплашени само децата, туку и возрасните.

"Наставниците добро реагираа - веднаш објавија фотографии од децата во родителската група, рекоа дека децата се безбедни и веднаш ја заклучија вратата. Ги замолија родителите да дојдат да ги земат", рекол друг татко.

Тој додаде дека наставниците им рекле дека нападот е под истрага и дека не знаат повеќе детали.

Официјално: Ливерпул најде замена за Клоп, од 1 јуни на неговото место доаѓа Арне Слот

Денови на промени во Ливерпул.

Откако Јирген Клоп го одигра својот последен меч со „црвените“ во неделата против Вулверхемптон Вандерерс, клубот денеска откри дека негов официјален наследник ќе биде долгогодишниот шеф на стручниот штаб на Феенорд, Арне Слот.

Тој ќе ги преземе своите обврски на 1 јуни 2024 година, а Ливерпул успеа да се договори со Феенорд за сите детали.

Специјалистот со холандско потекло пристигнува во Ливерпул по големиот успех во Феенорд, каде што го предводеше тимот до титулата во 2023 година, а двапати беше прогласен за тренер на годината во Ередивизие.

Годинава го освои холандскиот куп со Феенорд, откако тимот во финалето го совлада НЕЦ Најмеген со минимален резултат.

Покрај тоа, Слот во текот на кариерата беше тренер на АЗ Алкмар со кого што го освои второто место, веднаш зад Ајакс со кого беше израмнет по бодови, но не и во гол разлика.

Тој ќе стане и првиот шеф на стручниот штаб на Ливерпул кој доаѓа од Холандија, а всушност ќе започне со работа во јули за време на подготовките.

притисни ентер