МакедонијаСѐ позачестени сообраќајни незгоди низ државата–брзото возење најчеста причина „Загина 42 годишен маж од Делчево, излетал од патот, малолетен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа, почина возач, сопатникот тешко повреден, петмина повредени во сообраќајка, меѓу нив и две деца“„Загина 42 годишен маж од Делчево, излетал од патот, малолетен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа, почина возач, сопатникот тешко повреден, петмина повредени во сообраќајка, меѓу нив и две деца“ – се само еден мал дел од медиумските наслови во последниве недела дена, на патиштата во Македонија, во овој период, речиси секој ден има по еден загинат. Брзината и натаму остануваат ризик број еден за прераната смрт на улиците кои се се пораздвижени со потоплото време, велат од МВР.. -Според сите наши анализи, но анализите на другите полиции, брзината е најчеста причина за тешки сообраќајни несреќи, односно оние сообраќајни несреќи каде што имаме жртви, каде што имаме тешки телесни повреди, токму поради тоа, ние како МВР сме насочени најмногу на санкционирање на овој прекршок,- – Тони Ангеловски – Портпарол на МВР. Изминатата година полицијата напишала над 250.000 казни само за пребрзо возење.... Последната тешка сообраќајна несреќа во Скопје се случи на оваа крстосница, а жената чие возило беше преполовено заврши со тешки повреди.. Неколку дена по несреќата екипата на Канал 5 дојде на истото место... Затекнавме од малолетни мотоциклисти на пешачки патеки, до сериозни пречекорување на брзната на партизанска која е ограничена на 50 км на час.. Пешаците пак улиците ги преминуваат ако некој од возилата се смилува да ги пропушти.. Инаку во изминатиов период беа прегазени и неколку пешаци, последниот загина на регионалниот пат Струмица – Валандово.. Според универзитетскиот професор по безбедност во сообраќајот - Зоран Јошевски, недостасува соодветен сообраќен систем, бидејќи државава, според него, во моментов го нема.. Претстојниот период доаѓаат и матурските прослави каде голем дел од средношколците ќе седнат позади воланот. Од МВР апелираат до родителите, но и до матурантите, да не користат возила, заради нивната лична безбедност.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Шоу бизФото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето телоХоливудската убавица актерката Сидни Свини, уште еднаш најде причина да го покаже своето тело.Сидни Свини повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа го искористи својот добро познат трик – односно брендот – за да најде повод да ги покаже своите облини . Сексапилната актерка деновиве е вистинска атракција, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често е активна на Инстаграм, каде што објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзината најнова објава предизвика вистинска помпа меѓу обожавателите на нејзините облини. Се чини дека популарната актерка пронашла доволно добра причина повторно – по којзнае кој пат – да ги покаже своите прекрасни облини и бујни гради. Таа ја претстави новата колекција на својот бренд за долна облека SYRN, а кампањата веднаш привлече големо внимание во јавноста.Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНовата Mazda MX-5 добива електричен погонАвтомобилскиот гигант Mazda потврди дека следната генерација на MX-5 (Miata) ќе може да поддржи целосно електричен погон, иако бензинскиот мотор сè уште не е предодреден за историјата. Извршниот директор на Mazda, Масахиро Моро, изјави дека новиот MX-5 мора да биде подготвен за иднина во која моторите со внатрешно согорување можеби повеќе нема да бидат дозволени поради сè построгите еколошки прописи. Сепак, компанијата има за цел да ги зачува квалитетите по кои моделот е познат – мала тежина и врвно возачко искуство. За разлика од многу производители кои користат скапи материјали како што се јаглеродните влакна, Mazda планира да ја намали тежината на конструкцијата преку употреба на конвенционални материјали и попаметни инженерски решенија. Целта е новиот MX-5 да тежи меѓу 1.000 и 1.200 килограми, што би било исклучително малку за електричен спортски автомобил. Во понудата ќе остане и верзија со бензински мотор. Покрај електричната верзија, се очекува и нова варијанта со бензински мотор – 2,5-литарски четирицилиндричен агрегат од серијата Skyactiv-Z, кој веројатно ќе вклучува и технологија на благ хибрид. Моќноста би можела да достигне околу 220 КС. Новата генерација на MX-5 нема да пристигне пред 2028 година, додека актуелниот модел – претставен уште во 2015 година – ќе остане во производство сè дотогаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗемјата каде што не се остава бакшиш, келнерите трчаат по гостите за да ги вратат паритеИако оставањето бакшиш во ресторани и кафулиња е вообичаен начин за изразување благодарност за добрата услуга во многу земји, во Јапонија таков потег може да има сосема спротивен ефект. Во оваа азиска земја, оставањето пари по оброкот се смета за некултурно, па дури и навредливо. Обичаите поврзани со бакшишот се разликуваат низ светот. Во Обединетото Кралство, Германија, Данска и Шведска, вообичаено е да се остават околу десет проценти од сметката, додека во Франција, Италија и Шпанија луѓето обично оставаат околу пет проценти. Во САД, оставањето бакшиш е практично задолжително и често се движи меѓу 15 и 20 проценти, без оглед на квалитетот на услугата. Сепак, во Јапонија важат сосема различни правила. Според Би-Би-Си, повикувајќи се на туристичката агенција InsideJapan Tours, Јапонците сметаат дека обезбедувањето квалитетна услуга е составен дел од нивната работа; следствено, дополнителните пари не се ниту очекувани ниту посакувани. „И покрај предупредувањата дека бакшишот не е вообичаен во Јапонија, некои туристи сè уште инсистираат да ја покажат својата благодарност со пари, но тоа едноставно не функционира“, изјави Џејмс Манди од InsideJapan Tours за Би-Би-Си. Тој забележува дека не е невообичаено да се види келнер како истрчува од ресторанот по муштеријата за да врати пари оставени на масата. Причината за оваа реакција лежи во јапонската култура, каде што квалитетната услуга се зема здраво за готово како прашање на професионална гордост, а не како средство за заработка на дополнителни пари. Искрената благодарност се цени многу повеќе од бакшишот. Едноставна „оишиката“ - што значи „беше вкусно“ - или „гочисосама дешита“ - израз на благодарност за оброкот - се сметаат за многу посоодветни начини гостинот да покаже задоволство. Придружени со учтив поклон, ваквите зборови имаат многу поголема вредност од парите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook