Започна реконструкција на улицата Загребска - Канал 5

Започна реконструкција на улицата Загребска

Во насока на зголемување на безбедноста на граѓаните и сообраќајот, Општина Карпош денеска започна со реконструкција на улицата Загребска, која води кон Институтот за белодробни заболувања кај децата – „Козле“.

Започна реконструкција на улицата Загребска

Градежната интервенција ќе се одвива во две етапи а денеска започнува првата фаза, односно изградба на потпорниот ѕид на улицата, кој е составен од осум кампади со должина од шест метри, или вкупна должина од 48 метри. Во втората фаза следува реконструкција на коловозната лента во должина од 212 метри завршувајќи до влезот од детската клиника „Козле“, каде ќе се менува старата подлога од коцка со нов асфалт, а ќе се поставуваат и нови рабници долж коловозот. Изведувач на овој инфраструктурен зафат е фирмата Битем ДООЕЛ Скопје, а вредноста на инвестицијата изнесува близу 6.500.000 денари.

По тој повод денеска, на увид на градежните работи присуствуваа заменик – градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Денеска, стартуваме со реконструкција на улицата Загребска која е од голема важност не само за жителите кои гравитираат во овој дел, туку и за сите останати граѓани, бидејќи станува збор за фреквентна улица која води до Институтот за белодробни болести кај децата – „Козле“. Проектот ќе се одвива во две фази, а рокот на неговата изведба ќе биде околу месец и половина. Средствата целосно се обезбедени од Владата на Република Македонија преку јавен повик, на кој Општина Карпош учествуваше со свој проект. Во оваа пригода би сакал да изразам голема благодарност и воедно да ја поздравам успешната соработка помеѓу централната и локалната власт – истакна Крстевски.

Тој напомена дека Општината и понатаму останува посветена кон реализација на инфраструктурни проекти, кои се од особен интерес за граѓаните и унапредување на квалитетот на урбаниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.

Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.

Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер