Започна производството на новиот „Nissan Qashqai“ - Канал 5

Започна производството на новиот „Nissan Qashqai“

Јапонскиот произведувач на средината на февруари, ја претстави третата генерација од најпопуларниот модел во Европа.

Започна производството на новиот „Nissan Qashqai“

По вложување од дури 400 милиони фунти, по повод 35 годишнината од производството на моделите на „Nissan“ во Обединетото Кралство, покрената е нова производна линија во фабриката во Сандерленд.

Ова е важна работа за британската економија. Имено, откако овој кросовер е претставен пред 14 години, секој петти автомобил произведен во Велика Британија е токму „Qashqai“.

Од почетокот на продажбата во 2007 повеќе од 3,5 милиони купувачи одбрале „Qashqai“ произведен во Сандерленд.

Освен новините во полето на дизајнот, „Qashqai“ од третата генерација е поголем од претходникот. Подолг е за 35 мм, а повисок за 25 мм. Меѓуосовинското растојание е зголемено за 20 мм.

Сето ова ќе допринесе патниците на задните седишта да добијат повеќе место за колената (28 мм), додека за возачот и за совозачот се обезбедени додатни 15 мм простор меѓу главата и кровот.

Поголемите димензии ги следат и поголеми тркала, па на купувачите на располагање им се алуминиумски бандажи со пречник до 20 инчи.

Значајна новина се и „Full-LED matrix“ фаровите, кои автоматски ја прилагодуваат светлоста во зависност од условите на патот и сообраќајот во спротивен правец.

Кога станува збор за персонализацијата, во понудата ќе видат 11 боди за надворешноста и 5 двобојни комбинации за кровот во различна нијанса од остатокот на каросеријата.

Новиот „Qashqai“ е попрактичен од претходниот модел, со оглед на тоа дека запремнината на багажникот е зголемена за 50 литри, пред се брагодарение на пониско поставениот под и новата задна суспензија.

Освен што внатрешноста на кросоверот е попространа. „Nissan“ официјално го подобрил и квалитетот на материјалите во ентериерот. Помалку има тврда пластика, а многу површини се помеки на допир во однос на претходната генерација.

Кога станува збор за удобноста и конфорот, меѓу опциите е и функција за масажа во преднеите седишта.

Што се однесува до безбедноста, новиот „Qashqai“ е опремен со последната генерација на „ProPilot“ системот за асистенција, вклучувајќи и иновативно воздушно перниче кое се активира меѓу возачот и совозачот во случај на несреќа.

„Qashqai“ повеќе нема да биде достапен со дизер мотор. Наместо тоа, „Nissan“ се фокусира на технологија на „благи“ хибриди.

Еден таков е и 1.3 литарскиот турбо-бензинец, збогатен со лесна хибридна технологија од 12 V. Овој мотор може да се нарача во две верзии, послаба од 140 коњски сили и помоќна со 158 коњски сили.

Во двете верзии силата стандардно се пренесува на предните тркала преку 6 степен мануелен менувач.

Кај помоќната верзија, може да се доплати и за опцијата со „CVT“ автоматски менувач, а тогаш постои и избор за верзија со погон на сите 4 тркала.

„Nissan“ за новиот „Qashqai“ предвиде и „e-Power“ хибриден погонски систем, кој се разликува од повеќето класични хибриди на пазарот по тоа што бензинскиот мотор е саво во фунскија на генератор на електрична енергија, а не праќа сила дирекно до тркалата.

Од компанијата велат дека ваквото решение овозможува автомобилот подобро да забрзува од самиот старт, како целосно електирчно возило.

Друга предност во однос на автомобилите кои имаат сао електромотор е во тоа што возачот нема да мора да се грижи дали ќе му се испразни батеријата или дали ќе има каде да ја наполни.

Исто така, наместо да чека 30 минути на брз електричен почнач. Можа за неколкуминути да го наполни резервоарот со бензин на секоја пумпа и брзо да го продложни патувањето.

Како генератор на струја во моделот „Qashqai e-Power“ служи 1.5 литарски бензински мотор, а за движење на тркалата е задолжен моќниот електромотор со 190 коњски сили.

Оваа верзија на кросоверлот може да се довие само со преден погон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на настанот „Розов пикник појадок“.

Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи

„Утрово, Градскиот парк осамна во розово, а Школка се отвори за „Розовиот пикник појадок“, каде што разговаравме и ги слушнавме искуствата на жените кои се борат со рак на дојката, но и укажувањата за важноста на превентивните прегледи.

Денот мина во розов ритам, со гласовите на женскиот хор „Фрида“, розовата прошетка и различните содржини: од практична демонстрација за самопреглед на дојките и консултации со специјалисти за реконструктивна хирургија, до „Писмо до идната јас“, како порака што ќе нè пречека по една година.

Ме радува присуството на министерот за здравство Сашо Клековски и неговата поддршка на работата на ХЕМА-ОНКО, во функција на создавање услови за унапредување на превенцијата и навременото откривање, но и за подобра и подостапна грижа за женското здравје.

Ги охрабрувам девојките и жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи, оти сопственото здравје мора да биде императив.

Посакувам „розовото“ што денеска нè обедини да не остане само симбол врзан за октомври, туку да ја обои целата година со повеќе навремено откриени случаи и спасени животи.“- објави Сиљановска Давкова на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?

ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.

СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?

Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите.

Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити.

Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата.

Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски.

Таа влада беше првата демократска по десет години мрак.

Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает.

Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете.

Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони.

Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие - славевте со Гета за 5,53 милиони евра.

Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите.

Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници.

За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки.

За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа.

А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години - половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија.

Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè.

Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате.

Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер