ЖивотЗапочна церемонијата на свеченото отворање на 32 Олимписки игри Попладнево во Токио една година по одложувањето поради пандемијата од корона вирусот започна церемонијата на свеченото отворање на 32 летни олимписки игри во Токио, церемонија поинаква од сите претходни.Во 20 часот по локално време со спектакуларно специфично видео и прекрасен огрномет започна церемонијата на свеченото отворање на игрите. Во јапонскиот главен град. На игрите кои ќе бидат различни од сите претходни учествуваат околу 11300 спортисти од 205 држави од целиот свет кои ќе атакуваат на медалите во 33 спорта. Македонија на игрите во Токио е преставена од осум спортисти во седум спортови меѓу кои се и знаменосците Дејан Георгиевски и Арбреша Реџепи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БалканВо Србија приведени полицајци поради наводна употреба на сила врз демонстрантиВластите во Србија вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи.Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на бетонската настрешница на обновената железничка станица. Протестите на крајот доведоа до падот од власт на Српската напредна партија (СНС), лојална на поранешниот претседател Александар Вучиќ, на вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври, на кои победи „Студентската листа“, движење без истакнат лидер. Министерството во соопштението наведе дека осомничените, припадници на елитна единица, на 14 и 15 август 2025 година мачеле и застрашувале неколку лица заточени во гаража на владин комплекс во центарот на Белград. „Со примена на сила и закани, тие им нанесени голема болка и тешко страдање на поголем број лица, со намера од нив да изнудат информации, да ги заплашат и незаконски да ги казнат“, се вели во соопштението. Министерството ги објави само иницијалите на уапсените службеници и на поранешниот полицаец. Станува збор за први значајни апсења поврзани со насилството врз демонстрантите кои во текот на изминатите две години излегуваа на улиците. Полицијата за време на протестите користеше солзавец, возила за разбивање демонстрации и шок-бомби за да ги растера собраните граѓани. Десетици студенти и активисти кои учествуваа на протестите ја обвинија полицијата за прекумерна употреба на сила, што резултираше со повреди и психолошки трауми. Српските студенти, активисти, опозициски политичари и организации за заштита на човековите права ги обвинија Вучиќ и СНС за политичко насилство, притисоци врз медиумите, врски со организираниот криминал и широко распространета корупција. Вучиќ и неговите сојузници ги отфрлаат обвинувањата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛШ: Историска победа на Кома - 9:1; Арсенал се коцкаше во Прага Фудбалерите на Кома ја одбележаа вечерта во Лигата на шампионите со една од најубедливите победи во историјата на најсилното натпреварување на Стариот Континент.Откако тимот на Сеск Фабрегас минатото коло му „испорача“ четири гола на Манчестер Јунајтед, синоќа во Ланс – спротивно на сите очекувања – легијата странци од крај популарното езеро одржа фудбалска лекција на стадионот „Болар“. Ланс – Комо 1:9! Ова беше шеста последователна победа на „казнената експедиција“ на Сеск во сите натпреварувања, а трета во четири кола од елитното првенство. Но, оваа ќе се памети и прераскажува. Оваа победа влегува во клупските алманаси и во аналите на елитата (како втора најубедлива во историјата). Сите останати натпревари останаа во сенка на неверојатниот триумф на клубот, кој до пред само неколку години настапуваше во втората италијанска лига. Гркот Дувикас, кој се запиша во листата на стрелците три пати, а моментално е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со шест гола, исто така блесна оваа вечер. Во исто време, во Прага, фаворитот Арсенал мораше да вложи многу напор за да го сочува водството против Славија. На крајот „Топџиите“ славеа со 2:1, но Микел Артета ќе има што да им каже на своите играчи, особено за прикажаното во второто полувреме. 4-коло Среда АЕК - Реал Мадрид 2:3 (1:1) Коита 12, Пило 75 - Белингем 32, Мбапе 78, Валверде 90+2 Фенербахче - Ливерпул 3:2 (1:1) Жаке 29 (а.г.), Браун 73, Муричи 79 - Њони 25, Исак 69 Борусија Дортмунд - Бетис 2:1 (0:0) Силва 49, Карекас 72 - Руибал 67 Порто - Наполи 4:1 (1:1) Беднарек 11, Веига 71, Кивиор 80, Саму 89 - Мектомини 43 Ланс - Комо 1:9 (0:3) Агилар 65 - Дувикас 7, 32, 56, Паз 40, Да Куња 47, Кемпф 53, Либерали 62, Батурина 69, Папацоло 90+2 ПСВ - Клуб Бриж 1:2 (0:1) Сано 54 - Тресолди 25, Форбс 65 Лајпциг - Манчестер Сити 2:3 (0:1) Баку 49, Нуса 61 - Лукеба 37 (а.г.), Фернандез 58, Халанд 78 Викинг - Сабах 4:1 (1:1) Ботхајм 27, 90+4, Трипиќ 69, Фалшенер 81 - Ембина 11 Славија Прага - Арсенал 1:2 (0:2) Новак 90 - Мадуеке 9, Ѓекереш 38Тагови: Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот МицкоскиИзвештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени. Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook