Запленет имот од 1,6 милијарди евра од мафијашко семејство - Канал 5

Запленет имот од 1,6 милијарди евра од мафијашко семејство

Италијанската полиција заплени имот вреден над 1,6 милијарди евра од фамилија од Сицилија за која се верува дека е поврзана со влијателен мафијашки клан.

Запленет имот од 1,6 милијарди евра од мафијашко семејство
Запленетиот имот му припаѓа на Кармело Виргa (66), на неговите браќа Винченцо (78) и Франческо (71) и нивните сестри Ана (76) и Роса (68) - пренесе Франс прес.

Се работи за една од најголемите заплени спроведени кога било - опфатени се деловни објекти, замјиште и банкарски сметки, се наведува во соопштението на одделот за борба против мафијата (DIA).

Операцијата била насочена кон „познати бизнисмени на подрачјето на Палермо кои припаѓаат на мафијашкото семејство Маринео, поврзано со кланот Корлеоне - стои во соопштението.

- Со комплексна истрага откриено е дека членовите на семејството Вирга имале корист од поддршката на Коза Ностра во добивањето на работа и јавни тендери во секторот градежништво - се додава во соопштението.

РАИ извести дека сите од тоа семејство во осумдесеттите години од минатиот век биле замјоделци, пред да станат милионери.

По долгогодишната борба против Коза ностра на Сицилија, Камора во Наполи и Нгрангета во Калабрија, италијанската држава сега контролира околу 3 000 компании друг огромен имот запленет од мафијата.

Националната агенција која управува со запленетиот имот од мафијата контролира две милијарди евра во депозити во банки и други средства.





/ извор: Танјуг

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот

​СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе на виделина вистината, не го закажуваат продолжетокот.

Манасиевски: СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот

СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка.

Со денови молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на тие како што велат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка.

Од страв дека може да се дознаат повеќе информации, продолжение на надзорната расправа во Собранието се уште не се закажува.

Сега на граѓаните им е јасно зошто СДС и Филипче толку зборат за некаков српски свет во Македонија.

Основоположници и негуватели на српскиот свет во Македонија се токму Филипче и СДС.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)

Украинските сили погодија и уништија дел од Кримскиот мост, само неколку часа откако Русија започна масивен напад врз Киев, насочен кон два клучни моста над реката Дњепар во украинскиот главен град.

Украинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)

Руската акција беше проследена со жесток украински одговор со напади со беспилотни летала врз Кримскиот мост и голема рафинерија во Башкортостан, длабоко на руска територија, објавува Би-Би-Си.

Според најновите информации, засновани на фотографии од Крим, централниот сообраќаен дел од мостот се чини дека се срушил по нападот.

Украинските сили го нападнаа Кримскиот мост, кој го поврзува Крим со руското копно, втора ноќ по ред, предизвикувајќи прекин на сообраќајот.

Украинските канали за следење на фронтовската линија објавија снимки од експлозии над мостот, но обемот на штетата сè уште не е официјално потврден.

Објавени се неколку видеа на кои наводно се гледа урнатиот главен лак на Кримскиот мост, со тврдења дека бил уништен од украински беспилотни летала или крстосувачки ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

Општина Ѓорче Петров продолжува да ги зајакнува своите активности за енергетска ефикасност, зелена мобилност и одржлив локален развој, потврдувајќи ја својата определба за создавање современа и еколошки одговорна општина.

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

На настанот „Енергетски заедници во локалната самоуправа: Од соларна енергија до зелена мобилност - II“, Општина Ѓорче Петров го претстави својот придонес во развојот на енергетските заедници и успешната соработка со граѓанскиот сектор и стручните организации.

Во рамки на иницијативата се издвојуваат два значајни проекти кои претставуваат конкретен чекор кон поодржлива иднина. Првиот проект се однесува на унапредување на зелената мобилност, преку поставување полнач за електрични возила на паркингот на Општина Ѓорче Петров, во партнерство со здружението „Go Green“.

Вториот проект предвидува воспоставување иновативен агри-фотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, преку проектот „Community Solar Garden“, во соработка со здружението „Изгрејсонце“. Со оваа иницијатива се отвораат нови можности за користење на сончевата енергија и примена на современи одржливи решенија во образовните установи.

Посебно признание беше упатено до здруженијата „Go Green“ и „Изгрејсонце“, како и до SmartAP - Лабораторијата за социјални иновации и сите партнери кои со својата стручност, посветеност и иницијативност придонесуваат за реализација на овие проекти. На настанот беа доделени и благодарници како знак на признание за нивниот придонес и успешната соработка.

Ваквите партнерства се особено важни за креирање и спроведување проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Локалната самоуправа останува посветена на поддршка на иновативни идеи, здружување на капацитетите и воспоставување соработки кои создаваат долгорочни вредности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер