„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи
2„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи
Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
ЖивотЗамрзнат пештерски човек во коцка мраз ги ,,замрзна” посетителите на парк во САД (ФОТО)Во паркот Теодор Вирт во Минеаполис,САД, минувачите биле шокирани од статуата на пештерски човек во голем блок од мраз.Фотографиите од необичната сцена брзо се проширија на Интернет и многумина сметаат дека тоа е повторно мистерија како монолитите што го заинтригираа светот кон крајот на минатата година. Со денови се зборувало за замрзнат праисториски човек, а потоа се дознала вистината. Приказната за човекот во мраз нема мистерија и станува збор за уметничко дело на Зак Шумак кој вели дека неговото творештво има посебна порака за светот. Шумак вели дека со својата бизарна креација, тој сакал да ги тргне луѓето од социјалните мрежи и да ги натера да излезат надвор и да имаат посебно искуство на отворено. Тој за американските медиуми изјави дека сака да им даде на луѓето нешто друго за што можат да зборуваат - нешто позитивно. Тој се надева, дека оваа необична атракција на отворено може да биде нешто што ќе ги охрабри луѓето да излегуваат, да одат во паркови, да одат по патеки и да истражуваат, наместо да седат дома. Се разбира, се додека ја почитуваат физичката оддалеченост во време на пандемијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се сретна со двајца претставници на „Обединети Македонци во Канада“, претседателот Ристо Дурловски и членот Душко Јанков.Тие ја запознаа со животот и успесите, но и со проблемите и предлозите на припадниците на македонската дијаспора, врзани за учеството во економските, политичките, образовните, научните и културните односи во татковината. Неспорно е дека македонската дијаспора од Канада е неразделен дел од македонското национално ткиво, се согласија соговорниците. Претседателката ги информираше за усвоената Национална стратегија за дијаспората, како чекор напред во градењето заедништво преку различни форми на соработка, насочени кон нивно полесно и побрзо интегрирање во македонскиот општествен живот, како и за тековните активности околу формирањето на Советот за дијаспора во рамките на нејзиниот кабинет, предочувајќи им ја можноста и потребата да номинираат свој претставник во него. Нашинците изразија интерес за учество на дијаспората на парламентарните и претседателските избори, за потесна комуникација со Агенцијата за иселништво, како и за интересот за институционално учество во процесот на одлучување во татковината, особено за прашања што директно ги засегаат, како на пример, консултирање при номинацијата на амбасадор и конзули во Канада, но и за други. Исто така, во разговорот, Дурловски и Јанков предочија дека релативизацијата на географијата и далечината, со подемот на вештачката интелигенција и дигитализацијата, кај најмладите генерации на македонска дијаспора, го зголемува интересот за запознавање, студирање, работа и живот во земјата на нивните родители и претци. На крајот, претставниците на македонската дијаспора од Канада и укажаа на претседателката на обврската да ја посети Канада и на лице место да ги собере, види и чуе мислењата на нашите иселеници за прашањата што ги засегаат, а тие, нејзините!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаиКлиматските научници проценуваат дека повеќе од 450.000 луѓе би можеле да починат во текот на следните шест месеци поради екстремните горештини предизвикани од „супер Ел Нињо“.Повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи во светот во следните шест месеци би можеле да бидат поврзани со екстремните горештини што ги носи исклучително силниот Ел Нињо, покажуваат проценките на климатски научници. Проекцијата од околу 451.000 случаи се однесува на периодот од септември до февруари 2027 година и не ги вклучува предвремените смртни случаи што веќе се поврзуваат со долгорочниот раст на температурите. Научниците предупредуваат дека зголемената смртност од горештините би можела да продолжи и до јуни или јули следната година. Најпогодени во следните шест месеци се очекува да бидат Нигерија, Индонезија, Судан, Индија и Бразил, додека меѓу најизложените региони се Сахел и Југоисточна Азија. Во САД се проценуваат околу 3.500 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури. Проекциите се базираат на податоци за односот меѓу температурите и дополнителната смртност во повеќе од 24.000 региони низ светот, комбинирани со прогнозите за Ел Нињо. Научниците велат дека сегашниот Ел Нињо веќе ги надминал претходно забележаните температурни рекорди за овој климатски феномен, неколку месеци пред очекуваниот врв. Покрај екстремните горештини, се очекува зголемен ризик од суши, шумски пожари и поплави, како и последици врз производството и цените на храната. Како итни мерки се препорачуваат подобри предупредувања за топлотни бранови, отворање центри за разладување, дополнителен медицински персонал и поголема заштита на луѓето што работат на отворено. Научниците нагласуваат дека Ел Нињо е природен климатски феномен, но дека неговите последици можат дополнително да се засилат поради глобалното затоплување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со мала до умерена локална облачност и температура до 24 степениУтрово е биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16