Замената на моторно масло кај овој автомобил чини колку нов „SUV“

Освен што за неговото купување треба да издвоите милионска сума, одржувањето на Бугати Вејрон е исто така премногу скапо.

Претходникот на Чирон и денес е поим за автомобил од соништата. И години по прекинувањето на негово производство, цената на пазарот повторно му расте. Но, и самото поседување на ваков автомобил е вистински предизвик.

Покрај исклучително скапата осигурителна полиса, трошоците за одржување одат до небо и тоа без разлика дали го возите овој автомобил или не. Како што е познато, само замената на моторното масло која е многу комплексна чини околу 25.000 долари, што е на нивото на цената на еден нов компактен „SUV“ автомобил.

Авторот на видеото, Мени Козбин, нагласува дека поседувањето на Вејрон е исклучително скапо. Тој поседува два,а еден е доработуван од тјунерската куќа „ Mansory“. Освен тоа, Козбин наскоро ќе има и Бугати Чирон.

Покрај наведената замена на моторно масло, потребно е и менување на гуми и тоа на две до три години. Тоа се дополнителни 38.000 долари. Потоа, по 16.000 прејдени километри е препорачливо е да се заменат и алуминиумските бандажи а тоа значи додатни 50.000 долари. Значи, сопственикот веќе потрошил 100.000 долари а се уште не стигнал до сопирачките или пак до некој посериозен сервис. Потрошувачката на гориво е исто така енормно голема.

Кога се ќе се собере и одземе, некогашната пресметка од 300 долари по пројден километар и денес е доста реална.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер