БалканЗаложничка драма во Анталија: Полицијата преговара со напаѓачите (ВИДЕО)Инцидент во зградата на гувернерот на округот Кепез ја потресе Анталија утрово. Околу 11 часот, маж со иницијали М.Ј., наводно вработен во Окружната дирекција за национално образование во Анталија, пукал со пиштол кон владината зграда, а потоа се заклучил во својата канцеларија. Бројни полициски и медицински екипи веднаш биле испратени на местото на настанот, а зградата била евакуирана од безбедносни причини. #SONDAKİKA Antalya'da Kepez Kaymakamlığı binasında silah sesleri duyuldu. Vatandaşlar binadan tahliye edilirken, bölgeye çok sayıda polis ve sağlık ekibi sevk edildi https://t.co/Nhji4dqc1W pic.twitter.com/R2Qdh0I8AQ — Habertürk (@Haberturk) March 16, 2026 Единица за специјални операции, исто така, влегла во зградата, а полицијата веќе неколку часа се обидува да го убеди М.Ј. да се предаде. Според првичните информации, М.Ј. објавил видео на својот профил на социјалните мрежи во кое се жали на наводно мобинг на работното место, што би можело да биде мотив за нападот. Полицијата им советува на граѓаните да ја избегнуваат областа околу зградата додека не се разјасни ситуацијата.Тагови: Анталија полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство.Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, таа им се придружи на младенците и свадбарите во традиционалното оро. Честитајќи им го бракот на овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски, таа им подари галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија која е симбол на плодноста и македонското свадбено богатство. Сиљановска-Давкова им посака заедничкиот живот да им биде исполнет со љубов, доверба и меѓусебна почит, а домот со разбирање и детска смеа. За неа, семејството е највозвишената човечка заедница, бракот е уметност на неможното, а децата неговото најголемо богатство. Годинашната „Галичка свадба“ започна на 10 јули со традиционалното поставување на свадбарскиот бајрак и симболичното фрлање три пушки од куќата на зетот, со што беше означен почетокот на свадбените свечености. Од година во година, манифестацијата привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи една од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода вкупно осум лица во, кај нив при преглед е пронајдена дрогаЛишени од слобода вкупно осум лица во Скопје, Струга и Кичево, кај нив при преглед е пронајдена дрога.На 11/12.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Е.Б.(23), С.Б.(26), М.С.(33), Л.Д.(29), Е.М.(37) сите од Скопје и М.С.(18) од Тетово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. На 11.07.2026 полициски службеници од ОВР Неготино извршија службен разговор со Н.К.(26) од село Бистренци, демиркаписко, затоа што при преглед од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител. На 12.07.2026 во 01:00 часот, на ул.„Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е Н.М.(18) од струшкото село Мислодежда кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. На 12.07.2026 во 01:00 часот, кај месноста „Китино кале“ во Кичево, лишен од слобода е И.Ѓ.(48) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа непозната бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
СветСАД погодија 140 цели во Иран, Техеран повторно го затвори Ормускиот теснецАмериканските сили погодија околу 140 воени цели во Иран во третиот бран напади извршени во текот на оваа недела, соопшти централната команда на САД – ЦЕНТКОМ.Во нападите биле употребени проектили и оружје лансирано од борбени авиони, беспилотни летала и воени бродови. Меѓу погодените цели биле позиции за ракети и дронови, поморски капацитети, складишта за муниција, комуникациски мрежи и крајбрежни системи за надзор. Причина за последните напади бил нападот врз товарен брод под кипарско знаме од страна на Иран. Техеран соопшти дека бродот се движел по неодобрена маршрута и дека бил погоден откако не ги почитувал иранските поморски инструкции. Новата размена на оган следи по неуспехот за постигнување финален мировен договор меѓу двете страни.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook