СветГори хотел во турското летувалиште Анталија (ВИДЕО)Денеска избувна пожар во хотел во историскиот дел на градот во една од најголемите туристички дестинации во Турција, Анталија.Пожарот избувна во мал двокатен хотел во историскиот кварт Калеиџи во Анталија, објави Анадолија. Пожарот се проширил на уште две деловни згради до хотелот. 10 противпожарни возила и 35 пожарникари се на местото на настанот и се борат со пожарот. 🔥A fire broke out in a small hotel in the historical center of Antalya, Turkey The incident happened in the Kaleichi quarter. As reported by TRT, the fire quickly spread to the entire roof of the building and several nearby houses and buildings. Firefighters arrived at the… pic.twitter.com/okWkLFGSyB — News.Az (@news_az) June 29, 2025 Според очевидци, пожарот избувнал околу 12:00 часот по локално време и брзо се проширил поради силните ветрови. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот во рок од три минути од повикот. Гостите што престојувале во хотелот биле евакуирани. Гувернерот на Анталија, Хулуси Сахин, го посетил делот од градот каде што избувнал пожарот и извршил увид, објави порталот „Алања Постаси“. Гувернерот Шахин изјавил дека пожарот што избувнал во хотелот се проширил на уште две згради и дека се оштетени вкупно три деловни згради. Тој рекол дека повеќе нема ризик пожарот да се прошири на други згради, но дека пожарот сè уште не е под контрола. ❗️Antalya'da tarihi Kaleiçi'nde çıkan yangına müdahale ediliyor 🗣️ Vali Hulusi Şahin: "Otelin 3 odası doluydu, müşteriler hemen tahliye edildi. İtfaiye ekiplerinin bölgede yangını kontrol altına alma çalışmaları sürüyor"https://t.co/lK7r6Zaz4k pic.twitter.com/3Tkn5w1jfj — Gerçek Gündem (@gercekgundem) June 29, 2025 - Три соби во хотелот беа полни, гостите беа веднаш евакуирани. Никој не беше повреден. Пожарникарите продолжуваат со напорите за ставање под контрола на пожарот во областа - истакна Шахин, додавајќи дека сè уште не е утврдено што го предизвикало пожарот.Тагови: хотел Анталија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМладите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов ЗеландПратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПриведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругатаЖак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар 64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook