Експлозијата пред американската амбасада во Осло е оценета како терористички напад, полицијата со детали - Канал 5

Експлозијата пред американската амбасада во Осло е оценета како терористички напад, полицијата со детали

Полицијата во Норвешка сè уште ја истражува експлозијата пред амбасадата на САД во Осло, и во овој момент не е исклучена можноста дека станува збор за терористички напад.

Експлозијата пред американската амбасада во Осло е оценета како терористички напад, полицијата со детали

„Една од хипотезите е дека станува збор за терористички напад, но истрагата сè уште е во тек. Мораме да бидеме отворени за претпоставката дека имало друга причина за она што се случило“, рече Фроде Ларсен, раководител на Заедничката единица за истрага и разузнавање.

Тој рече дека експлозијата најверојатно била предизвикана од „некаков вид експлозивна направа“.

Полицијата е убедена дека амбасадата дефинитивно била целта.

Во овој момент нема осомничени за овој напад.

За потсетување, експлозијата се случила околу 1 часот наутро во ноќта помеѓу саботата и неделата.

Норвешката полиција објави дека безбедноста на одредени локации и објекти е дополнително зголемена.

„Неодамна имавме зголемено присуство во неколку објекти во главниот град, врз основа на безбедносната состојба. По инцидентот синоќа, дополнително ги зголемивме нашите мерки“, рече Грете Матлид, раководител на Заедничката единица за оперативни услуги.

Тие сега ги зголемија и безбедносните и „оперативните капацитети“, рече таа. Меѓу другото, сега имаат полицајци стационирани пред амбасадата.

Таа не сакаше да навлегува во детали за тоа какви безбедносни мерки биле воспоставени во амбасадата во времето на експлозијата.

„Не можам да навлегувам во повеќе детали за тоа сега. Постојат различни безбедносни мерки, но обично не навлегуваме во детали за тоа“, рече Матлид.

Во недела во Осло се закажани голем број големи настани, вклучувајќи го и маршот по повод Меѓународниот ден на жената.

„Сè оди според планот и ја следиме ситуацијата“, рече Матлид, нагласувајќи дека нема безбедносни проблеми околу овие настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП бара „главните партии“ да вратат 4 милиони евра – Не во наше име! Ова не е Македонија!

Ова што го прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од највисоко ниво, од нивните лидери преку нивните партиски соопштенија, е дегутантно. 

ЛДП бара „главните партии“ да вратат 4 милиони евра – Не во наше име! Ова не е Македонија!

На секој граѓанин и на секој образован човек му се превртува во утробата кога ги гледа и слуша секојдневните меѓусебни пресметки. Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабоко огорчување и најостар протест против тоталната деградација на јавниот говор и политичката дебата во нашата земја.

Кога еден лидер на помала партија почна да го користи овој ужасен речник, наместо сите да го осудат и изолираат, сега и “главните партии” почнаа да го практикуваат. Јавниот простор е преплавен со навреди, каде што нормалниот разговор е заменет со токсични квалификации и епитети како „лажго“, „арамија“, „мекотел“, „безрбетен“, „квинслинг“, „душман“, „предавник“, „крвник“, „измеќар“, „пион“, „вазал“, „анароден“, „профитер“, „рекетар“, „клептоман“, „талог“ и „идиот“.

Како дното да нема крај. Ваквите кафански муабети можат само да ја уништат државата, а не да ја направат развиена. Наместо понуда на идеи, економски развој, реформи во образованието и подобрување на животниот стандард, граѓаните се принудени секојдневно да бидат сведоци на најнизок примитивизам.

Затоа, ЛДП бара “главните партии” веднаш да им ги вратат парите на граѓаните, односно сите четири милиони евра што се земаат за финансирање на политичките партии. Граѓаните не можат да врзат крај со крај па уште мора да одвојуваат од својот џеб за “главните партии” да ги користат тие средства за ширење омраза и меѓусебно понижување. Бараме итно враќање на достоинството на политиката. Ова не е Македонија каква што ја сакаат нејзините граѓани — Македонија заслужува култура на дијалог како што не учеа родителите, меѓусебна почит и одговорност пред народот.

Не во наше име! Од ЛДП никогаш нема да видите ваков примитивизам. Упатуваме отворен апел до сите граѓани, интелектуалци и општествени чинители: Заедно да ги осудиме, заедно да ги спречиме!

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поради кит потона јахта од 16 метри (ВИДЕО)

Четири морнари се спасени во Јужниот Пацифик откако кит кашал удрил во нивната 16-метарска јахта.

Поради кит потона јахта од 16 метри (ВИДЕО)

Екипажот поминал часови во сплав за спасување пред да ги пронајде контејнерски брод. Џема и Џереми Купер, Тери Хедерингтон и Мартин Џафр пловеле на јахтата Таи Там во оддалечен дел од океанот, 250 наутички милји од островот Норфолк, кога биле изненадени од силен удар што го соборил бродот настрана, објавува „The Telegraph“.

Џема Купер, Австралијанка, рекла дека силата на ударот ја соборила од кормилото. Кога погледнала кон морето, видела група китови кашал.

„Погледнавме лево и видовме група од шест до осум китови. Тогаш стана јасно што се случило“, вели таа. Таа исто така рекла дека животните биле долги колку самиот брод.

Џереми Купер спиел под палубата во времето на ударот, но ударот го разбудил. „Веднаш беше јасно дека ситуацијата е критична“, изјави тој. „Целата опрема за управување од десната страна беше уништена и голема количина вода влегуваше во бродот.“

Половина час подоцна, околу 13 часот по новозеландско време, екипажот активирал сигнал за помош. Додека ги чекале спасувачите, тие се обидувале да ја извадат водата од јахтата. „Направивме повик за опасност“, додаде Тери Хедерингтон од Нов Зеланд.

Пукање на трупот и навлегување на вода

Додека авионот „P-8A Poseidon“ на воздухопловните сили на Нов Зеланд ги барал, состојбата на јахтата се влошила. Мартин Џафр, столар од Франција, открива дека китот го пробил трупот на неколку места и дека фибергласот пукнал. Кормилото исто така било уништено, па управувањето со бродот станало невозможно.

Џафр се обидел да го спречи навлегувањето на водата со полиуретанска пена и други материјали. Тој нурнал за да го провери трупот, додека другите рачно ја испумпуваале водата за да не се поплави моторот. Околу полноќ ја напуштиле јахтата и го спуштиле сплавот за спасување во мирното море под полната месечина. Го пресекле јажето што ги поврзуваше со бродот од страв дека ќе ги повлече надолу додека тоне.

„Седевме на сплавот и го гледавме бродот како тоне на околу стотина метри од нас. Воопшто не беше пријатен момент“, изјави Купер за „Најн њуз“.

По 18 часа неизвесност, тие беа спасени од контејнерскиот брод „MV Sofrana Surville“, долг 143 метри, кој стигнал до нив следниот ден наутро во 6 часот. Членовите на екипажот се искачиле по скалите, пиеле кафе и разговарале со капетанот, рече Купер.

Снимките од војската на Нов Зеланд ги забележаа моментите од спасувањето. И покрај сè, Купер заклучи со позитивна нота: „Беше прекрасно искуство со ужасен крај, но за среќа, никој не беше повреден“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“.

Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани

„Добар ден и од мене, благодарам на присуството на медиумите.

Денеска сме овде за да направиме увид би рекол на овој клучен проект за градот, јас можам само да додадам на тоа што претходните говорници го кажаа, дека оваа Влада, општините и локалната самоуправа ја поддржува како ниту една Влада претходно.

Од почетокот кога беше оваа влада избрана, таму некаде пред 27 месеци отприлика половина милијарда евра се проектите коишто ги финансираме директно од централниот буџет.

И ако земете наназад, можеби во 35 години независност толку многу проекти од централната Влада за локалната самоуправа и општините не биле финансирани досега.

Така што тоа претставува сериозна поддршка за општините, тоа претставува нешто што за нас како Влада е политика од самиот почеток и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи.

Голем дел од општините подготвуваат проекти за следниот циклус којшто би го финансирала Владата и ценам дека на тој начин ги подобруваме условите за живот на граѓаните, им го подобруваме начинот на живот. Проблеми има, тие проблеми се таложеле, предизвици има, предизвиците се присутни децении наназад. Во зависност од ресурсите и приоритетите, тие предизвици се надминуваат, проблемите се решаваат.

Наша стратегија е да не креираме нови проблеми, а старите да ги решаваме, започнатите да ги довршуваме. Еве слушнавте мислам дека овие три, или четири капитални проекти коишто ќе бидат завршени за градот Скопје до нова година јас ценам дека значително ќе го подобрат начинот на функционирање на скопјани, но и на оние коишто често го посетуваат Скопје.

Би сакал да им честитам на градоначалниците коишто се тука со мене, да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на советниците, на пратениците коишто се борат за проект повеќе во општините од каде што доаѓаат и како претседател на Влада можам да кажам дека посакувам да има уште повеќе проекти коишто ние како Влада би ги финансирале во периодот којшто следи.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер