Законот за јазиците помина на Комисијата за политички систем

Предлог законот за употреба на јазиците денеска беше поддржан од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пратеникот Антонио Милошоски рече дека законот вака како што е предложен води кон целосна двојазичност и федерализација на Република Македонија.
Тој рече дека овој закон е неуставен и ќе ја зголеми недовербата меѓу Македонците и Албанците, а ќе доведе и до дискриминација кај помалите етнички заедници.

Според него, со донесувањето на овој закон ќе има глоби за судовите, обвинителствата, училиштата, универзитетите и кои било други установи кои нема да го спроведат.

Независниот пратеник Ферид Мухиќ рече дека овој Предлог-закон е уставен и се базира на амандманот 5 од Уставот. Тој притоа потенцира дека ставот 2 од амандманот 5 од Уставот предвидува јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните исто така да е службен јазик.

Африм Гаши од БЕСА рече дека ставот на неговата партија е оти употребата на законот треба да се усвои со консензус.
- Да имаме заеднички заклучок од сите политички партии и ова прашање да се затвори еднаш и засекогаш, рече Гаши, додавајќи дека решавањето на овој проблем е од државен интерес.
Според него, со употребата на албанскиот јазик како службен ќе се зајакне стабилноста на државата, ќе се зближат граѓаните и тоа ќе биде добро за целото општество.
Шпреса Хадри од ДУИ смета дека Предлог-законот е од исклучително значење затоа што станува збор за едно универзално право кое луѓето треба природно да го уживаат.
Зборувајќи за глобите во однос на непримената на јазикот, посочи дека тие не се за лица на кои не им е должност да го употребуваат, туку глобите се за институциите кои треба да обезбедат услови за примената на јазикот, а ако не ги исполнат тие услови тогаш следуваат глоби. – Да не манипулираме со граѓаните и да не велиме дека во секоја градинка и во секој дел на Република Македонија каде нема Албанци треба да се употребува албанскиот јазик, рече таа.
Предлог законот за употреба на јазиците е на дневен ред на денешната 15. седница на Собранието на Република Македонија.
Минатата недела поддршка за законското решение даде и собраниската Комисија за европски прашања.

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. /МИА

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и само личен интерес.

За тоа кој ги отвораше клубовите со имиња како Ванчо Михајлов адресата е Белиот дворец на ДПМНЕ. Многу позната адреса каде ЗНАМ ги договара идните чекори за соработка заедно со поддршката на Гордана Силјановска Давкова. Освен сликите на Ванчо Михајлов по штабовите на ДПМНЕ доволно говорат сликите на Мицкоски со основачите на тие клубови по манастирите низ државава за кои не слушнавме ниту збор од ЗНАМ.

Дали е тоа поради враќање на стари долгови за локалните избори 2021 година во Куманово или нови долгови јавноста ќе види многу скоро.

Центар за комуникации на СДСМ

притисни ентер