БалканВучевиќ најави дека новата влада ќе биде влада на континуитетМакедонија ќе најде повеќе од партнер во Србија.Мандатарот на новата српска влада Милош Вучевиќ во експозето на собраниската седница на која ќе се избере владата и новите министри, најави дека таа ќе биде континутет на политиката на досегашните влади и на претседателот Александара Вучиќ. За Македонија кажа дека е држава која во Србија секогаш може да најде партнер и повеќе од тоа, јави дописникот на МИА од Белград. - Владата ќе продолжи да води надворешна политика заснована на политичка независност и воена неутралност, а полноправното членство во ЕУ останува наша стратешка цел, рече Вучевиќ, додавајќи дека идната влада „ќе направи се за да го спречи приемот на лажната држава на Косово“ за членство во ЕУ во Советот на Европа (СЕ), иако призна дека „шансите за тоа не се големи“ и додаде дека „Владата на Србија ќе биде принудена да одговори соодветно“ доколку Косово биде прифатено како членка на СЕ. Во поглед на Русија, Вучевиќ потенцираше дека Србија нема да воведе санкции кон Русија и да „нема да се откаже од пријателството со неа“ и го истакна стратешкото партнерство на Србија со Кина, кое во текот на оваа година ќе биде крунисано со ратификација и стапување во сила на Договорот за слободна трговија. Кога станува збор за регионот, Вучевиќ во експозето истакна дека придонесот на Србија за зачувување на мирот и стабилноста ќе биде активен и континуиран. -Северна Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер и повеќе од тоа. Србите и Македонците повеќе немаат ниту една тема што ги оддалечува. Не постои ниту едно прашање околу кое може да се раздвоиме или околу кое би можело да се направи раздор. Проектот Отворен Балкан дополнително не зближи, а разрешувањето на црковниот спор, ја тргна и последната пречка на патот на изградбата на меѓусебната доверба и зедничката работа каква не е видена од распадот на поранешна Југославија, истакна Вучевиќ, говорејќи одделно за односите на Србија со соседните земји. Вучевиќ при презентацијата на експозето изјави дека Министерството за одбрана и војската на Србија подготвиле неколку модели на воена служба, во траење до четири месеци. На седницата на Собранието на Србија мнозинството пратеници на СНС-СПС и коалициските партнери од помалите партии по експозето на Вучевиќ ќе гласаат за избор на новата коалициска влада на СНС-СПС која ќе има 25 министерства и 31 член. Синиша Мали ќе биде вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ - министер за внатрешни работи и вицепремиер, Александар Вулин - вицепремиер, Ирена Вујовиќ - вицепремиер и министер за заштита на животната средина, Братислав Гашиќ - министер за одбрана, Марко Ѓуриќ - министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ - министер за евроинтеграции, Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ - министерка за рударство и енергетика, Златибор Лончар - министер за здравство,Томислав Момировиќ - министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ - министер за правда, Славица Ѓукиќ Дејановиќ - министер за образование, Немања Старовиќ - министер за вработување, труд, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, министер за семејна грижа и демографија, Никола Селаковиќ, министер за култура, Андријана Месаровиќ, министер за економија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, министер за администрација и локална самоуправа, Jелена Беговиќ - наука и иновации и Хусеин Мемиќ - министер за туризам. Милан Кркобабиќ - министер за грижа на селото, Дејан Ристиќ - министер за информации и телекомуникации, Дарко Глишиќ - министер за јавни инвестиции, Новица Тончев, Усаме Зукурлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура се министри без ресор. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направенаИранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе. Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него. Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност. State Media Video of Khamenei Backfires, Heightening Health Rumors Iranian state outlets released a video titled "First Images of the Leader" showing the Supreme Leader addressing students, following reports of his critical hospitalization. However, Iranian social media users… pic.twitter.com/9sIAQ8IvWa — ME24 - Middle East 24 (@MiddleEast_24) August 8, 2026 Тагови: Моџтаба Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и бројките - или како да се лаже со статистика додека фрижидерот е празенВМРО-ОКГ денеска повторно се фали со „бројки“ и тврди дека СДСМ ширел паника за инфлацијата.Ајде да ги видиме тие „деманти“: 27 март – Филипче вели: цените на храната растат секој ден. Реалност: инфлацијата во април достигна 5,7%. Граѓаните плаќаат повеќе за леб, масло, млеко и месо. На граѓаните не им треба статистика - им треба полн фрижидер. 22 април – Филипче предупредува, спиралата на поскапувања е започната. Реалност: Бензинот беше 70 денари - денес 91 денари за литар. Дизелот беше 65 денари - денес 100 денари за литар. Треба ли уште објаснување? 21 јуни - Филипче вели дека Владата потфрли и дека растот на цените е огромен. Реалност: откако сè веќе поскапе, сега се фалат дека поскапувањето забавило. Класика. ВМРО вели: „Ама просекот е понизок од 2022 година!“ Реалност: споредуваат со една од најтешките светски кризи - пост-ковид, почеток на војната во Украина и енергетската криза. А не споредуваат што граѓаните можат да купат денеска со истата минимална плата од околу 400 евра. Ете како ВМРО ја пласира својата статистика. 14 јули - Филипче повторно укажува на пад на стандардот и нова спирала на поскапувања поради горивата. Реалност: дизелот е 100 денари, минималната плата во Македонија е најниска во Европа. И ако ВМРО сака да ја споредува 2022 година со денес, тогаш да споредиме и цени: • Млеко - поскапено околу 50% • Леб - поскапен околу 60% • Ориз - поскапен околу 70% • Јајца - поскапени околу 60% • Месо - поскапено меѓу 50 и 70% И што сега, ВМРО? Морате да сфатите дека бројките што Мицкоски ги црта по табла како Вучиќ, и соопштенијата што ви ги пишуваат Манасиевски и Петрушев, повеќе не поминуваат. Ова е истата логика како и досега: • Трета економија во Европа, а луѓето немаат за леб, • Најголема куповна моќ, а фрижидерите се празни, • Буџетот е во одлична кондиција, а секоја недела ново задолжување (државата ја задолжија со 2,5 милијарди евра за две години), • Инфлацијата е под контрола, а сè што се јаде и пие чини повеќе, Бројките на Мицкоски живеат во презентации. Граѓаните живеат во продавница. И таму статистиката е јасна: паричникот е потенок, а сметките се подебели. Продолжете да се фалите со проценти. Народот веќе одамна ве мери со празни кеси. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВечерва во Драчево продолжува киното на отворено со филмот „Трето полувреме“Откако вчеравечер филмскиот викенд започна со култниот „Бал-Кан-Кан“, киното на отворено во Драчево продолжува и вечерва. Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, ги поканува граѓаните на уште една филмска вечер во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево. Вечерва, 09.08.2026 (недела), со почеток во 20:00 часот, на големото платно ќе се прикаже „Трето полувреме“, уште едно извонредно остварување на режисерот Дарко Митревски. Присутните ќе имаат можност да погледнат филмска приказна инспирирана од вистински настани, во која ќе можат да уживаат во одличните улоги на Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Тони Михајловски и други. Влезот за сите посетители е слободен.Тагови: Драчево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
До 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05