Законот за државјанство утре влегува во собраниска процедура

Во рок од три години, со македонско државјанство ќе може да се стекнат сите граѓани од СФРЈ кои до независноста на Македонија живееле на територијата на земјава, а како доказ ќе приложат барем еден документ. 

Свидетелство, сметка од платена струја или вода, пасош, лична карта, здравствена или работничка книшка, а меѓу 16те документи кои ќе се сметаат за релевантен доказ се и извештај за лекување во болница во Македонија и штедна книшка. Законот за државјанство утре влегува во собраниска процедура со европско знаменце. Според предлагачите, секое оспорување на овој закон е од националистички мотиви.

Пратениците од Левица се убедени дека Законот за државјанство не е во согласност со европската регулатива и затоа до Собранието денеска поднеле предлог-закон за затворски казни за сите кои учествуваат во злоупотреба на европското знаменце.

Апасиев најави и кривични пријави до спикерот Џафери, министерот за внатрешни работи Спасовски и две советнички кои потпишале дека законот е усогласен со европската регулатива.

За Законот за државјанство е извесно дека ќе гласаат владејачките партии, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат соопштено дали овој предлог за нив е прифатлив.

Тринаесетгодишно куче пронајдено во пештера по два месеци потрага

Според експертите, според неговата возраст, изненадувачки е како кучето преживеало бидејќи било во темница на температура од 14 степени Целзиусови.

Џеф Бонерт го пронашол своето куче Аби, по два месеци потрага, во пештера недалеку од нивниот семеен дом во Мисури.

Тринаесетгодишното куче побегнало од дома на 9 јуни, по што семејството Бонерт постојано го барало. Џеф се откажал од потрагата кога му се јавил соседот кој му рекол дека луѓето кои истражувале блиска пештера пронашле куче и се посомневале дека е негово.

- Во пештерата најдоа куче. Можеби тоа би можело да биде Аби - стоело во пораката што ја добил од соседот.

Бенерт се сомневал во тоа, но бил љубопитен и отишол во пештера во близина на неговата куќа.

Кога ја видел сликата што му ја покажал еден од спасувачите, не можел да поверува.

- Им реков дека тоа е моето куче - изјави Боенрт за АП.

Средбата ја фотографирала неговата сопруга, а интересен е и податокот дека само неколку недели пред кучето да наполни 14 години. Според експертите, според неговата возраст, изненадувачки е како кучето преживеало бидејќи било во темница на температура од 14 степени Целзиусови.

Масивен хакерски напад врз естонската влада откако отстрани советски споменик

Канцелариите и компаниите на естонската влада беа погодени од бран сајбер напади што започнаа веднаш по отстранувањето на советски споменик во земјата.

Во средата, Естонија беше изложена на „најобемниот сајбер напад од 2007 година“, објави во четврток на Твитер државниот секретар за ИТ инфраструктура Лукас Кристјан Илвес.

Сепак, тој рече дека нападите биле „неефикасни“ и поминале „во голема мера незабележани“. Руската хакерска група „Killnet“, наводно, ја презеде одговорноста за нападите. „Дигитална Естонија работи многу“, напиша Илвес, бидејќи земјата која така се нарекува самата себе се гледа како пионир на дигитализацијата во Европа.

Граѓаните на Естонија, со население од околу 1,3 милиони луѓе, можат да ги направат речиси сите административни процедури онлајн. Во вторникот, Естонија отстрани советски тенк споменик во близина на естонско-рускиот пограничен град Нарве и го префрли во музеј. Големо руско малцинство живее во балтичката држава, пренесе Индекс.хр.

Салах обновува црква во Каиро: Донираше 150.000 евра за храмот во кој загинаа 41 лице

Минатиот викенд, најмалку 41 лице, меѓу кои најмалку десет деца, загинаа во пожар во коптска црква во Каиро.

Десетици луѓе беа повредени.

Еден од оние кои први дојдоа на помош со парична донација е Мохамед Салах, најдобриот египетски фудбалер. Напаѓачот на Ливерпул донираше 150.000 евра за реконструкција на опожарената црква Абу Сефеин.

Во пожарот изгоре црквата Абу Сефеин, која се наоѓа во густо населениот кварт Имбаба. Итната помош соопшти дека успеале да го изгаснат пожарот, кој избувнал за време на утринската литургија.

Нејзината причина се уште не е позната. Полицијата претходно соопшти дека првичната истрага констатирала дека пожарот можел да настанал од краток спој.

Коптските христијани сочинуваат околу 10 отсто од претежно муслиманското население во Египет.

Извор: Курур спорт

притисни ентер