Закерберг и неговата сопруга Чан ќе инвестираат 3,4 милијарди долари за развој на науката - Канал 5

Закерберг и неговата сопруга Чан ќе инвестираат 3,4 милијарди долари за развој на науката

Иницијативата Чан Закерберг (ЦЗИ) синоќа објави податоци за плановите за поддршка во таа област, чија цел е набљудување, мерење и анализа на биолошкиот процес низ човечкото тело.

Закерберг и неговата сопруга Чан ќе инвестираат 3,4 милијарди долари за развој на науката

Компанијата што ги води филантропските работи на извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чан ќе инвестира околу 3,4 милијарди долари за подобрување на здравјето на луѓето во следните 10 до 15 години, изјави портпаролот на таа организација.

Иницијативата Чан Закерберг (ЦЗИ) синоќа објави податоци за плановите за поддршка во таа област, чија цел е набљудување, мерење и анализа на биолошкиот процес низ човечкото тело.

Организацијата, која има мисија да лекува, спречи или да управува со сите болести до крајот на векот, соопшти дека својата научна работа во следните 10 години ќе ја насочи кон развој на нови истражувања, институти и технологии кои ја помагаат нејзината мисија.

Портпаролот на ЦЗИ Џеф Мекгрегор рече дека ќе бидат дадени 500 милиони долари за формирање на институт на Универзитетот Харвард кој се фокусира на вештачката интелигенција. Институтот, кој ќе ги добива овие средства во следните 15 години, ќе го носи името на Карен Кемпнер Закерберг, по мајката на Закерберг.

Портпаролот прецизира дека меѓу 600 и 900 милиони долари ќе бидат наменети за нов институт за биомедицинско снимање, а една милијарда долари за Чан Закерберг Биохаб мрежата, нова иницијатива која ги обединува научните институции за работа на „големи научни предизвици".

Посебно од 800 милиони до милијарда долари ќе бидат дадени во следните десет години на Биохаб Чан Закерберг, чија цел е да развие технологии за превенција на болести.

Другата компанија на Закерберг, Фејсбук, неодамна го промени своето име и лого, а новото име е Мета платформс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-Лавров

Во Соединетите американски држави, денеска се оддржува самитот на министрите за надворешни работи на Г20 земјите. 

Самит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-Лавров

Во Атланта пристигна и рускиот шеф на дипломатијата – Сергеј Лавров, кој се очекува да оддржи средба и со државниот секретар на САД – Марко Рубио.

Средбата се оддржува пред трилатералниот самит САД-Русија-Украина првично закажана за 4ти ноември каде ќе продолжат напорите за ставање крај на војната во Украина, но и долгорочни гаранции за безбедност, како за Русија така и за Украина. Дополнително, како што пренесува Ројтерс, Пентагон им порачал на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија да го намалат непријателскиот тон кон Русија и да избегнуваат провокациска реторика во однос на Москва, со цел да не се нарушува безбедноста на Европа.

Рускиот претседател Владмир Путин вчера исто така порача дека доколку би дошло до војна со Европа, Русија е подготвена, но се надева дека нема да дојде до такво сценарио,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%.

Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји.

Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа.

И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер