Зајкова: Доста со „шурење“ на граѓаните – во државава мора да има социјална одговорност - Канал 5

Зајкова: Доста со „шурење“ на граѓаните – во државава мора да има социјална одговорност

„Три години по ред, ЛДП ја води оваа битка во Собранието, а три години по ред сведочиме како мнозинството гласа против граѓаните, а за профитите на банките. “

Зајкова: Доста со „шурење“ на граѓаните – во државава мора да има социјална одговорност

„Додека државата се задолжува и ја полни новата буџетската дупка од 150 милиони евра заради светската криза со нови кредити во име на граѓаните, банките најавуваат нови поскапувања на провизиите за цели 30%. Ова е класично 'шурење' и насилство над народот“, вели во изјава за медиумите претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Зајкова вели дека недозволиво е во време кога секој студент, секој пензионер и секој социјален случај се бори за леб, банките да го гледаат само сопствениот енормен профит. Додека европските семејства уживаат во придобивките од еврозоната, каде многу банкарски услуги се бесплатни, нашиот граѓанин е казнет затоа што има сметка во банка.

„Мојата порака до колегите во Собранието е кратка: Кому му служите? На граѓаните што ве гласале или на лоби-картел за профит? ЛДП повторно го поднесува законот за укинување на банкарските провизии. Овој пат нема простор за политички игри. Математиката е сурова: Секое бебе, секој пензионер, секој работник минатата година им подариле на банките суми кои реално значат една 'тринаесетта пензија' или 'зголемена плата'. Тие пари наместо во приватни недостапни сефови, мора да останат во семејните буџети“, посочува претседателката Зајкова.

„Нема повеќе 'на добра волја'. Ако еднаш дозволивме Гувернерот да ги слушне аргументите на ЛДП и да ги намали трошоците, тогаш Собранието мора законски да го финализира тоа. Бараме едногласно усвојување на законот. Секој пратеник што ќе гласа 'против' или ќе се воздржи, директно им порачува на граѓаните: 'Твојот џеб не ми е важен, профитот на банката ми е приоритет. ЛДП нема да запре“, заклучува Зајкова и дополнува дека ова е борба за достоинство, а не за политика и редно време е да се стави крај на осиромашувањето на народот за богатењето на неколкумина.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долари

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави нето-добивка од 78,4 милијарди рубљи – што е приближно една милијарда долари – за првата половина на 2026 година. 

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долари

Ова претставува значителен пресврт во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата забележа загуба. Во првите шест месеци од минатата година, „Гаспром“ книжеше загуба од 10,76 милијарди рубљи, односно 137 милиони долари. Оваа година, приходите на компанијата пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво, а бруто-добивката за 15 отсто, додека добивката пред оданочување остана стабилна.

„Гаспром“ и понатаму е еден од најголемите светски производители на природен гас, но изгуби значителен дел од европскиот пазар по руската инвазија врз Украина. Европа брзо ја намали својата зависност од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи, а ЕУ планира целосно да го укине увозот на руски гас до 2027 година.

Пред инвазијата, во 2021 година, Европа набавуваше околу 50 отсто од својот природен гас од Русија, главно преку гасоводи. Истовремено, приходите на Русија од енергенти не се целосно прекинати. Во првата половина на 2026 година, Европа увезе рекордни количества течен природен гас (LNG) од рускиот погон „Јамал ЛНГ“, со кој управува „Новатек“, а не „Гаспром“. Според податоците на „Кплер“ (Kpler), увозот од „Јамал“ достигна 9,89 милиони тони, што претставува зголемување од 18 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во последните месеци, Русија исто така најави планови за пренасочување на испораките на гас од европскиот пазар кон Азија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централа

Нивото на водата на најдолгата европска река Дунав е најниско во последните 30 години.

Романија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централа

Романија го исклучува реакторот во нуклеарната централа.

Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ (Nuclearelectrica) денес исклучи еден реактор во нуклеарната централа „Чернавода“ како мерка на претпазливост поради рекордно ниското ниво на водата во Дунав; Министерството за енергетика соопшти дека овој потег има за цел да го заштити системот за ладење.

Реакторот е привремено исклучен за да се спречи евентуално оштетување на системот за ладење, кој зависи од водата од Дунав, истакнаа од министерството.

Нивото на водата во романскиот дел на Дунав минатата недела падна на најниско ниво во последните три децении, што ги натера властите да ја ограничат употребата на речната вода за наводнување, според „Романија инсајдер“ (Romania Insider).

„Нуклеарелектрика“ денес изјави дека реакторот во „Чернавода“ е исклучен во согласност со контролираните процедури за постапување при екстремно ниско ниво на реката, додавајќи дека мерката има за цел да обезбеди нуклеарна безбедност и сигурност во работата на централата.

Компанијата наведува дека одлуката се заснова на најновите прогнози на Романскиот национален институт за хидрологија и управување со води, при што нагласува дека состојбата на Дунав внимателно се следи.

Доколку нивото на водата дополнително опадне, компанијата може привремено да го исклучи и вториот реактор.

Недостатокот ќе се надомести преку увоз. Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација, нуклеарната централа „Чернавода“ располага со два реактора базирани на канадската технологија CANDU, секој со капацитет од 706 мегавати, и обезбедува приближно една петтина од потрошувачката на електрична енергија во Романија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на затворениот базен

[⤵️] Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадрци, Митко Јанчев.

Јанчев:  Напредуваат градежните активности на затворениот базен

Овој затворен базен е со димензии 25×9 метри и длабочина од 1,20 метри. Истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани.

Во моментов започна лепењето на плочките во базенот, паралелно се работи во машинската просторија, а интензивно се изведува и партерното уредување на просторот околу објектот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер