3Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
1Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
СветЗахарова: Западот насилно ги прекрои границите на Србија, ставовите на ЕУ се контрадикторниПортпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги оцени како апсурдни условите на Европската Унија за постигнување мир во Украина и обвини дека западните држави насилно ги прекроиле границите на Србија.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги оцени како апсурдни условите на Европската Унија за постигнување мир во Украина и обвини дека западните држави насилно ги прекроиле границите на Србија, пренесува РТС. Коментирајќи ги условите што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги претстави како рамка за мир, Захарова напиша на својот канал на Телеграм дека ЕУ тврди оти границите не можат да се менуваат со сила, но дека истите тие држави го прекршиле тој принцип во случајот со Косово. „Не е можно Урсула да не слушнала за Косово. Западот прогласи и со сила спроведе еднострано прекројување на границите на Србија, спротивно на волјата на српскиот народ“, напиша Захарова. Таа оцени дека ставот на ЕУ дека Украина не треба да ги ограничува своите вооружени сили значи одземање право на една суверена држава да решава за сопствениот одбранбен капацитет. Потсети и дека Германија прифатила слични ограничувања по Втората светска војна. Во однос на изјавата на Фон дер Лајен дека ЕУ игра централна улога во обезбедување мир за Украина, Захарова праша „во кој момент точно“ Унијата обезбедувала мир. Таа го нарече „најапсурдно“ тврдењето дека Украина избрала европска иднина, потсетувајќи дека поранешниот украински претседател Виктор Јанукович го суспендирал договорот за интеграција поради неподготвеноста на економијата и законодавството. Според неа, тоа резултирало со „уште еден Мајдан“, неуставен пуч во 2014 година и воспоставување „неонацистички режим“ во Киев. Претседателката на Европската комисија претходно изјави дека Унијата се противи на какви било промени на украинските граници и не поддржува ограничувања што би ја ослабеле украинската армија. Таа најави дека ЕУ и „коалицијата на подготвените“ утре ќе разговараат за процесот на преговори за Украина. Кремљ повтори дека Русија останува подготвена за преговори и дека стои на ставовите изнесени во Анкориџ на средбата меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп.Тагови: ЕУ Марија Захарова украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАларм низ училиштата низ Србија- сите ученици се евакуирани Во училиштата ширум Србија денеска стигнаа извештаи за поставени бомби. Била алармирана полиција, а учениците биле евакуирани. Утринава се евакуирани ученици од пет основни училишта и едно средно училиште во Лесковац поради дојава за бомба. Пријавите, како што беше речено, стигнале на училишната електронска пошта, како и досега, за Југмедија потврдуваат во ПУ Лесковац. Станува збор, меѓу другото, за Музичкото училиште во Лесковац, ОУ „Свеозар Марковиќ“ во Вучје. Исто така, од утринава дојава за бомби има во повеќе основни и средни училишта на територијата на Јужнобачкиот регион. Преку е-маил адреси на училишни институции пристигнале пријави дека во училишните простории биле поставени експлозивни направи. Да потсетиме, утринава поради дојава за бомба беше евакуирано и основното училиште „Вук Караџиќ“ во Нови Сад, а работата беше прекината во многу училишта во Белград. Причината е иста - дојава за бомба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалГранит Џака е осуден поради лажен сертификат за ковид вакцинаНа капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, му е изречена условна парична казна од 150.000 швајцарски франци поради набавка на лажен ковид-сертификат. Одлуката е донесена од Јавното обвинителство во Луцерн, а Џака јавно потврди дека ја прифаќа казната и ја презема одговорноста за своите постапки. Казната е одредена во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со условен период од две години. Тоа значи дека фудбалерот нема да мора да ја плати сумата од 150.000 франци, под услов да не стори друго кривично дело во наредните 24 месеци. Тој веќе ги подмирил судските трошоци. По завршувањето на постапката, швајцарскиот репрезентативец се огласи на социјалните мрежи за да ги потврди деталите од одлуката на обвинителот. „Пред неколку недели лично се огласив овде и изјавив дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Стојам зад тоа. Откако дадов целосен исказ пред јавното обвинителство, обвинителот сега донесе одлука“, изјави Џака. Потоа ја објасни казната што му беше изречена. „Со казнен налог, бев осуден за прибавување лажна потврда и добив условна парична казна во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со двегодишен пробен период. Тоа значи дека казната нема да се изврши освен ако не сторам ново кривично дело во тој период. Веќе ги платив процедуралните трошоци. Ја прифаќам одлуката и ја преземам одговорноста“, рече фудбалерот. Тој исто така им се заблагодари на сите што го поддржуваа во изминатите неколку недели. „Ви благодарам за бројните пораки за поддршка во последните неколку недели. Тие многу ми значат“, додаде тој. Скандалот излезе на виделина во средината на септември, кога швајцарскиот весник „Блик“ (Blick) објави дека е покрената истрага против Џака. Неколку дена подоцна, фудбалерот призна дека во 2022 година прибавил лажна ковид-потврда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаСДСМ: Уште еден Спутник, Српска лига на далечинско, конгрес без членовиСаша Богдановиќ држи прв изборен конгрес на здружение Српска лига. Најавено уште во март. Сега, кога арамијата бара алиби за избори, сателитот добива датум.Во Орбан–Вучиќ медиумите го продаваат како поранешен функционер на СДСМ. Градоначалник на Центар, 2017 година. Намерно се прескокнува ЗНАМ, прва верзија. Екипата што ја делеше партијата, заедно со Максо. Прво партијата. Потоа гласачите. Сега нова фирма. Помлада верзија на Стоилковиќ. И полоша. Неспособен оперативец, со години на услуга на српската БИА. Кога на јавноста ѝ е јасно дека министерот работи српско-руско-кинеска агенда, треба нова верзија да ги собере гласовите што Стоилковиќ ги губи. Иста матрица како Српската лига во Србија: еден човек, членовите не се гледаат. Лигата таму излезе од проруски ориентирани фашисти, претходно Трета Србија, име што алудира на Трет рајх. Богдановиќ нема капацитет да ја прочита службата. Извршува. Почетокот на годината, фалејќи го Вучиќ, СДСМ ги нарекува Усташи. Иста кампања како во Србија, каде студентите се Усташи. Иста како талогот на арамијата, по терк на Ванчо. На мрежите се кити со Вучиќ и со однос кон Русија. Уште еден српско-руски Спутник, покрај Левица, анти-НАТО и анти-ЕУ, и покрај Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони. Уште една проруска, антизападна партија во Македонија. Арамијата, стар руски прокси, не знае да склопи партија што барем на старт гледа кон Европа. Далечинскиот му е правен во Кремљ. Друг јазик не познава. Полетувањето е неуспешно пред да заврши конгресот. Овој Спутник, оваа нова Лајка на Вучиќ, нема да се врати. Сателит не е опозиција. Тоа е алиби за банда што останала без рејтинг и без пари. Скопје, 09.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter