Заглавените астронаути на Вселенската станица со Божикна порака (ВИДЕО) - Канал 5

Заглавените астронаути на Вселенската станица со Божикна порака (ВИДЕО)

Астронаутите заглавени на Меѓународната вселенска станица за Божиќ испратија празнична порака на Земјата.

Заглавените астронаути на Вселенската станица со Божикна порака (ВИДЕО)

Сунита Вилијамс, Бери Вилмор, Дон Петит и Ник Хејг беа лансирани во вселената на 5-ти јуни во мисија што требаше да биде осумдневна пробна мисија.

Но, вселенското летало Старлајнер направено од Боинг претрпе неколку технички проблеми, вклучително и истекување на хелиум и дефекти на погонот, и оттогаш не може да се врати, пренесе Скај Њуз.

Во видео-пораката, снимена на 23 декември, Хејг вели: „Сезона на празници, се работи за поминување време со пријателите и семејството и саканите - оваа година ќе бидеме во орбитата подалеку од нив, па сакаме да испратиме Среќен Божиќ од срце и се надеваме да имате прекрасен празник“.

Во клипот, астронаутите си дофрлаат меѓусебно бонбони, а Хејг додаде: „Не сме единствените кои ќе поминеме време далеку од нашите семејства.

„Има огромен тим на теренот кој ќе нè поддржи со контролите на мисијата ширум светот за време на празниците и сакам да им се заблагодарам за пожртвуваноста што ја прават заедно“.

Конечно, Петит вели дека празниците се „синоним за храна и гозба“ и покажа непропустливо пакување со конзервирана храна.

YouTube video

Ова не е прв Божиќ што Вилијамс го поминува пркосејќи ѝ на гравитацијата - таа беше во вселената за празничната сезона во 2006 година.

Минатиот месец, екипажот доби слободен ден за да го прослави Денот на благодарноста - и исто така одвои време од нивните должности за да го даде својот глас на американските избори на 5 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши од Рим: Силни институции за доследна примена на правилата

Африм Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“.

Гаши од Рим: Силни институции за доследна примена на правилата

На конференцијата на претседатели на парламенти и на генерални секретари на земјите членки на Советот на Европа, која на 15 и 16 октомври 2026 година се одржува во Рим, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“.

Во својот говор пред колегите, претседателот Гаши нагласи дека во услови на зголемена неизвесност и сложени геополитички, безбедносни и економски предизвици, меѓународното право претставува клучен предуслов за зачувување на мирот и стабилноста, заштита на суверенитетот и правата на државите и воспоставување јасни правила во меѓународните односи. Притоа, ја истакна потребата од силни институции што ќе обезбедат доследна примена на овие правила, посочувајќи ја улогата на парламентите во демократскиот надзор, легитимирањето на меѓународните обврски и поттикнувањето на дијалогот и соработката.

Осврнувајќи се на улогата на Советот на Европа, тој го истакна придонесот на Организацијата во унапредувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Нагласи и дека парламентарната дипломатија е важен инструмент за зајакнување на меѓусебната доверба, продлабочување на меѓупарламентарниот дијалог и развивање долгорочни партнерства засновани на соработка и почитување.

Во контекст на современите предизвици, претстедателот Гаши ја потенцираше важноста и на регионалната соработка и координираните активности за зајакнување на колективната отпорност и справување со заедничките безбедносни, економски и социјални предизвици. На крајот заклучи дека преку отворен дијалог, размена на искуства и меѓусебна поддршка, парламентите можат да придонесат кон траен мир, стабилност и одржлив развој, во интерес на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија

Случајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија

Случајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се следните чекори на државата по бегството на Михаилова во Бугарија.

Запрашан како го коментира негирањето на бугарското Министерство за надворешни работи дека бугарските власти учествувале во изнесувањето на Михаилова од Македонија, Мицкоски одговори со контрапрашање.

„А, што очекувате, да кажат дека учествувале во такво нешто?“

Дел од тие докази коишто ќе ги имаме во истрагата прво ќе ги презентираме прво пред нашите меѓународни партнери во НАТО, за да покажеме како партнерски земји во НАТО се однесуваат. Овој упад којшто е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши. Вака едноставно нема да заврши. Но, ние исто така нема да дозволиме, да бидеме жртва на емотивни реакции. Ние ќе продолжиме со она што е нас интерес, а тоа е процесот на евроинтеграција и нема да ги напуштиме преговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш испрати порака дека случајот со бегството на Михаилова ќе добие правна завршница, и ги отфрла обвинувањата од опозцијата за договор со бугарските власти за нејзиното пуштање.

„Со одговорот на бугарските власти најпрво паднаа во вода координираните напади што доаѓаа оттаму и од нашата опозиција дека нешто било договорено. Имаме потерница и очекуваме родителот на Ива, кој е осуден, да биде вратен, а Ива да дојде и да ја докажува невиноста пред судовите во Македонија“, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече и дека истрагата околу бегството на Михаилова на 11 октормври е во тек, но не сакаше да открива повеќе детали од истата.

Веќе на 12 септември беше распишана потерница за неа, но бугарското МВР преку соопштение навести дека нема наемра ниту да ја приведен, ниту да ја екстрадира, повијувајќи се на уставот на Бугарија.

По првичните изјави што ги даде по доаѓањето во Софија, Михаилова не се појави веќе во јавноста, а нема информации ниту каква дијагноза и утврдиле лекарите во Пирогов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното море

Романија побара поголема поддршка од сојузниците за заштита на пловидбата во Црното море, по серијата напади со дронови врз трговски бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.

Романија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното море

НАТО разгледува дополнителни мерки за намалување на ризиците за поморскиот сообраќај.

Според извештајот на „Асошиејтед прес“, во октомври биле погодени најмалку седум товарни бродови, а во нападите имало загинати и исчезнати членови на екипажите. Инцидентите ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на транспортните правци преку кои се извезуваат украинско жито и други стоки.

Меѓу опциите што се разгледуваат се зајакнување на одбраната од беспилотни летала и воспоставување заедничка команда на нато во Црното море, со учество на Романија, Бугарија и Турција. Во дискусиите е вклучен и предлог за мораториум на нападите врз цивилни и трговски бродови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер