Шоу бизЗагина израелскиот кандидат за Евросонг, татко му салутира пред горобот (ВИДЕО)Израелскиот војник Шаул Гринглик, кој се пријави на Евровизија, е убиен во Појасот Газа.Гринлик се појави на 3 декември во „Израелската ѕвезда во подем“. Тој во тоа време бил на одмор, откако бил мобилизиран во војната против Хамас. Иако влезе во потесниот круг, Шаул сепак донесе одлука да се повлече од музичкиот натпревар, поради неговата должност кон државата, која подоцна го чинеше живот. Потресни фотографии од таткото на војникот и музичар како поздравува над неговиот гроб, во униформа, сега кружат низ светот. View this post on Instagram A post shared by Israel Hayom | ישראל היום (@israelhayom) Ужалениот татко е на фотографијата со солзи во очите, а околу него се и други војници кои дошле да го испратат Гринглик во неговиот вечен дом.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во КиевРуски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна. Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм. Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев. Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели. russian terrorists have already attacked two gas stations in Kyiv this morning. This is the fucking “nuclear power” the world is so afraid of. A country 28 times larger, reduced to terrorizing gas stations in Ukraine’s capital. This is russia’s “great power.” https://t.co/eSi7IISRBL — UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) September 15, 2026 Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаКратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеникКумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело. Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина. Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо нивоПремиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија. Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации. Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“. Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.Тагови: САД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter