Заев за ДВ: Ние сме лидери на Балканот, кога Еу ќе биде подготвена нека ни се јави

Македонија е лидер во регионот, а кога Европската Унија ќе се одлучи да го направи следниот чекор да ни се јави – вели во интервју за емисијата Конфликт Зоун на Дојче Веле премиерот Зоран Заев. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Две езера во Аргентина станаа розови, научниците загрижени (ВИДЕО)

Две езера во крајбрежниот регион Патагонија во Аргентина станаа флуоресцентно розови поради сеуште необјасниви феномени за кои локалните екологисти стравуваат дека можат да бидат предизвикани од индустриска контаминација.

Езерата, лоцирани во близина на индустриски парк во предградието на аргентинскиот град Трелев, се наоѓаат на прашлива рамнина Патагонија. Во објавите на официјалната веб -страница на општина Трелев стои дека службениците на таа општина неодамна наишле на камион кој фрла отпад во одводот.

Властите дале спротивставени мислења за локалните медиуми дали е ненадејна промената на бојата на езерото, но еколозите се многу загрижени.

Локалниот активист Пабло Лада, член на аргентинската Национална еколошка мрежа (РЕНАЦЕ), за Ројтерс изјавил дека ова потенцијално може да се должи на бојата додавана на ракчињата што се одгледуваат во близина, за да ја добијат нивната типична розова нијанса.

„Мислам дека оваа розова лагуна открива колку лошо се постапува со отпадот во близина и во самото езеро“, рече Лада.

Локалните и регионалните службеници за заштита на животната средина ги истражуваат причините и потенцијалните оштетувања на езерата, но сеуште немаат донесено заклучоци.

Научниците се обидуваат да го спречат изумирањето на белите носорози, останале само две женки

Екипа од меѓународни научници кои работат на изнаоѓање начини за што побрзо спасување на редок вид на северен бел носорог, велат дека постигнале напредок со производство на уште три ембриони.

Конзорциумот BioRescue, предводен од професорот Томас Хилдебрант од Лајбниц институтот за зоолошки градини и диви животни во Германија, соопштил дека овој месец се произведени уште три ембриони од подвидот на носорогот, со што вкупниот број живи ембриони се искачил на 12.

Научниците зеле јајца од една од двете преостанати женки од северниот бел носорог во паркот за диви животни во Кенија. Замрзнатите сперматозоиди од двајцата мртви мажјаци биле користени за оплодување, и велиот експеримент е направен во италијанска лабораторија.

Два од трите нови ембриони се произведени со користење на семето на северниот бел носорог, чиј генетски код служи за сите постоечки ембриони.

Сепак, третиот ембрион е произведен откако семето на Ангалифу, носорогот што живеел во Сафари паркот Сан Диего, а почина во 2014 година, е користено за прв пат.

Сегашниот план е да се создаваат повеќе ембриони на секои три до четири месеци, а тие наскоро ќе бидат всадени во сурогат мајки, женки на јужниот бел носорог, за да се спречи изумирањето на северната варијанта на белиот носорог. Тоа е потфат кој започнал во 2019 година.

Санкционирани 51 возач за пребрзо возење на територија на СВР Битола

Полициски службеници од СВР Битола денеска од 8 до 13 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 51 возач.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, известуваат од МВР.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август 2021 година (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

-Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот утре, па сè до 22.00 часот на 2 Август, на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место наречено Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен, информираат од полицијата.

За безбедно одвивање на сообраќајот потребно е да се почитуваат сообраќајните знаци, прописи и наредби на полициски службеници, велат од МВР.

притисни ентер