Заев за ДВ: Ние сме лидери на Балканот, кога Еу ќе биде подготвена нека ни се јави

Македонија е лидер во регионот, а кога Европската Унија ќе се одлучи да го направи следниот чекор да ни се јави – вели во интервју за емисијата Конфликт Зоун на Дојче Веле премиерот Зоран Заев. 

Во интервјуто тој повторува дека земјава направила се што било побрано, а сега ред е на Унијата да ги оствари своите ветувања. Во спротивно како што кажа тој земјите од Западен Балкан кои се оставени пред вратите на ЕУ, можат да се соочат со други влијанија. Европеизацијата и членството во ЕУ, според него немаат алтернатива.

-Кога (ЕУ) ќе одлучат да ни го овозможат овој заслужен следен чекор за Македонија, нека ни се јават, затоа што по 16,5 години чекање, тоа е преголема траума по се што поминавме. И секако, имавме 12 позитивни препораки од Европската комисија, имаме 100% успешност на реформскиот процес според последниот извештај за Западниот Балкан и Турција, ние сме најдобра држава со највисок резултат со остварени 63% од заклучоците за реализација на Програмата за економски реформи. Ние сме лидери тука на Балканот. Затоа кога ќе донесат одлука ние сме подготвени, а во меѓувреме, ќе ја продолжиме европеизацијата на Македонија,вели Зоран Заев – Претседател на Владата.

Прашан пак за спорот со Бугарија, премиерот вели дека е оптимист и очекува некакво придвижување на процесот откако ќе се формира стабилна Влада кај нашиот источен сосед. Сепак, Заев додава дека доколку има можност, Македонија и Албанија може да бидат разделени на европскиот пат и официјална Тирана да ги започне преговорите за членство пред нас.

-Секоја земја заслужува свој мерит систем. И посакувам среќа на нашиот западен сосед Албанија да продолжат по патот, доколку има можност со блокадата од Албанија. Нормално, нашите соседи заслужуваат да продолжат по сопствен европски пат и нема потреба да се биде поврзан со други земји,вели Зоран Заев – Претседател на Владата.

Покрај за Европската перспектива на Македонија, голем дел од интервјуто беше посветен на борбата против корупцијата. Прашан за извештајот на Транспаренси каде земјава е најлошо рангирана досега, Заев вели признава дека тој навистина е лош, но е во исто време според него, тоа било и поттик за подобра работа.

Грција воведува шестдневна работна недела

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела.

Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper.

Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба, која стапува во сила од 1 јули, не мора да ја следат работодавачите на фирми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле пет дена во неделата. Има и други исклучоци.

Во однос на ограничувањата, вработен во шестиот работен ден не смее да работи повеќе од 8 часа и не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

Американците се згрозени од снимката на наставник како претепува ученик,додека другите гледаат

Наставник (27) претепал ученик кој наводно го навредувал на расистичка основа, а инцидентот се случил пред очите на другите ученици во училиштето Валеи во Лас Вегас.

Во вознемирувачкото видео е снимено како наставникот му удира шлаканици на ученикот, па го фрла на земја и го клоца пред насобраните средношколци.

Според првичните информации, ученикот го нарекол наставникот „црнец“, што резултирало тој да се налути и да се соочи со младиот човек.

Откако видеата беа објавени во јавноста, полицијата ги уапси наставникот и ученикот, а локалните власти известија дека на 27-годишниот маж отсега ќе му биде забрането да предава во областа.

По нападот ученикот бил примен во болница каде се уште е таму поради повредите со кои се здобил во нападот.

Наставникот, меѓу другото, е обвинет и за нанесување тешка повреда и бил пуштен со кауција од 9.000 долари, а судењето е закажано за подоцна.

Во музејот на Битлси во Ливерпул е изложен познатиот јапонски сервис за чај на Џорџ Харисон

Јапонскиот сервис за чај, купен од англискиот гитарист, пејач и поранешен член на Битлси Џорџ Харисон во 1966 година за време на турнејата на Битлси низ Јапонија, е изложена во музејот на Битлси во Ливерпул.

Сервисот, еден од трите купени од Харисон во Јапонија, му го подарил менаџерот на турнејата Нил Аспинал на неговиот син Роаг Бест, кој сега го води музејот на Битлси.

Како што изјави, на тридневната турнеја, Битлси свиреле за повеќе од 10.000 луѓе по концерт.

„Битлеманијата навистина ја погоди Јапонија. Тие не можеа да ја напуштат хотелската соба“, рече Бест, кој е син на Аспинал и Мона Бест и полубрат на Пит Бест, оригиналниот тапанар на Битлси.

Тој изјавил дека неговиот татко, маскиран, го придружувал Џон Ленон, додека еднаш излегувале од хотел во Токио, еднаш излегол и Пол Макартни со маска, но Ринго Стар и Харисон останале заклучени во собите.

„Тие сакаа да купуваат работи на турнеја, но бидејќи не можеа да излезат, луѓето ги носеа своите производи во нивните соби. Џорџ купи три многу украсени јапонски чајни комплети кои потоа ги испрати назад во Англија. Чуваше еден, татко ми дозволи тој да избира од преостанатите два, а третиот и го дал на мајка си“, рекол Бест, пренесува Би-Би-Си.

Сервисот е префрлен во Ливерпул, во куќата на Мона Бест, сопственик на клубот „Касба“.

Бест изјавил дека на сетот недостасуваат три чаши кои ги скршил кога имал 15 години.

Тој додаде дека се надева дека сервисот за чај ќе биде од особен интерес за фановите на Битлси од Јапонија кои го посетуваат музејот во Ливерпул.

„Фан клубот на Битлси е еден од најголемите по членство и има околу 40.000 фанови. Мислам дека ова ќе им се допадне“, рече Бест.

притисни ентер