Тој истакна дека помеѓу него и Груевски има огромна разлика, зашто тој ја познава земјоделската мака и знае како од земја се вади леб. Пред своите струмичани ја образложи програмата особено политиките за развој на земјоделието.
- Генералниот концепт за враќање на средната класа има за цел да ги врати парите назат кон граѓаните. Концептот има две цели од кои првата е целосно да ги растовари граѓаните од измислените модерни давачки, да ги ослободиме земјоделците од персоналниот данок, да се зголеми за 40 отсто социјалната помош, да се укине радиодифузната давачка за социјалните случаи,... Втората цел е директно да ги враќаме парите во секое семејство од ДДВ. Така ќе вратиме 130 милиони евра, рече Заев.
Носителот на кандидатската листа за пратеници на СДСМ во 4 изборна единица, Хари Локвенец, рече дека најголем проблем на Македонија е масовното исселување на младите од државата и тој тренд мора да се спречи.
На митинзите во струмичко присуствуваше и потпретседателката на СДСм радмила Шеќеринска, а зборуваа и кандидатите за пратенци од овој регион, Панче Орцев, Марјан Даскаловски и Живка Гавровска.
Сузана Мицева .
Пендаровски: Нема да биде доволна само мојата победа
Кандидатот за претседател од Коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски на вечерашните средби со граѓани на скопските населби Кисела Вода и Мичурин порача дека нема да биде доволна само неговата победа на претседателските избори, туку е неопходна и промена на власта.
- Нема да биде доволна само мојата победа, туку е неопходна и нова влада. Во спротивно, последиците ќе бидат катастрофални, рече Пендаровски.
Нагласи дека никој, па ни СДСМ, не може да вети моментално подобрување на состојбата во Макединија. Според него, процесот ќе биде долг, но успешен.
Рече дека не бил остар во телевизиското соочување на кандидатите во саботата, бидејќи сметал дека Иванов не му е достоен противник.
- Не ми беше ќеф, затоа што Иванов е само чирак на Груевски, рече Пендаровски во Кисела Вода.
Тој посочи дека македонскиот образовен систем не нуди квалитетни кадри.
- Нема квалитет, туку само квантитет во образованието. Масовно се штанцаат магистри и доктори, а во исто време невработеноста енормно расте, посочи Пендаровски.