Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и очекува да ја види  МПЦ-ОА како автокефална.

Два дена по претседателот Пендаровски и премиерот Заев му испрати писмо на вселенскиот патријарх Вартоломеј во кое побара уште еднаш да се заложи за признавање на автокефален статус на МПЦ-ОА со што би станала дел од заедницата на помесните православни цркви.

Во писмото меѓу другото се вели:

-Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот. Православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и очекува да ја види МПЦ-ОА како автокефална, се наведува во писмопто на Заев до Вартоломеј.

Премиерот Заев на прес конференција го дообјасни мотивот за повторното обраќање до Вартоломеј во кое го потсети за јануарската средба во Истанбул на која заедно со Спасовски побараа од Вселенскиот патријарх лична заложба во утврдувањето на црковниот статус.

Професор доктор Цане Мојановски во ваквите зачестени преписки на државно владиниот врв со Вселенската патријаршија гледа како обид на политичкото раководство да го поттикне решавањето на отворените прашања со соседите во правец на интегративните процеси со Европската унија.

Мојановски не исклучува можност Вселенскиот патријарх во нашиот случај да постапи како во случајот со Украинската православна црква и тоа наскоро независно што црковното поимање на времето се разликува од световното.

По јануарската средба на Заев и Спасовски со Вартоломеј, Вселенскиот патријарх вети дека ќе повика делегации на двете цркви за да ги види двете гледишта.

Поради корона кризата не дојде до физичка средба, но како што за Канал 5 потврди владиката Тимотеј , тие целото ова време одржувале контакти со вартоломеј и неговите претставници но засега деталите од разговорите се чуваат во тајност.

Модел снима од нејзиниот заден џеб да види колку луѓе зјапаат во неа (видео)

Откако го видела трендот на Тик Ток, моддлот Алексис Морган решила да го стави телефонот во задниот џеб за да може да снима додека се шета. 

Идејата била снименото видео да покаже колку луѓе, воглавно мажи, зјапаат во личноста додека ги вршат секојдневните работи.

Оваа 24-годишна девојка од Мајами, Флорида, открила дека различни мажи го креваат погледот за да ја видат одзади. Во една од снимките, мажите ги вртат главите за 180 степени, дури и заземаат позиции за подобро да ја видат Алексис. Други пак, и даваа знак на одобрување додека минувала покрај нив. Еден маж се приклештил на подот и ја завртел главата за подобро да ја види Алексис, а двајца мажи во ресторан подзинале додека ја гледале.

Алексис тој тренд го воведе на нејзиниот профил на Инстаграм каде има 4 милиони следачи.

Моделот исто така ги забавувала снимките за да го фати погледот на мажите кои зјапале во неа, но ги додала и гласовите за да се пошегува со сето ова.

Британски специјални сили за 9 минути нападнаа танкер со нафта со цел да фатат шверцувани патни

​Се појавија нови детали за драматичната рација на Британските специјални сили вчера на Островот Вајт. 

Седум лица беа приведени по инцидентот на „Нејв Андромеда“, чиј екипаж во неделата наутро објави сигнал за тревога по стравот од обидот за киднапирање од страна на шверцувани патници. Извештаите сугерираат дека Специјалната служба за бродови (СБС) ја презела контролата во рок од девет минути по влегувањето во храбар воздушен и поморски напад. Четири хеликоптери се обиделе да им помогнат на 22-цата членови на екипажот, при што 16 лица се качиле на бродот од воздух, велат извештаите. Една фрегата, за која се веруваше дека е „ХМС Ричмонд“, исто така беше во состојба на готовност. Рацијата беше овластена од министерот за одбрана Бен Валас и министерот за внатрешни работи Прити Пател во неделата вечерта по 10-часовниот тензичен метеж. За екипажот се вели дека е „безбеден и здрав“.

Во неделата, „Тајмс“ објави четири воени хеликоптери - за кои се претпоставува дека два од нив се „Мерлин Мк 4“, „Дива мачка“ и „Чинук“ – тие ги довеле 40-те лица на местото каде се смета дека бил киднапиран бродот „Нејв Андромеда“. Весникот цитираше извор од одбраната, кој рече дека околу 16 членови на Специјалната бродска служба се качиле на бродот со поддршка на воздушни снајперисти и го обезбедиле за девет минути. Новите слики исто така покажуваат дека танкерот со нафта безбедно пристигнува во Саутемптон во понеделникот наутро, неколку часа по редовното време на пристигнување во 10.30 часот. СБС е елитна поморска единица за борба против тероризмот на Кралската морнарица, а најголем дел од eкипажот се Кралски поморски командоси кои, како што се вели „се специјализирани за храбри ненадејни напади“.

Најдено новороденче на аеродром,сите патнички завршиле во притвор (ВИДЕО)

Катарските власти ги информирале властите во Австралија дека извадиле тринаесет патнички од авион на аеродромот во Доха, каде што им бил извршен детален преглед за да се утврди дали се поврзани со оставањето на новороденче на аеродромот.

Австралија денеска ги осуди катарските власти за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето на тоа бебе.

Патничките на „Катар ервејс“ на летот 908 до Сиднеј биле подложени на детален медицински преглед на аеродромот „Хамад“ во Доха и затоа летот бил одложен.

Еден од патниците рекол дека во авионот слушнале порака во која жените биле повикани да го напуштат авионот.

Австралиското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на катарските власти како несоодветни.

"Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш не сум чул за сличен случај во мојот живот. Ние недвосмислено им го пренесовме нашиот став на катарските власти", изјави австралискиот министер за надворешни работи Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекува детален извештај од катарските власти оваа недела, за да донесе одлука за следните чекори, објави АП.

По враќањето во Австралија, патничките од Катар заминале во карантин, каде ја добиле целата неопходна медицинска нега и психијатриска помош.

Новороденчето, патем, сè уште не е идентификувано, но е предадено на надлежните медицински и социјални служби, објавиле властите на аеродромот во Доха.

притисни ентер