Заев: Шансите за тргање на бугарската блокада ќе се зголемат по изборите во двете земји

Сметам дека 50 проценти од шансите за тргање на блокадата ќе се зголемат по изборите. И во Бугарија и во Македонија имаме избори. 

Политичарите се многу специфични, меѓутоа ние продолжуваме со разговорите, имаме теми пред двете страни и постои решение, изјави премиерот Зоран Заев на отворањето на Самитот за Западен Балкан на „Економист", што се одржува хибридно денеска во Скопје.

Решението меѓу Македонија и Бугарија, нагласи Заев, ќе биде силна порака за охрабрување за целиот Западен Балкан, бидејќи се што се случува во Црна Гора, Косово или било каде, има влијание врз сите други.

– Верувам дека постои решение и имам искуство во изнаоѓање многу решенија во изминатите четири години. Лично верувам дека до крајот на оваа година е можно решение, изјави Заев.

Одговарајќи на прашање од регионалниот директор на „Економист" за Европа Џоан Хоеј, за бугарското вето и дали добиле уверувања од ЕУ дека јазикот и историјата нема да бидат предмет на преговори, Заев рече дека по тоа прашање ЕУ ја потврдила важноста и вредноста дека и отворените прашања се билатерални прашања меѓу нас и Бугарија, и имајќи го на ум нашиот идентитет и јазик и ЕУ е многу јасна и прецизна по тоа прашање.

– Секој има право на самоопределување и тоа е многу добро. Се разбира, неодамна видов и многу позитивни сигнали од Бугарија. Тие го разбираат тоа и кога зборуваме едни со други, дури и заедно на прес-конференции тие велат македонски јазик и македонски луѓе, меѓутоа официјално не го признаваат и се надевам дека и тоа ќе го решиме набрзо, изјави Заев.

Разбирам, рече премиерот, зошто политичарите не може да ветат решенија, на пример до крајот на годината, затоа што во меѓувреме се случуваат избори.

– Но, продолжуваме да работиме. Продолжуваме по нашиот пат, прво со пријателство, преку кое што ќе добиеме многу. И двете земји сме членки на НАТО, а минатата година ЕУ донесе одлука за почеток на преговорите. Ние сме горди со се што се случува и покрај тоа што имаше пандемија, изјави Заев.

Франција ги замрзнува цените на гасот до крајот на идната година

Франција ги замрзна цените на гасот за домаќинства до крајот на следната година, изјави францускиот премиер Жан Катекс, појаснувајќи дека ваквата одлука е донесена по наглото зголемување на цените на енергенсите.

Дополнително, домаќинствата со ниски примања во Франција ќе добијат „премија за инфлација” од 100 евра.

„Веруваме дека ова зголемување на цената ќе биде привремено, но не можеме да дозволиме да го попречи економското закрепнување” по пандемијата на коронавирусот“, нагласува Катекс. Тој истакна дека експертите веќе ја предупредиле француската влада дека „цените ќе се намалат побавно отколку што се очекувало.

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.574.184 дози вакцини

Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800 а трета доза примиле 5.666 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Шилегов: Скопје е жртва на ГУП од 2012 на Вмро-Дпмне, да не дозволиме да го носат и во 2022

Според Шилегов, носењето на нов ГУП е вистинска можност градот да се врати онаму каде што треба.

Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод отпочнување на асфалтирањето на булеварот „Киро Глигоров“ во општина Гази Баба, градоначалникот Петре Шилегов истакна дека хаосот во урбанистичкото планирање, урбанистичките девијации и нарушувањето на јавниот простор и животната средина кои се случуваат во Скопје се резултат на генералниот урбанистички план донесен во 2012 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скопје е жртва на генералниот урбанистички план донесен од партијата на госпоѓа Арсовска во 2012 година. Ако дозволиме повторно таа структура да го донесе генералниот урбанистички план, ќе продолжиме да живееме во хаос“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека е важно пред вториот круг на локалните избори да се соочат и концептите за облагородување и хуманизација на јавниот простор, а кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ јасно да го изнесе својот став за целосната дислокација на тешката индустрија од градот Скопје, како што е предвидено во новиот генерален урбанистички план.

Според Шилегов, носењето на нов ГУП е вистинска можност градот да се врати онаму каде што треба.

притисни ентер