Заев: Секое одлагање на одлуката на ЕУ ќе има многу негативни ефекти, како за земјата, така и за регионот

Актуелни и поранешни лидери на земјите од Западен Балкан се едногласни дека Северна Македонија го заслужува почетокот на преговори со ЕУ и дека секоја друга одлука ќе биде многу негативна за регионот, се наведува во владиното соопштение.

„На прашањето за иднината на Балканот, имам позитивен одговор: Балканот се движи во добра насока, а тоа е насоката што води кон ЕУ и НАТО. Балканот е составен дел на Европа и го менува имиџот на буре барут, на место каде се генерираат политички кризи“, рече, меѓу другото Претседателот на Владата Зоран Заев на дебатата на тема „Иднината на евро-атлантските интеграции: Каде оди Западен Балкан“ во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ во Њујорк како дел од настаните на маргините на годинашното 74-то Генерално Собрание на ОН.

„Јас тврдам дека балканските земји напредуваат и работат напорно за да бидат дел од семејството на ЕУ и да ги прифатат и негуваат европските демократски вредности како дел од сопствената политичка култура и демократска традиција“, потенцираше премиерот Заев на дебатата, на која учествуваа повеќемина актуелни и поранешни политички лидери од регионот како министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, поранешните претседатели на Бугарија Росен Плевнелиев и Петар Стојанов, поранешните премиерка и претседател на Хрватска Јадранка Косор и Иво Јосиповиќ и поранешниот претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија, како и други познавачи на регионот.

Како аргументи за неговиот став за напредокот на Западен Балкан во евро-атлантските интеграциски процеси премиерот Заев ги издвои добрите соседски односи и регионалната соработка како заеднички приоритет и стратешка цел на сите земји од регионот, како неопходност за да се остварат амбициите на сите одделно за интеграција во ЕУ и НАТО.

„Одлучивме дека е време да се обединиме околу фактот дека историјата е важен дел од нашите идентитети, но никогаш не може да го заземе местото на нашата иднина. Тоа беше движечка сила за Владата на Северна Македонија да ги реши билатералните спорови со Бугарија во 2017 година и со Грција во 2018 година, без оглед на критиката од опозицијата“, истакна премиерот Заев на дебатата на темата „Иднината на евро-атлантските интеграции: Каде оди Западен Балкан“.

Премиерот Заев нагласи дека Северна Македонија нема отворени проблеми со соседите, и дека тоа ја прави земјата единствена во регионот од таа перспектива.

Заев ги запозна присутните и со Договорот од Преспа, за кој е оценето дека е најдобриот пример за успех на дипломатијата и дијалогот кој стави крај на долготрајниот спор со Грција.

Премиерот Заев за време на дебатата рече дека перспективите на ЕУ и на НАТО се главни стимулации за Владата и народот на земјата, и дека тоа ја направи Владата целосно да се посвети на агендата за реформи и за остварување на стандардите за старт на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

„Испорачавме конкретни резултати во сите области, како што се бараше во заклучокот на Европскиот Совет од јуни 2018 година и сега очекуваме позитивна одлука за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ во октомври 2019 година. Секое одлагање на една ваква одлука ќе има многу негативни ефекти, како за земјата, така и за регионот. Ако ЕУ не испорача, тогаш кредибилитетот на ЕУ и принципот на условеност ќе бидат ставени под знак прашалник“, потенцираше премиерот Заев на дебатата на тема „Иднината на евро-атлантските интеграции на Западен Балкан: Каде оди Западен Балкан“ во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ во Њујорк како дел од настаните на маргините на годинашното 74-то Генерално Собрание на ОН.

Сите учесници на дебатата беа едногласни дека одлагањето на датумот за преговори за Северна Македонија ќе испрати многу негативна порака за целиот регион и дека таквата одлука сериозно ќе ја поткопа мотивацијата за земјите од балканскиот регион да продолжат да го одржуваат и зајакнуваат трендот на одржување на стабилноста, на зајакнување на демократијата и на услови за економски раст и просперитет.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер