Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски?

Додека Македонија се уште е во голема тага и болка поради трагедијата којашто се случи во Кочани пропагандните мегафони на ДПМНЕ шират навреди, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи.

СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски?

Дури и младите девојки и момци кои легитимно бараат правда и ресет на системот се навредувани со погрдни зборови и се жртви на таа препознатлива омраза на дпмевските мегафони.

Прашањето е дали ДПМНЕ се согласува со скандалозните навреди на Миленко Неделковски?

Дали ДПМНЕ ќе се дистанцира од Миленко Неделковски и неговиот говор на омраза?

Во Македонија говорот на омраза е кривично дело казниво со закон, дефинирано во повеќе закони, така што во овој момент надлежните институции наместо да спијат треба да делуваат веднаш.

Впрочем, ваквите напади се дел од системот кој што треба да се промени. Затоа младите се на улица и затоа бараат промена којашто е непходна.

Одговор на прашање, Кристина Костова – потпретседателка

СДСМ

Петрушевски: Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски

Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски, а Филипче да каже како поставил лице конзумент на дрога на партиска функција.

Петрушевски: Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски

Фрапирачки е како Венко Филипче како лекар, хирург, молчи за конзумирањето дрога на Јон Фрчкоски, лице кое тој го постави за партиски функционер.

Дали Венко Филипче како лекар, но и како претседател на СДС го осудува конзумирањето на дрога од страна на Јон Фрчкоски?

Има јавно признание како нивен партиски функционер конзумирал дрога на работно место.

Зошто Венко Филипче молчи и се крие, обидувајќи се да го сокрие овој мега нарко скандал?

Почитувани,

Ги повикуваме надлежните институции да го повикаат на распит Јон Фрчкоски.

Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога кога водел институција како помошник директор во ПУИГ, или е сега кога водел орган во СДС?

Доколку Јон Фрчкоски конзумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ, дали и како тоа влијаело на неговите одлуки како директор?

Институциите треба да го проверат работењето на Јон Фрчкоски како помошник директор, и дали тој додека бил во состојба под психотропни супстанци ја оштетил институцијата?

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Големи поплави во северозападна Босна и Херцеговина

Обилните дождови во текот на ноќта предизвикаа големи поплави во северозападна Босна и Херцеговина

Големи поплави во северозападна Босна и Херцеговина

Обилните врнежи од дожд што паднаа во текот на ноќта во Унско-санскиот кантон во северозападниот дел на Босна и Херцеговина доведоа до значително зголемување на нивото на реките и поплави во некои области, јавија босанските медиуми.

Според податоците на кантоналната управа за цивилна заштита, водостоите во многу градови и општини достигнале или надминале критични точки, поради што се потребни итни мерки за заштита.

Посебно загрижувачка е состојбата во Сански Мост, каде водостојот на реката Сана наеднаш се искачи на 435 сантиметри, додека вчера беше 169 сантиметри. Реката се излеа во повеќе области на градот.

Во областа на градот Цазин, пожарникарите се зафатени со испумпување на водата од поплавените згради.

Во Босанска Крупа се излеаја и реките Крушница, Баштра и Комарица, кои предизвикаа штети на земјоделските површини. Слична е состојбата и во Бужим, каде помали излевања поплавија обработливи површини, но нема докази за оштетувања на станбени објекти.

„Најголеми проблеми има во Сански Мост, каде што излевањето на реката Сана веќе ги загрози индивидуалните домаќинства. Водостојот е зголемен и во Кључ, со што се загрозени голем број земјоделски површини. Од час во час ја следиме состојбата и ги преземаме неопходните мерки“, нагласуваат од кантоналната цивилна заштита.

Сообраќајот во кантонот Унско-сана се одвива отежнато, особено во општината Сански Мост и другите поплавени подрачја, соопшти кантоналната цивилна заштита. Од службата уверуваат дека ќе продолжат да ја следат состојбата на терен и ги повикуваат граѓаните да ги следат официјалните предупредувања и да преземат заштитни мерки доколку состојбата се влоши.

притисни ентер