Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
1Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
3Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
ТехнологијаФејсбук и Инстаграм ги прекршиле регулативите на ЕУ, следи истрагаФејсбук и Инстаграм ќе бидат предмет на истрага за можни прекршувања на регулативите на ЕУ за онлајн содржини поврзани со безбедноста на децата, објави во четвртокот Европската комисија.Од социјалните мрежи на Мета се бара да направат повеќе за борба против нелегалната и штетна содржина на нивните платформи според Законот за дигитални услуги на Европската унија (DSA), кој е во сила од минатата година. Европската комисија објави дека одлучила да отвори детална истрага за Фејсбук и Инстаграм поради загриженоста дека тие не реагирале соодветно на ризиците за децата. Мета поднесе извештај за проценка на ризикот во септември. „Комисијата е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да стимулираат зависни однесувања кај децата, како и да создадат таканаречени „ефекти на зајачка дупка“, се вели во соопштението на Европската комисија. Дополнително, Комисијата е загрижена и за методите за проверка на возраста на корисниците воведени од Мета. Од друга страна, Мета тврди дека веќе има бројни онлајн алатки за заштита на децата. „Сакаме младите луѓе да имаат безбедни онлајн искуства соодветни за возраста“, рече портпаролот на компанијата, истакнувајќи дека тие поминале една деценија работејќи на повеќе од 50 алатки и политики насочени кон заштита на децата. „Ова е предизвик со кој се соочува целата индустрија и со нетрпение очекуваме да ги споделиме деталите за нашата работа со Европската комисија. Мета веќе е под лупа на ЕУ за изборни дезинформации пред важните избори за Европскиот парламент следниот месец. Прекршувањето на „DSA“ може да резултира со казни до 6% од годишниот глобален промет на компанијата. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСофија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 годиниНајплатената телевизиска актерка на светот, колумбиската актерка Софија Вергара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини, а на многумина им е тешко да поверуваат дека има 54 години. Според дел од медиумите сцената од одмор предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели. На фотката атрактивната Софија може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег. Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а обожавателите повторно коментираа за изгледот на актерката, која, дури и во шестата деценија, привлекува внимание. Објавата од плажата следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила, Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како признание за нејзината успешна меѓународна кариера.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСкандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведуваЛегендарниот голман на Германија и Баерн Минхен, Мануел Нојер повторно се разведува, откако ја изневерил својата бремена сопруга Аника со помлада девојка.Еден од најдобрите голмани на сите времиња, 40 годишниот Мануел Нојер повторно се разведува. Неговиот брак со Аника Бицел Нојер не траел долго (нешто повеќе од една година) и двојката се развела само два месеци по раѓањето на нивниот втор син. Според германските медиуми, причината е неверството. Нојер наводно е во врска со 23-годишна жена чие име не е објавено, со која тој поминал време и во Бразил додека се опоравувал од повреда. Двајцата биле видени заедно, а Нојер ја изневерил сопругата додека таа била бремена. Дека ова не се само медиумски шпекулации, покажува објавата на Аника Бизел Нојер на социјалните мрежи на оваа тема. Познатиот голман наводно со месеци е во врска со ова 23-годишната девојка, за која Аника Бизел Нојер се сомневала кога била во последните месеци од бременоста, особено поради неговите чести отсуства. Кратко откако се породила, Мануел Нојер ѝ рекол на сопругата дека сака развод. За Мануел Нојер, ова е втор пропаднат брак. Од 2017 до 2020 година, капитенот на Баерн беше во брак со дресурачката Нина Нојер. Пред тоа, неколку години беше во врска со Катрин Гилх. Нивниот раскин беше објавен кратко по триумфот на Германија на Светското првенство во 2014 година. Првиот брак на Нојер исто така заврши со развод, а неговиот приватен живот повторно стана централна тема во германските медиуми, кои во претходните месеци пишуваа за големите неуспеси на легендата и огромните проблеми со повредите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштетоОпштина Центар изведува градежни работи за санација на кровот во ООУ „Димитар Миладинов“. Со реконструкцијата ќе се реши долгогодишниот проблем со протекување и ќе се подобрат условите за учениците и наставниците.„Го решаваме долгогодишниот проблем со протекување и создаваме подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата. Наш приоритет се училиштата, нивната инфраструктура и безбедноста на учениците и наставниот кадар“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Стариот лимен покрив, кој протекуваше на повеќе места во училниците и холот, е демонтиран, а дотраените делови од кровната конструкција се отстранети. Во тек е поставување нова минерална волна за топлинска изолација и монтажа на пластифициран ребраст лим со опшивки за заштита од ветер и снег. По завршувањето на работите на кровот, за време на зимскиот распуст, ќе се изведат и молерофарбарски работи во внатрешноста на училиштето. Со санацијата ќе се спречи протекувањето и ќе се подобри заштитата на објектот од студ и влага. Ова е дел од активностите на Општина Центар за подобрување на условите во општинските училишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter