Заев очекува датум за почеток на преговорите со ЕУ

Премиерот Заев се надева дека никој во ЕУ, вклучително и францускиот претседател Макрон, нема да остане рамнодушен на решението на спорот со Грција, и следната недела земјава ќе добие датум за почеток на преговорите.

Заев се надева оти Македонија со својот европски манир преку изнаоѓање на решенија и решавање на идентитетски прашања ќе ги разоружа сите кои се уште имаат одредена резерва за проширувањето, пред се поради инсистирањето најпрво ЕУ да се реформира, а дури потоа да почне постапка за прием на нови членки. Аргументот на Заев и поддржувачите на проширувањето е дека двата процеси може паралено да се одвиваат.

- Се надевам и Франција и другите земји ако имаат резерва, ќе го направат преломот заради тоа што реформи се прават и во ЕУ, но можат паралелно да се прават додека Македонија преговара за членство. Поглавјата и преговорите ќе траат со години, а унапредувајќи се како држава Македонија може да помогне и во унапредувањето на Европа паралелно терајќи ги преговарачките процеси. Јас се надевам дека ќе омекне и срцето на претседателот на Франција Макрон, ги разбирам внатрешните дебати кои се отвораат во Франција, но Франција е наш голем пријател. Ако Германија, Франција, Велика Британија, Италија и други земји одат напред, тогаш и Европа ќе се движи напред, а мотивацијата на нашите граѓани ќе биде уште поголема – изјави Заев.

Македонија и Албанија пролетва добија препораки од ЕК, но на 6 дена до одлучувачиот Самит на кој лидертите на земјите членки на Унијата треба да се произнесат за нив, шансите на Тирана драстично се намалени, откако Холандскиот парламент синоќа , го блокирше почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ поради „сериозна загриженост во врска со борбата против корупцијата“. Македонија не беше проблематизирана, што веројатно значи дека холнадскиот премиер Руте ќе даде зелено светло, и покрај резервите што ги има за проширувањето и што застана зад т.н. нон-пејпер, во кој се бараше во јуни да нема одлука за почеток на преговори.

- Дали Македонија ќе добие датум за преговори сега единствено зависи од Франција, која останува најскептична за проширувањето. Конечната одлука ќе ја соопшти лично претседателот Макрон, на самитот в четврток.

Клучната локомотива која го влече процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан, е Германија.. Пред два во Берлин имаше средба меѓу Меркел и Макрон, но дали германската канцеларка успеала да го убеди францускиот претседател останува непознато, барем уште следните неколку дена.

Рома и Лацио заинтересирани за Матип

Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип би можел да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува денеска весникот Кориере дело Спорт.

Според изворот, за услугите на 32-годишниот Камерунец се заинтересирани градските ривали Рома и Лацио.

Матип би можел да ја смени клупската средина ова лето.

Сезонава Матип одигра 14 натпревари за Ливерпул.

Лазаровите каланди одекнаа во Скопје

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар.

За првпат во главниот град на Републиката, а по пример на минатогодишниот празничен настан во Кичево кој беше организиран од хорот „Митрополит Козма Пречистантски", и оваа година во градот Скопје се одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота).

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар, како и во Diamond Mall, каде имаа музички настап со кој беа восхитени сите присутни.

Поворката беше поддржана од сите случајни минувачи кои со нескриена радост и воодушевување и се приклучуваа.

Пеењето на најрадосните каланди, кое се случи не само во Скопје, туку и во Кичево и Реканскиот крај, најсоодветно и во православен дух го најави Празникот над Празниците - Воскресението Христово.

Филипче : Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. 

Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.

„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ - истакна Филипче.

Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.

„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ - рече Филипче.

Со почит,

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

притисни ентер