Филипче : Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. 

Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.

„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ - истакна Филипче.

Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.

„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ - рече Филипче.

Со почит,

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Студентите во Бразил се приклучија на глобалниот протест за Газа

Студентите на Универзитетот во Сао Паоло во Бразил подигнаа камп „Солидарност со Газа“ како одговор на израелските напади и поддршка за Палестинците, јави Анадолија.

Студенти на многу факултети на Универзитетот во Сао Паоло, кој важи за најпрестижниот универзитет во Латинска Америка, протестираа против израелските напади врз Газа.

Студентите подигнаа камп „Солидарност со Газа“ пред ректоратот, повикувајќи ја владата на Бразил да ги прекине дипломатските и економските односи со Израел.

Носејќи палестински знамиња тие извикуваа „Слободна Палестина“ и „Веднаш прекин на огнот“, апелирајќи до сите универзитети во земјата да им се придружат.

Земјата ќе биде погодена од геомагнетна бура предизвикана од ерупции на Сонцето

Земјата денеска и во наредните денови ќе биде погодена од силна геомагнетна бура предизвикана од ерупции на површината на Сонцето што се случија претходните денови, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Силата на оваа бура ќе биде Г4, од која само Г5 е посилна, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитите и радиофреквенциите, пренесува порталот watcher.news.

Ова е прва геомагнетна бура Г4 од 2005 година, а се очекува да почне вечер и да трае до 13 мај.

Џафери: Спроведовме европски избори и придонесовме во европското поведение на земјата

Спроведовме европски избори во слободни, мир, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. 

Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, која што стреми да биде членка на ЕУ, порача на денешната прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери.

Тој на прес-конференцијата на којашто се осврна на работата на Владата во изминатите 100 дена, посочи дека овие избори ќе се спомнуваат по тоа како може и како треба да се работи во интерес на граѓаните и државата.

-Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на претседателските и парламентарни избори. Ова е обврска доверена согласно Уставот и законите и јас како премиер и Владата доследно ја исполнивме.Потврда на моите зборови се и честитиките и изразите на почит на нашите европски партнери. Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт, тогаш тоа се изборите, рече Џафери.

Тој изрази благодарност до институциите и до граѓаните затоа што, како што рече, беа на висина на одговорноста и придонесуваат кон заложбите државата да напредува според европските вредности.

-Токму вака, на дело се работи за големата европска идеја. Очекувам овој процес да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напедокот во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство во динамичен процес до 2030 година, додаде Џафери.

Според Џафери, сега треба и мора да се продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт.

-Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и стабилно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет. Со чист образ, мирна совест и можна почит кон сите граѓани можам да оценам дека тоа што го најавив кога стапив на должност дека ќе работам во интерес на сите граѓани и државата, и го спроведов. Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец е уште еден придонес во демократијата. Продолживме по стратешки евроантлански колосек, реализирав бројни средби на значајни меѓународни настани, додаде Џафери.

Како што рече, ги донеле сите други потребни одлуки кои се значајни за квалитетот на животот на граѓаните, согласно надлежностите од Уставот и законите.

-Овде мислам на решенија кои ги изнајдовме за приоритетните проблеми, и во таа насока, спроведена е ефикасна координација со и помеѓу институциите. Доаѓајќи од Законодавниот дом, имав прилика да се насочам и на прашањата кои што беа иницирани од поодамна, а за кои имав можност да најдам решение во својство на премиер, потенцираше Џафери.

притисни ентер