Заев најави нов пакет мерки за привлекување странски инвестиции

Владата ќе продолжи со политиката на создавање услови за привлекување странски инвестиции, но државната помош за нив ќе зависи од нивните резултати, најави премиерот Зоран Заев на денешната средба со бизнисмените од македонско-германското стопанско здружение.

Утре ќе биде објавен и пакет мерки за поддршка на странските компании. Ќе содржат три главни столба – за поддршка на гринфлд и браунфилд инвстиции, за компании што веќе работат за да продолжат и понатаму да растат, и за рестартирање на компании кои се во стечај и ликвидација.

- Сите оние компании кои се подготвени да испорачаат раст на својот приход во текот на тековната година ќе бидат финансирани и поддржани од државата во текот на наредната година во облик на поврат на одредени средства, но тие средства нема да бидат враќани во дискрециско право на преговарање, туку средствата ќе бидат враќани исклучиво во одредени критериуми и подеднакви за кој било инвеститор дали е гринфилд инвестиција или станува збор за постојни економски капацитети, рече Анѓушев.

Во германските инвестиции во земјава работат повеќе од 15.000 македонски граѓани, а од година в година, посочи директорот на Германската компанија расте и трговската размена помеѓу двете земји.

Странските инвеститори во наредниов период да помогнат во изнаоѓање решенија, апелираше Заев, за мерките да започнат да функционираат до крајот на годината.

„Си-би-ес њуз“: САД планираат одреден број Палестинци од Газа да примат како бегалци

Администрацијата на Бајден планира да прими голем број Палестинци како бегалци, со што може да спаси илјадници од војната во Газа, дознава „Си-би-ес њуз“.

Според официјални документи до кои дошла оваа телевизија, повеќе американски агенции вршеле консултации и планирале различни опции да примат во САД Палестинци од Газа кои имаат блиски роднински врски со американски државјани или оние со легален престој во САД.

Еден од предлозите е ова да се направи во рамките на децениски старата програма на САД за прием на бегалци, а ќе се однесува за оние Палестинци со врски во САД кои успеале да избегаат од Газа и да влезат во соседен Египет, наведува „Си-би-ес њуз“.

Се планира и примање како бегалци на дополнителен број на Палестинци кои се во Газа кои имаат блиски роднини во САД. Плановите треба да се координираат со Египет кој досега одби да прими голем број луѓе од Газа.

Се дознава дека тие кои треба да исполнат повеќе услови, медицински и безбедносни проверки за да се квалификуваат да летаат за САД со статус на бегалци. Со тоа би стекнале разни бенефиции како легален престој, помош за раселени лица како добивање стан и можност да станат американски државјани.

Се смета дека оние што можат да се квалификуваат за оваа програма се очекува да бидат мал број. Сепак тие бе се спасиле од војната на Израел против Хамас, која според локалните здравствени власти досега ги одзеде животите на 34.000 луѓе и расели стотици илјади цивили во Газа. /МИА

Пател: Не сме виделе израелски план за напад на Рафа што би нè загрижил

САД не виделе никаков веродостоен израелски план за офанзива врз градот Рафа што би предизвикало загриженост, изјави синоќа заменик-портпаролот на Белата куќа, Ведант Пател.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека ќе продолжи со операцијата и покрај загриженоста на меѓународната заедница за повеќе од милион Палестинци кои се наоѓаат во најјужниот град Газа.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Херци Халеви ги одобри во понеделникот конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува „Унет њуз“. /MИА

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени

 Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV.

Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу.

„Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата.

Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови./MИА

притисни ентер