Заев на Самитот „Македонија 2025": Обезбедуваме сигурност на инвестициите

„Владеењето на правото и борба против криминалот, корупцијата и митото, како и борбата со сивата економија се едни од нашите главни определби и приоритети. Сето ова ќе обезбеди сигурност на инвестициите.

Сакам да ве уверам и вас и граѓаните дека работењето на економски план е најсериозен приоритет на Владата во структура, секако давајќи сериозно значење пред се на здравствениот аспект на времето во коешто живееме, но и на интегративните процеси со ЕУ", рече претседателот на Владата Зоран Заев на панел сесијата на тема: „Светот во време на криза: Економски реформи и глобални односи во Југоисточна Европа ", каде учествуваше заедно со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД во земјата.

Истовремено, Заев упати честитки за организацијата на годинешниот Самит „Македонија 2025" кој од 1-3 декември 2020 декември, поради околностите предизвикани од пандемијата КОВИД-19, за прв пат се одржува во хибриден формат, фокусирајќи се на светот за време и по глобалната здравствена и економска криза, изразувајќи верба дека како и секоја година и оваа ќе произлезат квалитетни заклучоци, кои понатаму ќе придонесат кон имплементација на важни проекти и активности, со оглед на, како што нагласи премиерот Заев, нагласената потреба од наметнување на современите трендови и фокусирање кон економските реформи кои ќе придонесат кон одржлив и инклузивен економски развој.

Осврнувајќи се на проценката за состојбата во поглед на економските реформи и најголемите достигнувања и можности за успех, како и најголемите предизвици за успех и подобрувањето на владеењето на правото, премиерот Заев подвлече дека Владата посветено работи на ублажување на ефектите од пандемијата наведувајќи ги веќе донесените четири економски пакети за заздравување на економијата, подвлекувајќи дека се работи и на економско планирање за подобрување на состојбите на среден и на долг рок.

„Нашите заложби се на долг рок креирање на стабилен предвидлив деловен амбиент како би можеле да се реализираат предвидените инвестициски проекти, со гаранција на инвестициите како одраз на зголемување на правната сигурност. Во време кога се соочуваме со економска неизвесност и се уште различни сценарија околу кризата, предизвикот за реалниот сектор е голем. Во справувањето со предизвиците, важна е придружната улога на јавниот сектор, која е предуслов за амбиент за развој на претприемништво и иновации", рече премиерот Заев.

Премиерот Заев подвлече дека Владата ја смета Платформата за просперитетна иднина донесена од Македонија 2025 е компактибилна со Владините стратегии, при што се истакнуваат предностите и предизвиците со цел економски прогрес и економска благосостојба на граѓаните во Северна Македонија.

Тој нагласи дека приоритет е човечкиот капитал и образованието. Притоа тој ја спомена Младинската гаранција, преку која се вработија и млади луѓе согласно потребите на пазарот на трудот.

„Преку рекомбинирање на образовниот систем кој што треба да продуцира квалификувана работна сила согласно потребите на пазарот на трудот, веднаш после тоа доаѓаат економските перформанси водењето бизнис во државата и во делот на привлекувањето на странските инвестиции, но и во делот на поддршка на оние капацитетни економски дејности кои што постојат во нашата земја и како области но и како конкретни компании кои што може да генерираат сериозен раст на економијата", нагласи премиерот Заев на денешниот Самит „Македонија 2025", се наведува во соопштението од Владата.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер