Заев: Месецов во земјава треба да пристигнат над 300 илјади вакцини

 Премиерот Зоран Заев очекува во текот на овој месец во земјава да стигнат околу 300 илјади вакцини од различни производители и процесот на масона вакцинација да тече непречено. 

Вели дека во моментов согласно количината на вакцини што ја имаме капацитетите на вакциналните пунктови не се целосно искористени. Кога тоа ќе се случи, рече Заев, има можност, да се отворат и нови и во главниот град и во внатрешноста.

-Очекуваме во текот на април да пристигнат повеќе од 300 илјади вакцини. Очекуваме да стигнат првите вакцини од од 651-та илјада од Европската унија наменети за Западен Балкан, од кои за нашата земја се 100 илјади. Се надевам дека следните денови или следната седмица ќе стигнат 20 – 25 илјади од нив, бидејќи неколку пати напоменуваме дека не зависи тоа од нас туку и од испорачателот, рече Заев.

Тој вели дека се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од Фајзер, со кој, вели, државата има договор за 800 илјади вакцини, како и втората пратка преку Ковакс механизмот која исто така треба да пристигне во тек на овој месец. Според Заев, се очекува да стигнат и 200 илјади кинески вакцини планирани за овој месец, како и значителна количина од Спутник В, за кои има договор за 200 илјади дози.

Како што истакна премиерот, недостигот на вакцини предизикува проблем и во Германија, Америка, Кина Русија и секаде во светот, и поради тоа не може да се бара одговорност за недостиг на вакцини во земјава.

– Имаме работа треба да се води грижа за граѓаните, за болните, да излекуваме повеќе пациенти, да се фокусираме системот да фунционира, да имаме вака позитивни реакции што ги гледаме од ситемот на вакцинација, да го јакнеме, да го засилуваме, заради тоа што едно е јасно – дека со вакцината може да ја победиме пандемијата, а истовремено да бидеме ефикасен сервис на граѓаните. Така што, не ми паѓа на памет да дадам оставка, ниту да барам оставка од најекспонираниот министер во моментот, а тоа е министерот за здравство кој со здравствениот персонал работи максимално посветено за доброто здравје на нашиот народ, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој вели дека кога ќе има поголеми количини на вакцини во земјата, и кога максимално ќе се искористат капацитетите на постојните вакцинални пунктови, може да се отворат нови.

-Во текот на првиот ден во салата „Борис Трајковски" беа вакцинирани 2800 граѓани, потоа околу 3000, таму капацитетот за вакцинирање може да расте до 5-6 илјади. Во самите здравствени институции во моментов капацитетот е соодветен на количините што ги имаме и тој може да се удвои. Кога ќе бидат искористени до максимум постојните капацитети, секако дека стојат на располагање дополнителни можности, спортски сали, организирање на отворно, ќе се направи се за да нема административни пречки за успешна масовна вакцинација, истакна премиерот.

Тој најави дека Владата размислува за формирање два посебни штаба, едниот во кој ќе учествуваат и министрите за надворешни работи, за европски прашања и за одбрана, како и министерот за здравство за поефикасно транспортирање, прифаќање и диструмуција низ земјата за вакцините кои се нарачани. Во вториот, пак, како што рече Заев, ќе бидат вклучени МВР, ЦУК, ДЗС за подобра организација на процесот на вакцинација.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер