Заев: Има време да се донесе Законот за јавно обвинителство

Има време да се донесе Законот за јавно обвинителство, верувам дека до крајот на викендот Владата може да го пушти законот со прифатените забелешки и сугестии на сите пратенички групи.

Парламентот да ги искористи трите дена, понеделник, вторник и среда да го гласаме. Тоа не го нарушува воопшто датумот за одржувањето на изборите, изјави лидерот на СДСМ и доскорешен премиер Зоран Заев.

Посочи дека разговарал со сите пратенички групи и дека се поприлично блиску и останува само да го видат конечното целосно решение за да се согласат.

-Апелирам до сите. Од ВМРО-ДПМНЕ дигнав раце, ама апелирам и до нив. Имаме квалитетно законско решение. Внатре имаме фер и еднаков третман за сите, изјави Заев.

Во однос на барањата на ВМРО-ДПМНЕ за експертско решение за Законот за ЈО, Заев рече дека две години разговараат и нема ниту еден предлог и решение

– Експерти после две години? Па јас две години разговарам со господинот Мицкоски. Едно решение да дадоа, да видев едно решение да дадоа. Експертите им се сите на располагање. Две години поминаа. Па каква е сериозноста и пораката кон граѓаните. Несериозно е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и таквото несериозно однесување ќе се докаже и на изборите, изјави Заев.

Повторно нагласи дека изборите ќе се одржат на 12 април, потсетувајќи дека постои можност само за одложување на распуштањето на Парламентот.

– Парламентот дали ќе се распушти на 12 или на 14, 17 законот тоа го дозволува. Како што речеТалат Џафери важно е да се запазат неопходните рокови на ДИК за спроведување на изборите. Тие се некои 52-3 дена, изјави Заев.

Изрази уверување дека може навремено да се завршат работите, вклучително и гласањето на законот за ЈО, ратификација на НАТО протоколот и Законот за одбрана.

Во однос на промените на изборните единици, рече дека проблемот е што нема аргументи за каков било договор, бидејќи податоците кои ги имаме се од пописот во 2001 година.

– Ако нешто тргнете да менувате мора да има соодветна база. Кој податок да го земеме. Можеме да направиме само непоправлива штета во делот на нерамномерната застапеност во Парламентот. Некаде може да имаме 20 мандати од една изборна единица на излезени 140 илјади гласачи, а некаде 20 мандати на 240 илјади гласачи. Тоа не е еднаква застапеност во Парламентот. Волја има, но неможеме тоа да го аргументираме ниту законски, ниту пред народот, зошто нема податок што може да го земеме што ќе биде основа за промена на границите на изборните единици, изјави Заев.

За точката за распуштање на Парламентот, рече дека треба сите да ја гласаат како што е договорено.

– Ако дотогаш протоколот за НАТО не е изгласан, зарем треба да го распуштиме Парламентот? Не, треба да го изгласаме протоколот за НАТО, треба да го изгласаме Законот за одбрана и треба да го ставиме на гласање Законот за ЈО. Многу важни работи за нашата интеграција за НАТО и ЕУ. Најмалку, да бидеме одговорни пред своите граѓани, ќе направиме обид за гласање на овие закони, изјави Заев. /МИА

Алегри го собори рекордот на Манчини во „Копа Италија“

Масимилијано Алегри стана најтрофејниот тренер во историјата на националниот куп. Јувентус синоќа ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија со 1:0. Средбата се одржа на стадионот „Олимпико“ во Рим. 

Во ова натпреварување Алегри има пет трофеи. Тој ги надмина Роберто Манчини и Свен-Горан Ериксон, кои имаат по четири куп-титули.

Договорот на тренерот со Јувентус е до 2025 година, но неизвесно е дали тој ќе го води тимот и следната сезона.

Јувентус е рекордер во Купот на Италија со 15 трофеи.

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа. 

По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи/имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

Во рамките на настанот, кој беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа (Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28 Април“ – Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА – Скопје), свое обраќање имаше и членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев:

„Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува ’Алкалоид’ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените“, истакна Ицев.

„Алкалоид“ како компанија во чиј фокус се луѓето пред сѐ останува посветена на процесот на континуирана надградба на безбедна и здрава работна средина за сите вработени, изведувачи и посетители. Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, како и примената на највисоките стандарди се вградени во изведувањето на секојдневните операции и активности. Континуираното вложување во унапредување, осовременување и во примена на етаблираните светски практики има цел превенција, намалување и отстранување на ризиците на секое работно место.

АЛКАЛОИД

Актерот за врската со 16 години повозрасната светска ѕвезда Шакира

Актер за врската со Шакира, која е 16 години постара

Актерот Лисјен Лависконт од неодамна е во врска со 16 години постарата светска ммузичка ѕвезда Шакира.

Нивната љубов започна со деловна соработка, откако ѕвездата од серијата „Емили во Париз“ беше поканета во Мајами да го снима нејзиниот спот.

Иако не сакаат да зборуваат за нивната врска, Лисјен проговори за соработката со пејачката, па јасно е дека не може да ја сокрие својата љубов.

"Шакира е една од најневеројатните уметници што некогаш ја украсила планетата. Нејзината посветеност на нејзината работа, нејзините обожаватели и нејзината љубов кон животот се навистина инспиративни. Таа е една од најубавите и највредните луѓе што некогаш сум ги запознал", изјавил актерот за US Weekly.

Станува збор за спотот за песната „Punteria“ кој Шакира го сними со Карди Би, а кога се јави Лисјен ја снимаше хит серијата „Емили во Париз“, па и покрај бројните обврски успеаја да се договорат .

„Во тоа време го снимав „Емили во Париз“, но успеавме да ги одредиме датумите и бев на следниот лет за Мајами“, откри тој и додаде дека набрзо почнале да се забавуваат. Тој и официјално е нејзиниот прв партнер по разводот со фудбалерот Жерар Пике, од кого пејачката се разведе пред две години, наводно поради неговата измама, пренесува „ЦДМ“.

притисни ентер