Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф

Три лица загинаа, а 16 се повредени во синоќешната експлозија на киоск лоциран во станбена зграда во германскиот град Дизелдорф.

Помеѓу повредените двајца се во животна опасност.

Противпожарната служба соопшти дека киоскот целосно изгорел, а пожарот го зафатил и првиот кат од станбената зграда. Пожарот подоцна бил изгаснат, а истрагата за причините за пожарот е во тек, соопшти германската полиција.

Замрзнати цени или ограничени маржи – владата во вторник ќе носи одлука за ограничување на цени

Утре ќе се знае што се ќе влезе во „Есенската кошничка“, министерството за економија ќе ги претстави најавените анализи пред тие во вторник да се најдат на гласање на владина седница. 

Според најавите во неа треба да се најдат зеленчукот, овошјето, месото оризот гравот, пекарските производи и уште неколку неопходни производи во секојдневието за да се амортизираат трошоците на граѓаните, но засега останува непознато на кој начин тоа ќе се направи.

-Според најавите за есенската кошничка се очекува интервенција во околу 100тина производи, но засега останува непознато, дали ќе се ограничи маржата или пак ќе се намалат цените.

Граѓаните велат дека цените на пазарите и во маркетите се се повисоки правејќи го месецот се потежок за протуркување. Според нив, неопходните производи мора да бидат подостапни.

-Треба лебот, пецивата и млечните производи и зеленчуков е многу скап ама не верувам, тешко. Не верувате дека ќе се намали? Не, не, сите бараат повеќе пари. /Сите што се важни за секојдневна прехрана, тоа е најважно за ситуацијава. Сирењето беше 200, 250, сега под 350 денари нема сирење, обично сирење бело./ Месото, млечните производи, можеби зејти, зеленчук, ама не верувам./Има илјадници производи, но генерално ако се земе, тие што се посекојдневни потреби на човекот. Млечни, зеленчукот исто, овошјето. Имате овошје кое по 200% е зголемена цената од кога е земено кај производителот.

Но, дел од нив не очекуваат интервенцијата во цените да направи голема разлика, други пак воопшто да има намалување.

-И да се намалат цените, нема да се подобри стандардот на народот заради тоа што е огромна разликата меѓу примањата и она што е нужен трошок во месецот. Не верувам дека нешто ќе се подобри. А очекувате дека ќе има намалување? Епа малку, за да си направат реклама, ќе направат намалување. /Не верувам дека ќе се намалат, верувам дека ќе се примени законот од 28 септември за ограничена маржа.

Според „Фајнанс Тинк“ ваквите мерки досега се преземале кога стапката на инфлација била над 10%, во услови на нарушување на пазарните механизми, што сега не е случај. Тие велат дека истата се применува во исклучителни ситуации и алатката треба внимателно да се користи.

Од ССМ пак, предводен од Слободан Трендафилов кои постојано се жалат на зголемување на пазарната кошничка сега не сакаа да коментираат. Велат ќе чекале да видат што ќе содржи понудата.

Македонија минатата година ја заврши со инфлација од 9,4%, додека проекциите за до крајот на годинава се дека таа ќе биде на ниво од 3,5%.

Уролозите бараат и вакцината BSG да се стави на позитивната листа на лекови

Вакцината BSG која е имуно терапија за оперираните пациенти со тумор на бешиката да се стави на листата на позитивни лекови, бара Македонското здружение на уролози и пациентите кои имаат ваква состојба. 

Професорот Дохчев објаснува дека оваа вакцина е многу важна кај оперираните пациенти кои имаат рецидив или повторено враќање на тумор на мочниот меур. Вакцината дава локален имунитет и се користи 30 години во начинот на лекување.

„Често се бориме со карциномот на мочен меур со БСГ вакцина, таа и истата вакцина само многу појачана во огромни колични дози и се користат живи бактерии на туберкулоза, но ослабени не патогени да не предизвикаат болест. и од 2.13 Ова се нарекува имуно терапија со цел да се зголемува локланиот имун одговор. “-Проф. Др Сашо Дохчев Клиника за урологија

Уролозите велат дека целиот процес на лекување чини околу две илјади евра и се дава по одредена шема определена од страна на доктор. Уролозите ќе поднесат и писмено барање до министерството за здравство овој лек се стави на позитивна листа.

„ Драго ми е ако министерот има слух и може да не разбере да се стави на позитивна листа зошто овој лек е многу скап. И од 5.29 И овој лек кончено да се стави на позитивна листа навистина предизвикува големи трошоци кај граѓаните“, изјави Дохчев.

Инаку од утре во аптеките ќе се издаваат новите лекови кои беа ставени на позитивната листа на лекови. На новата листа опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, лекови за третман на депресија, како и за деменција.

Во моментов има само еден авион за гаснење пожари, за среќа дождот стави крај на стихијата

Според информациите од Европскиот информациски систем за шумски пожари, годинава изгореле 94.000 хектари шума.

Иако благодарение на дождот, сите пожари во земјава се изгаснати, во случај повторно да се појават државата ќе биде исправена пред нов предизвик.. Двата ер трактори и еден полициски хеликоптер се вон функција, и во моментов во земјава има само еден авион за гаснење.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов пак вели дека дефектите на едниот полициски хеликоптер и ер трактор не се сериозни и се надева дека во најбрз можен рок ќе бидат оспособени за да одговорат на задачите во иднина.

Во следните месеци се очекува да биде направена и најавената реформа на системот преку спојување на ЦУК и ДЗС и државата поподготвена да го дочека следното лето. Покрај формирањето на специјалната единица од 120 врвно подготвени луѓе за справување со пожарите, неопходно ќе биде и инвестирање во воздухпловите кои се покажаа како клучни во гаснењето, смета Ангелов.

Досега во земјава се регистрирани 126 шумски пожари, кои направија штета од невидени размери, а беше регистрирана и една жртва од огнената стихија во Кумановско.

Според информациите од Европскиот информациски систем за шумски пожари, годинава изгореле 94.000 хектари шума, односно 3.6 проценти од вкупната површина на земјата.

притисни ентер