Заев и Касами: Едно општество за сите е вредност што обединува, одиме заедно на голема победа!

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев денеска се обрати на граѓанскиот собир во организација на победничкиот караван на СДСМ и коалицијата „Можеме" во Тетово. 

Заедно со коалициониот партнер, претседателот на БЕСА, Биљал Касами ја претставија визијата и програмата за следниот четиригодишен мандат.

„Од нашето Тетово секогаш сум учел како тоа Тетово и тетовчани знаат да живеат заедно и гласот на едно општество стигал и до Куманово, и до Струга и до мојата родна Струмица и затоа сум горд на вас тетовчани затоа што заедно го градевме концептот едно општество за сите и заедно ќе продолжиме да го градиме.

Се обидоа со нападите некои лузни да ми остават на челото за да го спречат концептот едно општество за сите. Не успееја, напротив ме мотивираа. Се обидоа и преку овие лузни на моето лице и мојата насмевка да ја симнат, но мојата насмевка доаѓа од мојата душа за секој добронамерен наш сограѓанин, за секој што си ја сака нашата земја, за секој што си го почитува соживотот и си го сака својот народ. Ние сме мултиетничка земја и се бориме заедно под ова сонце за добри перспективи на сегашните и идните генерации. И еве успеваме заедно!", порача претседателот на СДСМ на почетокот од своето обраќање пред тетовчани.

Претседателот Заев рече дека на државата и е потребен функционален Парламент и политичка влада предводена од СДСМ и коалицијата „Можеме" за земјата да продолжи на правиот пат. Во тој контекст тој истакна дека предизборната коалиција со БЕСА е чесен пристап кон граѓаните, вредностите за едно општество и подобар живот на граѓаните се заложби на кои заедно ќе работиме.

„Нашата земја стана членка на НАТО, почитувани татковци и мајки. Дали сте мајки Албанки или Македонки или Турчинки со НАТО нема повеќе војна. Со НАТО нема да се грижите повеќе за иднината на вашите деца. Со НАТО има инвестиции, со НАТО има демократија, со НАТО има еднаквост, со НАТО има перспективи. Затоа НАТО е првата наша стратешка цел и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите и на Власите и на Бошњаците и на Ромите и на сите. Успеавме! Затоа нема веќе партии да доаѓаат пред изборите по сто пати, по илјада пати, по милион пати да ви ветуваат НАТО И ЕУ, завршена работа е НАТО и имаме датум за почеток со ЕУ. Успеавме заедно", потенцираше претседателот Заев.

Претседателот на Беса и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ6, Биљал Касами во своето обраќање истакна дека БЕСА е дел од победничката коалиција бидејќи заедно со СДСМ и партиите од коалицијата ги делат истите вредности за развој на концептот едно општество за сите, членството на нашата земја во ЕУ и развој на економија која ќе генерира нови работни места, повисоки плати и повисоки пензии.

„Ќе работиме заедно да ја направиме Македонија членка на ЕУ. За европски живот, за европски инвестиции и европски работни места за нашите граѓани. Да можат нашите граѓани слободно да се движат низ Европа како европски граѓани. Работиме на економски развој за повисоки плати и подобар животен стандард за граѓаните. Иднината ни е тука", порача претседателот на БЕСА и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ6, Биљал Касами, се наведува во партиското соопштение.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер