Заев до Кумановци: Гледајте го утрешниот дуел со Мицкоски зашто ќе биде транспарентен

Договорот со Грција е совршен пример, модел како може да се разграничат идентитетски прашања и неговата имплементација веќе ги носи првите резултати. 

Сите ја чувствуваме рефлексијата. Веќе никој не го оспорува индетитетот на Македонцитте и останатите заедници во државата. Имаме држава признаена од сите, рече премиерот Зоран Заев на денешната трибина во Куманово – „Фер општество-шанса за сите".

Земјава, според Заев, е пример за останатите, како преку договор и дијалог се решаваат крупни, сложени проблеми. Создаде модел со кој се зајакнуваат добрососедските односи. Но, опозицијата не помогна во најкрупните одлуки за државата.

– Оваа дипломатија е заради граѓаните, за дома, за идните генерации, да има живот во нашата земја, а Кумановци знаат колку е важно да бидеме интегрирани во НАТО, да бидеме трајно стабилни и безбедни. Куманово знае и од историјата и од поново време колку е важен мирот. Дел сме од најголемиот безбедносен сојуз на светот, ќе бидеме треиесета земја членка на НАТО, истакна премиерот.

Тој изрази надеж дека до крајот на годинава или во почетокот на наредната државата ќе го добие полноправното членство во НАТО, додавајќи дека земјата е пример во светот, како низ дијалог се гради пријателство и се обезбедуваат перспективи за сегашните и идните генерации.

-Северна Македонија нема отворени прашања со соседите. Пристигнуваат и првите економски резултати шест месеци по потпишувањето на Договорот. Срушени се рекордите на странските инвестиции. Минатата 2018 година ја завршивме со 624, 5 милиони странски инвестиции што е четири пати поголема сума во споредба со 2017-та. Расте и бруто домашниот производ. Очекуваме во првиот квартал од 2019-та да го пробиеме психолошкиот плафон од четири проценти, да имаме раст, потенцира Заев.

Оцени и дека расте индустријата, дека е намалена невработеноста.

-За една година се вработиле 26.600 граѓани. Ова е доказ дека земјата се движи во правилна насока. Ве уверувам дека со тој тренд ќе ги поминеме и петте проценти БДП, ќе растат платите, 2018-та ја завршивме со шест проценти повисока просечна плата, посочи премиерот и ги повика сите да работат заедно, Владата, општината, приватниот сектор, за да се обезбеди поквалитетен живот.

Се осврна и на инфраструктурата, на изградбата на железничката пруга кон Бугарија, како и на проблемот со стечајците, нагласувајќи дека е решен. Од први јули, дополни, стартува моделот за повраток на ДДВ на граѓаните, а годинава има и 47 проценти повеќе пари за бизнисите.

–Државата е финансиска стабилна. Определени се 50 милиони евра за помош на општините. За локални патишта се договорени 70 милиони евра, а Куманово ќе добие значителни средства бидејќи е најголема општина во државата, рече Заев и посочи повеќе локални проекти, за водоснабдување од Липковско кон Куманово, водомери, реконструкција на водоснабдителен систем, канализација во Тромеѓа, пречистителна станица во Липково, засебен систем за водоснабдување на тој регион, изградба на спортски сали, реконструкција на градската спортска сала, отворање градинки,…

Според премиерот, ќе продолжи поддршката за индустриската зона во Куманово за која се веќе одвоени средства што е значајно за инвеститорите.

Вицепремиерот иминистер за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој присуствуваше на трибината рече дека со низа мерки и стратегии државата се бори против криминалот и корупцијата. Преземени се активности, реформи во безбедноста, во следењето на комунакциите, за спречување корупција,..

-Ќе се обезбеди систем кој ќе ги штити и државата и граѓаните. Создадовме сериозна агенда, суштински реформи, систем кој ќе гарантира заштита на човековите права, рече Спасовски.

Заев и Спасовски одговараа на прашања на граѓаните, меѓу кои и за безбедност на децата-жртви на сексуално насилство. Спасовски рече дека ќе се анализира оваа тема, можно е да се формира детски омбудсман и да се развие стратегија со повеќе вклучени институции.

Заев најави воспоставување одржлив здравствен систем.

Во однос на утрешниот ТВ дуел со лидерот на опозицијата Мицкоски, повика Кумановци да го следат зашто, како што рече, ќе биде транспарентен.

Вилаш – Боаш нов претседател на Порто

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Поранешниот фудбалски тренер Андре Вилаш-Боаш е избран денеска за претседател на Порто за периодот 2024-2028 година, со што го симна од тронот Хорхе Нуно Пинто да Коста, кој ја извршуваше функцијата 42 години, објави во неделата славниот португалски клуб.

„Андре Вилаш-Боаш е новиот претседател на ФК Порто“, објави клубот во соопштението за медиуми лиферувано во раните утрински часови.

Вилаш – Боаш (46), кој беше тренер на Порто, Челзи, Зенит Санкт Петербург и Олимпик Марсеј, на изборното собрание освои 21.489 гласови, наспроти 5.224 за неговиот 86-годишен противник кој беше 15 последователни мандати беше на чело на португалскиот гигант.

Како тренер, Вилаш-Боаш му донесе на Порто четири трофеи во сезоната 2010/2011, освојувајќи ја Лига Европа, националното првенство, Купот на Португалија и Лига купот.

На пропалестински протести уапсени кандидатка за претседател на САД

Кандидатката за претседател на САД од редовите на Зелената партија Џил Стајн уапсена е на пропалестински демонстрации на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис. 

Портпаролот на нејзината кампања рече дека не се запознаени со обвиненијата.

Стајн беше на демонстрациите за да ги поддржи студентите кои поставија камп и кои порачаа дека нема да се разотидат се додека Универзитетот Вашингтон не се одвои од Боинг. Меѓу нивните барања се и бојкотирање на израелските академски институции.

Во видеото снимено пред нејзиното апсење и објавено на мрежата Икс, кандидатката на Партијата на Зелените рече дека ги поддржува студентите и нивните уставни права на слобода на говор.

„Ќе стоиме овде во линија со студентите кои се залагаат за демократија, за човекови права и се залагаат за ставање крај на геноцидот“, рече Стајн.

Дејвид Швајб, директорот за комуникации на Џил Стајн во претседателската трка, рече дека таа се обидела да ја деескалира ситуацијата меѓу демонстрантите и полицијата во саботата попладне по локално време, но дека полицијата „не реагирала“ и веднаш потоа почнала да апси.

„Како што рече д-р Стајн, срамно е универзитетските администрации да одобруваат употреба на сила против сопствените студенти кои едноставно повикуваат на мир, човекови права и крај на геноцидот од кој американскиот народ се згрозува“, рече Шваб.

Уапсени се и шефот на кампањата на Стајн и неговиот заменик.

Повеќе од 80 лица се уапсени на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис во контекст на тековните пропалестински демонстрации, се вели во соопштението на Универзитетот.

Групата демонстранти, во која имаше студенти, вработени и поединци кои не се поврзани со универзитетот, маршираа на повеќе локации во кампусот каде што „подигнаа шатори и покажаа дека немаат намера да заминат“, соопшти универзитетот.

Велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2024“

Во општина Илинден и годинава се одржува велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2024“ епизода II, која е во организација на Здружението МТБ Илинден, а со поддршка на Општина Илинден.

На настанот учествуваат над 150 велосипедисти од целава земја, а стартната позиција беше од пред спортската сала Гоце Делчев во општина Илинден, каде присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој им посака успешно возење.

Велосипедската тура се вози по асфалтен и земјен пат низ пределот на општина Илинден во должина од околу 45 километри. Турата се вози групно со попатни паузи, кај местото наречено Борчиња, манастирот во Дељадровци, манастирот во Бучинци, крстот во Бучинци, манастир кај Ајватовци и крајната цел спортската сала Гоце Делчев. Оваа велосипедска тура се класифицира како средно тешка и потребна е претходна физичка подготвеност за да се стигне до целта.

Покрај велосипедската тура ќе се одржи и едукативна работилница за деца поддржана од Вело училишта наменета за децата од основните училишта.

Исто така, настанот е од хуманитарен карактер, со цел поддршка во собирањето средства за лекувањето на Алексеј Анастасовски.

-Со оглед на тоа што овој настан се одржува втора година по ред и има голем интерес кај велосипедистите, поддршката ќе ја има и понатаму од Општина Илинден, велат општинските власти.

притисни ентер