Задача на новинарите е да го промовираат македонскиот јазик, да се покаже свесен елемент - Канал 5

Задача на новинарите е да го промовираат македонскиот јазик, да се покаже свесен елемент

Задача на новинарите е да го промовираат македонскиот јазик, да се покаже свесен елемент во јазичната политика.

Задача на новинарите е да го промовираат македонскиот јазик, да се покаже свесен елемент

Јазичниот израз во медиумите е исклучително специфичен. Се придржува и ја промовира нормата од една страна, а сепак е отворен за нови решенија. Јазикот во медиумите е важен затоа што влијае и на развојот на стандардниот македонски јазик, и затоа е потребно да покажеме свесен елемент во јазичната политика. Да се обидеме да го зачуваме нашиот јазик и соодветно да реагираме на влијанијата кои доаѓаат како резултат на глобализацијата.

Ова беа дел од пораките упатени денеска на 29. Меѓународен научен собир на тема „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“ на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, што се одржува во рамки на манифестацијата „Денови на Благоја Корубин“.

Директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова-Грујовска пред почетокот на настанот изјави дека јазикот во медиумите е многу важен, затоа што токму преку медиумите се гледа развојот на македонскиот јазик.

- Задача на новинарите всушност е да го промовираат македонскиот јазик во медиумите, поточно стандардниот македонски јазик. Меѓутоа, секаде во општеството се случува една демократија, па така демократијата постои и во јазикот. Токму од тие причини, ни се случуваат промени. Некои промени, како на пример оние на лексички план што се, ќе поминат. Ќе се користат година две, потоа ќе се заборават, па ќе дојдат нови зборови, подвлече Јованова-Грујовска.

Меѓутоа, како што посочи, проблемот се јавува доколку дојде до системски промени во рамки на зборо-образованието, односно доколку се јават промени во морфологијата или синтаксата.

- Затоа сме ние тука од Институтот за македонски јазик, да потсетуваме и да потенцираме дека мора да се внимава на чистотата на македонскиот јазик. Едноставно, јазикот во медиумите, кој денес веќе постои и во електронската форма, исклучително е важен и влијае на развојот на стандардниот македонски јазик, додаде Јованова-Грујовска.

Во однос на тоа каде точно се јавуваат недостатоци во поглед на користењето на македонскиот јазик во медиумите, Јованова-Грујовска одговори дека нејзината најголема забелешка е што не постојат училишта за правилен изговор, па така кај голем дел од новинарите се забележува нивниот дијалект од тој крај од каде што доаѓаат, односно недоволното познавање на вокалниот и воопшто фонетскиот систем на македонскиот јазик.

- Најголемата моја забелешка е што повеќе не постојат училишта за правилен изговор. Често пати се случува, во зависност од тоа од кој крај на Македонија доаѓа новинарот, веднаш да се почувствува неговиот дијалект. Не само ние како професори, туку и сите оние кои го следат медиумот, веднаш ќе забележат дека новинарот не го научил вокалниот и воопшто фонетскиот систем на македонскиот јазик. Тука се јавува проблемот, во изборот на дијалектна лексика. Некои во себе си го носат товарот од дијалектната лексика, рече Јованова-Грујовска.

Исто така, како што подвлече, често се забележува и употреба на жаргонска и странска лексика, најмногу од страна на младите во младинските емисии, притоа потенцирајќи дека медиумот не е место за употреба на вакви изрази.

- Младите многу сакаат да бидат интересни и во нивните младински емисии употребуваат жаргони и многу често употребуваат странска лексика, меѓутоа медиумот не е за тоа. Медиумот е всушност да покажеме дека ние сме исполнителни и квалитетни во се, додаде Јованова-Грујовска.

Како што посочи, квалитетен новинар ќе знае да го употреби правилно стандардниот македонски јазик

Претседателката на Меѓународниот организациски одбор, Катица Топлиска-Евроска одговорајќи на новинарско прашање како да се надминат овие предизвици кои се случуваат во медиумскиот простор, потенцираше дека е најважно да покажеме свесен елемент во јазичната политика, да влијаеме колку што можеме посвесно на јазичните промени, да го зачуваме нашиот јазик и соодветно да реагираме на влијанијата кои се јавуваат како резултат на глобализацијата, која што е општ светски процес.

- Најважно е да покажеме свесен елемент во јазичната политика, да влијаеме колку што можеме свесно на јазичните промени, да го зачуваме нашиот јазик и соодветно да реагираме на влијанијата кои се јавуваат како резултат на глобализацијата, која што е општ светски процес, па во тие рамки и во македонскиот јазик, рече Топлиска-Евроска. Таа е на ставот дека најчести грешки се јавуваат во медиумите се употребување на англицизмите, турцизмите или србизмите.

Топлиска-Евроска потсети дека денешната тема е еден вид на надоврзување на една претходна традиција во развојна смисла, на децениска јазично-културна динамика во Македонија.

-Поранешните научни истражувања и денес остануваат актуелни. Далечната 1981 година беше одржана научна конференција со наслов „Јазикот во јавната комуникација“ со истакната имиња како Блаже Конески, Оливера Јашар, Благоја Корубин, потоа во 1999 година во рамките на „Денови на Благоја Корубин“ повторно имавме научен собир со тема „Јазикот во јавното општење“. Тоа се тие два континиума во тој процес на следење на медиумската писменост. И следствено на нив се случува и третиот собир што се организира денеска и утре „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“. Собирот е важен затоа што оваа година се навршуваат 30 години од смртта на Благоја Корубин, додаде Топлиска-Евроска.

Собирот ќе се одржи и во текот на утрешниот ден во просториите на Институтот за македонски јазик во Скопје. Ннајавено е учество на над 40 учесници, со 35 наслови на реферати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер